И уличните кучиња и мачки се живи суштества кои имаат свои потреби. Жалосно е покрај толку храна некое животинче да гладува. Секогаш кога имам прилика ги хранам. Кога нема служби да се грижат за нив тогаш не гледам ништо лошо во тоа.
Не негираме дека постојат кучиња кои напаѓаат без провокација, но се многу ретки. Најчесто уличните кучиња што напаѓаат и покрај ранење се тепани и малтретирани од страна на други луѓе, а домашните кучиња кои напаѓаат се поради неправилно чување и буквално домашно насилство. Има многу луѓе кои имаат животни и не ги хранат доволно, ги тепаат и сл, имам безброј примери од такви луѓе ама нема да навлегувам во тоа. Исто така мора да се земи во предвид ЗОШТО кучето нападнало, домашни кучиња напаѓаат други луѓе кога се испровоцирани, најдобар начин да се објаснам е со пример, кога го шетав кучето мое дојде едно детенце и сакаше да го погали, го погали малце и почна да пробва да го мани со тупаница. Јас претпоставив дека детето не е со намера да го повреди кучето и мирно му реков, немој така ќе го повредиш. Детето продолжи да го гали и дури да го видам почна да пробва да го згазни кучето мое, земај во предвид ова е куче со газда и детево го прави ова пред газдата на кучето, а баба му на детето седи и се смешка. Кога стигна до тоа јас му реков, пак смирено ако се однесува така да си замини и бабата почна да ми соли памет како тоа било океј да се однесува детето така и детето пак почна да пробва да го стапни кучето. И пак ќе потенцирам ова се се случи пред мене, пред самиот газда на кучето. Е сега моето кученце е многу мирољубиво и не направи ништо едноставно се криеше под нозете мои, ама да беше некое кое не е учено од мало да е мирно, дефинитивно ќе нападнеше и ако ова го прај пред самите газди и добива поддршка од баба му замислете како се однесува со уличните. И после кучето ќе го криват сите и тоа ќе биде казнето за катастрофалното однесување на луѓето. Со ова не сакам да кажам дека природно агресивни кучиња нема, во секој случај има, ама исто како кај луѓето во повеќето случаи агресивноста е створена, не вродена.
Хранењето на уличните животни не го спречува проблемот со улични животни ,тие си се размножуваат и бројот се зголемува. Постојат многу опасни кучиња кои напаѓаат луѓе без причина , ми се случи да возам точак и куче да трча и лае по мене и проба да ме гризне морав да го удрам за да се откачи . Ме има каснато куче ама не беше улично затоа што беше до синџир . И мачките насекаде ги има и тоа оставени од "љубители на животни" и така се размножуваат и се ствара уште поголем проблем со тие мачки и кучиња. Не би хранела затоа што тоа нема да го реши проблемот и затоа што не сакам да ми се собираат улични животни по мене . Не верувам дека општината ќе го реши проблемот . Треба да се кастрираат сите улични животни за да прекинат да се размножуваат но тоа нема да се Деси.
И пошто сите сме свесни дека тоа нема да се деси треба да ги оставеме да изгладнат до смрт, а не да ги храниме оти баш така ќе се реши проблемот. И државата што не превзема ништо за бездомните луѓе исто така треба да не им се дава ништо туку да се остават да изгладнат до смрт, да се истребат оти се штета за општеството. И сега ќе речеш човек и животно не е исто, ама емпатија е емпатија или ја имаш или ја немаш.
Тие бездомни улични животни се оставени и фрлени на улица од "љубителите на животни" немаат пари за кастрација и кога ќе им се породи животното ајт у вреќа и фрли на улица.
Хранењето на уличните животни не влијае врз нивното размножување по улиците. Размножувањето Е проблем, кој дефинитивно треба да се реши, меѓутоа тоа е сосема друга тема, која нема допирна точка со оваа. Сметам дека секој кој може и сака треба да им остава храна. Ако ние не им помогнеме, тогаш кој? Разбирам дека не сите луѓе имаат иста емпатија кон животните, посебно оние кои никогаш не чувале. Ама би било многу подобро кога би оставале храна барем сите кои тврдат дека им е жал а сепак не превземаат ништо околу тоа.
Хранам. Кај што живеам моментално нема улични кучиња ама има куп мачки. Сите ми висат пред врата, дома не можам да влезам од нив. Кај моите храниме и кучиња и мачки, таму ептен сложно си живеат, не се караат . И на работа исто повеќе мачки има ама се наоѓа и по некое кученце. Обично ги објавувам за вдомување ама ретко успева.
Хранам и поготово летно време им купувам и водичка . Собирам храна што ќе остане од ручек и им носам. Жал ми е да фрлам храна кога може со истата да се помогне и да се нахрани куче или маче. Не се они виновни што немат свој дом, ние луѓето сме.