Сега читам назад во ком . јас не го истиснав воздухот од кесата на Лансинох. Имам 4,5 кесички замрзнато, дали би се расипало, да го фрлам ???
Мајки ,бебињата не ми цицаат веќе...и млекото ми го потснема. Молзам со апаратче едвај по 15 мл едвај на 5 часа од двете гради , молзам со рака по толку од една града на два часа, ама боли бе ми се повраќа кога ќедојде време за молзење. Грешам нешто?
Многу е на 5 часа, мораш на 3 да стимулираш. Можеби им треба на градите да се навикнат на пумпа. Јас сум од старт на измолзување, пиј Лактил и Лактамикс чај, јас сум постојано со тоа 6 месеци веќе. Каква пумпа имаш?
Не сакам да звучам лошо, ама ти ептен самоуверен пост имаше пред некое време во темата Доење наспроти формула, дури и ги нападна мајките што се откажале од доење.
Пробај да се молзиш почесто,пиј многу течности,топли супи,кромид,бадеми ќе ти надојде млеко. И зависи и пумпата дали ти е погодена на градите.
А стање како е со пелени? Расположение? Да не ги има скок фатено што не цицаат? Пијај боза, пиво безалкохолно, јаболка, кромид
Чат пат ќе потегнат два пати и вриштат се вртат Сега на 2 молзам пошто до скоро едното цицаше па домолзував за другото ама и ова кога прекина на два часа молзам . Претходните месеци кога стимулирав повеќе млеко со пумпа молзев и вадев и по 90 мл без проблем од една града . Сега не знам што се случува со истата пумпа нејќе. Од али експрес ми е пумпата. Па јас не се откжувам туку барам начин како да не ме боли рачното молзење дека повеќе млеко вадам така а иначе молзам на два часа и на секое јадење нудам града . Не знам кај гледаш проблем . Децата се во скок и се ги интересира наоколу плус и имав стрес или ти се кара денес? Нема мајка што лесно го поминала доеето , скоро секаде имало период кога било тешко ама битно е да не се откажуваме нели? Иначе познавам само една мајка од цела група на фејсбук што ексклузивно дои близнаци , да не се правиме многу важни ок? Јас им давам молзено и плус ад ама скокот ќе да е се вртат на сите страни . Едниот се откажа на неколку дена па па се врати и сега два дена пак ништо а другиот малку повеќе не цица. Со рачно измолзување да не има некоја финта за да не стискам до болка за 20 мл?
Тој да лежи јас врз него? Така од страна правам па се вртам ко балерина околу него едвај се држам на раце а тој де лево де десно со главата. Во темница исто не бидува вриштат штом им допрам цице. Наеднаш сменија
Мајки на женскава моја поинтересно и е кога ќе ја земам да ја дојам да си спие отколку да цица. Ќе потрга малку па спие 10 минути па ајде штипкај ја гадицкај ја да се подразбуди за пак да фати. Инаку 3 недели сме стари.Дополнителен проблем ни е е што користиме силиконска брадавка па пола таа пиее пола на мене низ брадавката течи и цела ме прави лом. Кога ми мереа подој на здраво бебе исцица 100 мл а дома со ел пумпа кога мерев едвај 30 мл молза и сега нз кому да верувам. Дали бебе има поголен капацитет да исцица или лошо измерија сестрите. Затоа почнав да давам и дохрана ама па вчера ме искара педијатарката дека ми стави 500 г во една недела да го намалам или исфрлам ад. Но кога бевме само на доење па малку ми напредуваше и затоа вчера вонредно ја носев на мерење. Појма немам колку ми пие кога цица и по сат време ја чувам и молам за да пие.
Не давај ад млеко, сестрите супер си измериле. Колку што може бебе да исцица, пумпа не вади. Јас две доев, едното година, другото година и пол, па никогаш не можев да измолзам повеќе од 10 мл. На почетокот само спијат, па ќе ја будиш. И да, 500 г за една недела е многу, некои толку качуваат за месец дена.
Тоа да се измери тешко, ако била со пеленка може се измочала. Со пумпа не ти е меродавно затоа што пумпата не може да извади колку што бебе може да исцица, а и пумпањето бара време да се совлада, јас ти препорачувам пумпата да ја баталиш мајка ми е радиолог и ми рече дека таа механичка стимулација не е добра за градите, најубаво е рачно ама ако имаш тегоби. Штом напредува не давај ад ќе ти се намали лактацијата, уживајте во доењето, на таа возраст сите заспиваат ќе ја будиш, нека цица често па ќе се мерите по 1 недела. Пробувај и да ти фати без силиконска. Немам искуство со силиконски @Chanell* мислам успеа да ги батали. Показател за успешно доење ти се влажните пелени и напредокот на беба.