Јас имам на нук околу 300 ден ги купив и супер ми ги прифати малата. Уште од болница се навикна со таква и за дома продолжив со нив.
@Milaаа991 Јас доев со силиконска до месец и пол мислам, успеав да ја тргнам постепено при ноќните подои. Тогаш кога беше цврсто заспана и се подразбудуше едвај за да цица, полека ќе и ја наместев брадавицата во уста и цицаше. За многу кратко време успеа да научи без силикон, едната брадавица ми остана рамна т.е не успеа да ја извлечи ама успешно се доиме и така, веќе 4 месеци. Тешко ми беше да, немав осет колку влече и ми беше криво кога ќе видев дека тече млеко од силиконот, а не го испила. АД давав редовно и јас до 3м ми се чини, или една недела пред 3 да наполни, и иако напредуваше повеќе со него, решив да и го прекратам. Сега качува релативно малку, по 10гр на ден, но не сака ни да смисли шише,ниту цуцла, пробав да и подметнам и со лажичка АД затоа што бев исплашена ради килажата, ама бебе неќе и неќе.Плаче само што ќе го осети вкусот. И подобро, затоа што се изнамачив за да ја тргнам дохраната, мразев што ја давав, сега битно е што има 7-8 некогаш и повеќе мокри пелени, и е весела, не плаче, значи верувам не е гладна. Мали сте сеуште, но подобро сега потруди се да ја навикнеш без дохрана, пошто верувам дека кога ќе потпорасне потешко ќе ти биде. Барем мене ми беше. Нормално е што заспива дур цица, нема сила сеуште, ќе ја будиш, галиш по обравчето, т.е ќе ја “потсетуваш” каде застанала
Ви благодарам на сите за советите. Ме охрабрувате да ја тргнам дохраната. Секако стравот ми е голем да не остане гладна. За почеток др ми рече да давам само 30 мл после подој ама некогаш уште бара и не можам да одолеам да не направам уште една доза наместо да ја понудам пак цице по 1 час. @Chanell* Многу се нервирам со силиконскава. Ем за џабе растураме млеко ем цело време морам да се пресоблекувам од што сум лом. Па и стерилизатор пуштам само за 2 силиконски брадавки На болница ми велеа дека е доволно да ја мијам со сјај и топла вода и попарам ама мене ми е шубе така. Мн е полесно да ја научам дирекно да си пие ама ич не се пули ако не ја ставам.
Истиот проблем го имаме и ние, со силиконски брадавици сме и цицаме по 1 саат некогаш и повеќе, т.е. цицаме 10 минути активно другото време спиеме, се случува и да не можам да ја разбудам за да продолжи. 2 недели сме и на контрола кога бевме ја мереа сме качиле 530гр, а редовно имаме мокри пелени и докторката ни кажа дека нема потреба од АД доволно си се храни, убаво напредува. Пробувам полека и да ги тргнам силиконските ама малечка е уште нема сила да ги извлече.
Супер сте вие ко така не ви треба дохрана. Ние кога бевме само на цицање само 300 г кладовме од испусната тежина. Тогаш ми рекоа малце е давај дохрана сега пак 500 г било мн. Стварно нз што да мислам. А сега кога и давам само по 300 г шлапка и бара уште во моментот. Потоа си спие мирно околу 2 ипол часа па ја будам и нудам цице. Некогаш нервозна е од гладна и плаче некогаш па не можам ја расонам па ја пресоблакм или штипкам чешкам и така. Па седиме 1 час на цице, па правам и давам АД и така цела деб и ноќ се раниме.
Денес откако и го намалив АД едноставно неможам да си го препознаам детево. Стана агресивно и нервозно, цел ден цица како да не видело мафта со главчето и рачината ако се измрда од брадавка пишти. Цица колку може и не може да голтне па плука и повраќа. Сега и дадов 30 мл АД и и ставив лажалка. Трга ли трга на неа и кенка. Кај да е пак ќе мора на цице. Нз што да му правам. Да е гладна не е. Полни пелени повеќе од порано. Си има столици писле секој подој.
Ништо нема да му правиш ќе си цицате по цел ден. Нормално е на почетокот да цица цело време. 300 грама качила за колку време? Првите 2 недели треба да ја врати родилната, а после да качува 25-30г дневно.
Се роди 3350 па намали 200 г и на 2 недели беше 3480 и др ми рече дека слабо напреднала. Јас мислев дека е таман ама од страв воведов и ад. Сега на 3 недели брз малку 4 кг па ми рече да намалам со ад. Ама бебе изгледа навикна и сега само си бара.
Нема потреба од АД по мене, а за 1 недела не може да се навикне не се секирај. Еве ти за килажата Нормално качување на тежина за доени бебиња Од раѓање до 7 дена: Губење на помалку од 10% од тежината. 14 ден: Враќање на родилната тежина 2 до 7 недели: 20 - 30 грама дневно Од раѓање до 3 месеци: 170 гр неделно или 680-906 грама месечно. 4 до 6 месеци: 92 - 126 грама неделно 6 до 12 месеци: 50 - 80 грама неделно Дојте си се, ќе си фатите ритам најубаво и за тебе и за бебе. Нормално ќе си пратиш пелени и ќе го носиш на мерење.
Добро ,објаснете ми како ги користите тие брадавици. Земав на чико и едното бебе ја пипна само и почна да плаче а другото поцица малце , се сврти на страна и брадавицата му остана во уста
Мора да го држиш силиконот со прстите опфатен од страна дури цица, инаку секако ќе му остане во уста.
Ја држиш со рака додека цица. Ние се навикнавме некако па сега се создава вакум и не држам цело време. Ама можи и бебе помало па нема толку сила да ја истрга со цуцање ама затоа со раце нон стоп ми ја зема
И ние се навикнавме се прави вакум па не и ја држам веќе, на почетокот ни паѓаше и нас и течеше млеко од сите страни.
Мами што одмолзувате, може ли д ми кажете на колку време одмолзувате преку ден , навечер дали станувате да одмолзите? Јас молзам на три часа преку ден ама некогаш имам впечаток дека ако одмолзувам на 4-5 часа имам исто млеко како да сум молзела на три часа , и навечер станувам од страв да не ми прекине млекото иако еднаш -два пати до сега кога ќе сум преспиела сабајле си имало млекце исто како дасум молзела и преку ноќ.со две бебиња како да сум на лента за трчње цел ден Уште молзењево фалеше...
Навечер исто на три часа. Колку поретко се молзиш ке намали и млекото. Голема обврска е ама ако имаш млеко зошто да пијат вештачко. 16 месеци се молзев ден нок ми се чини само тоа работев. Слатки маки се ќе издржиш.
Имам млеко и вака е ок ама си мислев дека може да проретчам :/ Ајде ќе бројам денови до 9 ти месец и доста е.
Јас користев електрична пумпа и многу беше лесно ама млекото ми се намали па ми снема после 2 месеци и продолживме со вештачко.
Како го замрзнувате млекото? Има специјално пакување/кеси за тоа и каде можам да најдам? Пробав да ставам млеко во шишенце во обичен фрижидер, се згрутчи за неколку часа. Сакам да пробам сега во замрзнувач.