He сум замрзнувала ама можеш во шишенца.мајчиното млеко замрзнато е безбедно до 4 месеци, во фрижидер 4 дена и на собна температура 4 часа.
Не ти треба да го замрзнуваш, освен ако имаш преголеми залихи па за да ти трае подолго. Чувај го во фрижидер, топли па давај. Еве една табела колку трае млекото.
Има специјални кесички, јас користев на Лансолих. Има упатство за употреба, многу е битно убаво да го истиснеш воздухот и правилно да го одмрзнеш. Во обичен сум чувала во стаклено шише, не повеќе од 24ч, ОК било.
Има во аптека специјални кеси за замрзнување,јас користев на лансинох. И во обичен фрижидер чував ама пред употреба мешав и затоплував бидејќи се двоеше млекото.
Не е згрутчено, нормално е тоа. Се спојуваат мастите на површината а се одвојува водата. Кај мајки кои имаат многу масно млеко може тоа како чеп да се направи, да не се пробива. Кај мене не беше толку масно, ама имаше слојче убаво. Ако сакаш да го дадеш млекото ќе го ставиш во чашка со топла вода шишето и ќе го мешаш со кружни движења ќе се раствори нормално. Значи млекото не е расипано, слободно давај го.
Температурата треба да е колку Т на телото, значи 36-37 степени. Стави го млекцето во шише, пушти чешмата на топло и врти го кружно шишенцето некое време под млазот, потоа веднаш дај да пие бебето.
Или да го оставиш еден саат на собна, јас никогаш не сум го греела туку отприлика кога иде време за млекце вадам, мешам и крка. До ден денешен јаде исклучиво ладна храна, нејќе топло, ни млеко нејќе топло. Ад кога ми заврши мајчиното правев со ладна скроз вода. Докторот ми рече дека тоа е супер бидејќи нема никогаш да страна од црвено грло.
Мене ми рекоа на болница дека не се чува молзеното млеко. Максимум пола саат само на собна температура. Ни во фрижидер ни се подгрева.
Здраво мајки, скоро 6 недели сме ама не сака да цица па морам да се одмолзувам, ама немам доволно млеко па надокнадувам со ад. Ме интересираат ваши искуства како се справувате и да пазите на бебе и да се одмолзувате на 2-3часа, јас сум при крај со сили претепана сум, помогнете дајте некој совет,мотивација И ме интересира дали секогаш иста количина одмолзувате? Јас насабајле до 200мл стигмувам и после во текот на денот само се намалува..
Јас се одмолзував 10 месеци. И стварно е напорно. Таман ќе седнев на пумпата ќе почнеше да плаче па морав да прекинам за да ја смирам итн. итн. Но мајка биди упорна зашо твоето млеко нема замена. Јас во почетокот ја дохранував за потоа со упорност целосно да преминеме на мое млеко. Во почетокот едвај вадев 60мл. Но потоа со одмолзување на 2 саати, лактил таблети, лактамикс чај ми се зголеми млекото. Бев ограничена и во поглед на излегување мораш да се вратиш за 2 саати дома но пак ќе кажам се се исплатеше. И воопшто не се каам. Од 7 месеци почнав да се одмолзувам на 4 саати. Потоа почнав со работа. Носев пумпа и на работа. Кога се враќав дома набрзина гушкање и пак пумпата. Е тука стварно ми дојдр напорно и од 9 месеци почнав на 6 ссати па на 8 на 10 па 2пати во ден за да на 10 месеци скроз престанав да се одмолзувам. И супер поминав млекото постепено се намали и на крај немаше ич така да и во тој поглед немав проблем. Користев првин рачна пумпа па потоа земав електрична и стварно побрзо одеше. Поздрав и биди упорна. Се за твоето малечко.
Секоја чест мајка за упорноста толку долго што си се одмолзувала Знам колку значи да пие мајчино млекце и ради тоа и се одмолзувам, ама проблемот е што и немам нешто мн млеко, пијам чаеви, почнав и со таблетки ама нема некој резултат. Бебе бара да јаде на 2 до 2 и пол часа а за толку кратко време едвај 50тина мл одмолзувам и пак морам плус ад да дадам зашто е гладен..памет немам веќе стварно
Мене па ми рекоа до 3-4 h собна а во фрижидер 24. Јас повеќе од 3 не сум дала. Ок беше. А пола саат мисла за АД важи. @Vaga~ биди упорна . Чим вадиш 200 има кесички за замрзнување, распрашај се, таа количина е супер. Некогаш при брзање ќе си извадиш, ќе си загрееш како што е препорачливо и раат си. Јас се молзев на 2h, знам дека е пренапорно, ти се спие ти се плаче, немаш сили ама стисни заби. Е сега, електрична (мини) на Медела е спас. Малце е скапа накај 6000ден ама ако имаш од некој позајми. Со рачната мускули направив . Не се откажувај, од мајчино нема подобро, факт е.
јас обично следев дека за околу 4 саати си се буди за цицање па пола саат пред "термин" почнував со молзење додека бебе спие. Немав друго чаре. А одкако ќе го испие и тоа малку зашто млеко имав капеше ама во шишето малку се измолзуваше,после пола саат му давав ад млеко според мерната доза за неговата возраст
Ќе ти се зголеми со тек на време млекото. И јас на почеток имав малку ама потоа се зголеми. @marchi-cool млекото на собна тт може да стои максимум 4 часа, а во фрижидер 24 часа. Некогаш стоело и до 5 часа сум давала и немало никаков проблем.
Вага, кога ќе го ставиш на града што прави малото? Да пробаш кога ќе е гладно дури да вреска и да му ја ставиш градата во уста?
И јас го поминав истото на почеток. Не сакам да ти солам памет, знам колку е фрустрирачки кога од сите страни ти делат совети, ама еве јас ќе го споделам моето искуство. Ќерка ми исто не сакаше да цица. Давав измолзено во комбинација со ад. Секако пробував да ја залажам за да потегне ама ништо. Со мм се чудевме како штом го осети шишето одма се пушта а вака нејќеше никако. Може малку смешно е, ама еден ден ни текна и пробав да ја ставам цуцлата од шишето на града и така почна да цица. Теравме некој период вака дури не почнаа да ме болат брадавиците од вакумот кој го ствараше додека цицаше. Да напоменам дека силиконски беадавици на Медела имав купено уште од болница ама не сакаше ни со нив. И мм еден ден вика јас ќе побарам брадавици што се слични со цуцлата и ми донесе на Томи типи. И да ти кажам, пробав со нив и успеа. Почна да цица нормално и малку по малку се навикна и на тие од Медела. Директно уште не сака ама барем цица. Ако решиш да пробаш вака купи прво од тие на томи типи пошо се поевтини, да не фрлаш џабе пари за Медела кои стварно се поубави, поубаво лежат на града и се лепат. Се надевам ќњ ти биде ова од помош.
Ма и гладен и не толку прегладнет го ставам и се витка целиот бега, вришти мислиш го колам, му ја ставам градата во уста и прави фаца ко да ќе поврати..пробав и прво со шише малце да се засити па да го тргнам и тогаш на града, и некогаш се лаже ама ретко иначе вришти пак..И мачно ми е секој оброк да се борам со него
Јас во болница пробав со силиконски и не успеавме, од тогаш не сум пробала, ми се наоѓа дома една силиконска брадавица баш ќе пробам пак. Фала на совет