Цело време пробвам да извам конструктивна дебата со тебе, упорно ме напаѓаш и не ми е јасно зошто. Али ко неќиш - не мораш да збораш. Дур напаѓаш ќе те игнорирам. Кога ќе решиш да враќаш соодветно - тагни ме. Да можев, ќе ти докажев дека не сум дел од никаква организација сем повремено кога имам пари шо оставам дур купвам храна од пет шоп пошто има местенце да остајш пари за храните шо ти зборав во претходните мислења. Ама и да бев дел од организација, шо ќе сменеше? Не сум градоначалник па да сменеше нешто. @LadyF95
Секогаш ранам и секогаш ќе ранам. Во претходниот живот сум била сигурно ветеринар и нонстоп сум била опкружена со животни
Да. Не постојано, туку ако ми текне кога го шетам моето да земам кучешка храна. Често пати, кога одам во продавница, ако сретнам улично куче купувам паштети или виршли и му давам. Исправно е. Сум нахранила живо суштество. Ги хранам затоа што се препуштени сами на себе. Во мое маало се толку питоми, што мислам дека и птица да им влета в уста ќе ја плукнат. @LadyF95 ако сираче, бездомник, нападне некој, сите други родители се криви?
Хранам кога можам, секогаш кога имам храна при рака и има животинче во близина. По ресторани кога сме и има животни им давам од својата порција. Душички се, како да не им дадеш. Уличните кај нас обично ги храни еден човек што исто така има многу животни дома прибрано, и простиов народ го гледа како ненормален, како чудак. Во него е проблемот што ги хранел па се собирале, а не во оние што секоја недела фрлаат кучиња оти ги мрзи дома да си ја стерилизираат кучката. Е ова се случува кога "љубители" ќе земат да чуваат животни. Животните апсолутно никогаш не се криви, ни тогаш кога напаѓаат. Напаѓаат од причини што се гладни, малтретирани. За кои причини пак човекот е крив. Да, трајно решение е стерилизација, ама обичниот човек сам по себе не можи тоа да го реши. Како што кажа @theowndemon тој проблем е на ниво на општина/држава. А кај нас знаеме колку општините и државата се замараат за уличните животни. Дотогаш единствено преостанува да ги храниме, бидејќи толку и можиме да направиме. Не се криви душичките што се на улица и што се обидуваат да преживеат. Вистинските љубители најмногу сакаат да нема животни на улица. Сѐ додека проблемот се гледа во животните на улица, бидејќи на многумина им смета самиот факт што постојат, а не во луѓето што придонесуваат за тоа преку напуштање вака ќе ни биди.
Коски и месо што ни остануваат, ги фрлам низ тараса во тревникот, секогаш кучиња ги јадат. Ако сум излезена и начекам животинче, ако има продавница во близина, обавезно купувам нешто да му дадам... Ако нема, им зборувам... не дека ќе ме разберат ама: Немам ништо за јадење. Извини
Да, обично купувам специјално кучешка храна за едни бездомни кученца што ми се многу мили Ако имам храна во мене, давам ако налетам на бездомни.
Да, остатоците од ручек ги оставаме надвор да ги собере некое маче или куче. Има на работа едно кутре што стално ме чека пред канцеларија пошто му фрлам од доручекот. Иако се гледа дека е така нахрането , не можам да одолеам ко ќе го видам со тие очињата. Многу почесто, барем низ Скопјево, имам приметено дека повеќе сакаат внимание и галење. Не сфаќам како имаат душа некои луѓе да земат милениче и после да го фрлат на улица ко партал да е.
Ретко. Прво....ретко носам храна со мене. Второ....после тоа нема да можам од врат да ги тргнам. Уличните кучиња кај мене во населба се доста агресивни. Имам комшики кои секојдневно хранат кучиња и тоа е проблем, затоа што ги собираат на тревникот кај што играат мали деца. И кучињата се научија цело време таму да седат.
Хранам се што е надвор, исто и додека и давам на моите давам и на нив. Посебно колку мачки ми имаат дојдено и останато кај мене, дури и се омачуваат и сите остануваат. Ама после тоа одат женките на стерилизација... Ги сакам премногу, што дури имав и расправија до тепачка со повеќе кои сакаат да им наштетат, ама си го добија. За животните не ми чуе мозокот многу и одма палам...
На улица не сум хранела бидејќи не носам храна со мене, а и некако ми е ризично да не ми се соберат повеќе па да ме нападнат. Дома ми поминуваат мачиња и кучиња и никогаш не си отишле гладни.Со мајка ми се што сме имале сме им давале.
Да, храниме улични мачки и кучиња од причина што сакам ете барем нешто да направам за нив. И јас и мајка ми имаме таква навика и на лето ладна вода им носиме. Ова најчесто за маалските зошто ваму кај што живеам има многу улични и постојано некои нови доаѓаат.
Да го хранам уличните кучиња и мачки секогаш кога имам можност или си носам со мене или идам до продавница да земам нешто. Животните се единствените кои никогаш нема да ти го завртат грбот за разлика од човекот затоа толку ги сакам.
Остатоците од храна обично ги истураме покрај контејнер, честопати мачки кучиња гледам таму јадат, Зимно време, особено кога се минус температиури или снег обавезно семиња за птици низ двор.
