Zdravo, Sakam da sposelam iskustvo so pumpa za odmolzuvanje. Gi razgleduvav modelite koi se dostapni kaj nas. Ne znam kolku se kvalitetni, no cenite se dosta visoki. Najdov pumpi za osmolzuvanje i na Ali express. Bidejki bea dosta evtini, po 20-30-40 $, reshiv da naracham i da ja probam, pa ako ne ja biva-drugive ne mi begaat. Narachav dvojna elektricna, i za srekja pumpata se pogodi super. Ne sum mnogu disciplinirana vo odnos na raspored na molzenje, no sepak so 3-4 pati vo denot po 20 minuti uspevam da izvadam po okolu 700 ml vkupno. Sepak ova e razlicno za sekoj... Eve slika od pumpata koja ja narachav, cenata bese okolu 1600 denari. Naracav i pernicinja so gel koi mozat da se koristat kako topli ili ladni oblogi, no nikogas ne gi koristev... Se nadevam na nekogo ke mu bide od korist moeto iskustvo. Pozdrav.
Здраво женски...Мајчино млеко ставено во фрижидер ( не во длабоко) бидејќи е голема количина, може ли неколку пати да го вадам за да се потроши??? сакам да кажам да вадам на делови и да затоплувам за давање??? ....фалааа!
Можеш, ама внимавај не ставај млеко топло во ладно, тазе молзено не во тоа од фрижидер... Ако затреба нешто пишувај.
Може ли во тек на ден да се собира млеко по малку за да се даде навечер? И секој пат ли посебно да го собирам па на крај да се соедини и да се даде или не. На свадба сум нареден викенд, а од едно измолзување не можам да соберам голема количина па да знам да собирам цел ден помалку.
Да да, ми беше во едно шишенце (тоа од пумпата) па го распределив во 4 шишиња од кои едно одма затоплив за давање, другите за покасно беа... фала за одговорот и голем поздрав!
Откако ќе се извади од фрижидер колку време и дали може да седи на собна тт. Пример да го извадат во 22:00 без да се подгрева и да му се даде во 23:30
Може. Мое бебе никогаш не пиеше топлено млеко, само на собна тт стоеше до 6ч може да стои како ништо. Само да не го вратат после во фрижидер.
Фала ти многу...Ама не смета ако првото го затоплам и го дадам, па плус второво башка ко дополнение...?
Откако ќе се извади од фрижидер, исто 4 саата може да стои?? Таман и го спремив пак задрема... па сега ја чекам со млеково ....
Јас сум давала така, не би требало да е проблем. Извадено од фрижидер во 10 сабајле, го испи во 2ипол. Ова мислам за обичен фрижидер. Од замрзнувач кога вадам, бидејки го ставам во топла вода да се одмрзне, ако не го испие одма, го фрлам. Генерално го пробувам млекото. Јас ич не сакам млеко, малце да не е добро ми се гади. Ако јас можам да го пробам и не ми е гадно, и го давам на малата.
Да не ти е затоплено па неиспиено па така да стои. Гледај да не стои многу надвор ако кажуваат и до 6часа ама сега ептен е жешко.
Сега дури видов дека си ме цитирала извини. Мојот така порасна. Ќе го испиеше свежо молзеното,за тоа време од фрижидер изваденото ќе се стоплеше и пиеше.