Хранам улични животни. Најчесто им купувам по некои виршли во продавница што ми е најблиску, а ако ми се близу до куќата тогаш трчам до дома до фрижидер и се што сметам дека јадат им давам. Во карантинот излегував со дечко ми кога се шетаа миленици им истурав конзерви од Стокомак, зошто сувата храна кучињава во маало не ја распознаваат за храна и не ја јадат. Ама па мачките ја јадат. Повеќе хранам кучиња бидејќи мачките се поснаодливи, можат и да уловат и да најдат храна, додека кучињата се посмотанковци. Луѓето што чуваат домашни животни и луѓето кои се поемпатични (јас сум во втората група, за жал не чувам домашно милениче) се тие кои се сожалуваат и ги хранат најчесто животните и мислам дека е правилно. Дури мислам и дека е до менталниот склоп т.е во какво општество живееме. Ние ја немаме таа култура за грижа за улични животни и често сме осудувани од општеството како "ненормални", "изветреани" и сл. Дури и од домашните слушам дека парите што ги трошам за хранана учични животни можам со истите пари да купам храна за дома и според нив тоа не е правилно иако ние не трпиме за леб, а они се гладни и оставени на милост и немилост. Не верувам во Господ ама некаде имам прочитано нешто вака слично и ми останало во глава: Некој човек прашал зошто светот е толку нефер да има богати луѓе што не знаат каде да ги потрошат парите и сиромашни луѓе кои трпат за леб? Друг човек му одговорил дека Господ ги создал богатите за да им помагаат на сиромашните и така ќе има баланс во светот. Така е и со луѓето и уличните животни. И со бездомните луѓе. Не си помагаме еден со друг, расипани сме, себични и лоши. Затоа нема баланс. Затоа луѓе и животни умираат од глад. Секој по малку да помогне и овој глобален проблем со гладот ќе се намали.
@LadyF95 стварно не ти ја разбирам логиката те молам да ми објасниш. Како е лошо да раниш улични животни? Како шивотно што е рането и одгледувано има поголема шанса да нападни од гладно и шуткано по улици? И каква врска има какво куче чуват сите? Зошто помошта за некое друго живо суштество ја гледаш како лошо нешто? И како последно прашање дали ако беа тоа луѓе наместо кучина и мачки тоа би го гледала на ист налчин или тогаш ќе е поинаку?
Зарем не сте виделе и слушнале за случаи каде што и хрането животно (куче) напаѓа? Епа ги има. И' се нафрливте на @LadyF95 ама има и такви случаи. Дури и вдомени кучиња се случило да го нападнат сопственикот. За причините, не можам ништо посебно да кажам. Не знам. Се појавила некава агресија и нападнале. Ама знам дека се случува и тоа. А дали ги хранам уличните животни, кога како. Оти некогаш кучиња што сум ги нахранила постојано идат по мене, а не сакам да идат по мене. А мачки неколку имам и прибрано. Но за куче немам услови. А сакам животни, ама не можам секогаш и на сите да им помагам, општината е таа што треба да го среди проблемот со уличните животни.
Нормално дека постојат. Ама бројот на кучиња напаѓачи ќе е значително поголем ако се гладни. То е се шо збораме тука. Ако некое куче и покрај то е агресивно се пријавува во надлежни служби пред да нападни кога ќе се увиди дека е опасност. Лејди доби толку контра прво ради односот, второ ароганцијата и надменоста. Многу мислења се бришани во двете теми во кои се збораше. Никој не оспори дека има кучиња кои напаѓаат, впрочем треба да се пријавува за да се реши проблемот со агресивни кучиња. Зошто мислите дека ние кои сакаме животни сме сосем океј со нешто шо ни влијае на безбедноста? Пак ќе речам, јас од пред се себични причини хранам пси на зима. За моја зголемена безбедност. Секогаш има ризик во нив да се најди некое агресивно куче, ама и гладно куче искажва агресија и бројот тука ќе скокни одма на агресивни пси. Следно, агресија кај тие кои не се природно агресивни, а се јавува, е најчесто на тепани кучиња или изживувани улични кучиња. За то сме сами криви. Исто како шо сме сами криви за кучињата на улица. Оти некој ги фрлил непосакуваните бебиња или трудната кучка ( пред години земав трудна кучка, се окучи кај мене и седеше дур на сите не им најдовме дом. Ако ете не беше во близина таа кучка ќе раѓаше на улица и нејзините 5 кучиња ќе се плодеа. И кој е крив за то? Сопственикот кој ја фрли кучката кога затрудна. Покасно се дозна дека беше фрлена, пред то се мислевме улична). Поентата мене ми е, не е наша должност да раниме и сфаќам некој кој не го прави тоа и према мене и то е нешто шо припаѓа на општината. Ама за да се реши проблемот со уличните кучиња мора поќе притисок да даваме на самите општини да дејствуваат на законите кои ги носат ( стерилизација и кастрација на улични кучиња како и контрола на тие кои се чуваат дома за да не се фрлаат). Следно е на организациите да ги ранат до крајот на нивниот природен живот ама после то нема да има нови генерации на бездомни кучиња. Бавен процес е ама траен.