После цела година решив да престанам со измолзување. Малиот јаде веќе се, и искрено ми стана пренапорно измолзувањето веќе. Не сум се измолзила цели 24 часа. Немам проблем со градите, не ме болат, не ми се тврди. Но, чувствувам дека ми се полни млеко. Што да правам, да го измолзам ли млекото? Нема ли да надојде пак ако го измолзам?
А оти молзеше ако ти е шубе? Нема шубе кај мајчино млеко, поарно од тоа здравје. Ако не е постаро од 6м дај го слободно. Се остава да се одмрзне, дали природно само или во чашка со топла вода кесичката и се дава на бебе, зависи дали пие ладно или топло млеко. Моето го пиеше ладно и такво го давав, не загревано. Молзни малку колку да ослободиш притисок иако викаш дека немаш притисок, не знам како ги осеќаш дека се полни. Не се прекинува преку ноќ со молзење, се намалува на 4-3-2 па после на 1 и се прекинува. Молзни малку, складирај го секако и полека полека ќе намали само.
Да, така и сторив. Дури молзев редовно, молзев 3 пати на ден, после неколку дена преминав на 2 пати, и еве од вчера мислев да преминам на еднаш па да прекинам скроз. Така ќе направам, ќе измолзам малку па ќе видам дали пак ќе надојде млеко како сега.
Ако имаш млеко не знам зошто да ти е шубе. Одмрзни го и дај го ако пијат од шишенце или чувај го за оброк.
Јас собирам млеко од кога е родено малово, и го даваат кога сум излезена. Имав неколку ќеси на почетокот што се расипаа (најверојатно не била чиста пумпата) и тоа се познава кога ќе го одмрзнеш млекото. Од сето млеко што го испила немала никогаш проблем, сум давала и млеко замрзнато 1 ден и млеко замрзнато 4 месеца. Си го јаде исто како свежо. Само да не го грееш дирекно на рингла, кесата ставај ја во топла вода за да се стопли и проверувај да не е претопло пред да го дадеш на бебето. Еднаш стоплено млеко не се лади/замрзнува пак, а ако го одмрзнеш во обичен фрижидер преку ноќ, може цел ден да стои таму и кога ќе треба да се згрее. Чим си вложила време да собираш стварно е штета да не се искористи. Барем во каши ставај и го.
Може ли некоја мајка да ми објасни како се молзи со рачна пумпа? Може ми е многу глупаво прашањево,ама со рака повеќе молза отколку со рачнава пумпа. Треба ли постојано да се стиска или како Или само еднаш колку да се направи вакум и се остава колку тече толку? Стварно не знам
Кесички за складирање на мајчино млеко каде можат да се најдат во Скопје за подобра цена ? Видов во ДМ , ама скапички беа
Еве еден совет до тебе и сите други што замрзнуваат млеко.Јас по совет од сестра ми,млекото го замрзнувам во стерилни чашки .Собирам дневно 100мл,на две молзења,чувам во фрижидер да се иста температура,ги соединувам.На чашката датум со маркер и у длабоко .До сега нема никаков проблем. Планирам и кога ќе почне со кашички истото млеко да го користам. Кесите се скапи,а ова една чашка 8 денари,и плус е сосем безбедно
Да ти потврдам и јас дека таквите чашки се супер за млекце. И јас ги користев и уште имам залихи во фрижидер. Чашките од Еурофарм се поквалитетни од тие во Зегин.
Зависи колку ви е дома топло. На собна температура (20-24С), стои околу 2 часа, но сега бидејќи е топло, може да скисели за пократко време. Следи го, мирисни пред да дадеш на бебе. 30-тина мин секако може да стои.
Се зачитав.... Сакав да прашам нешто. Како ќе знам кога да се измолзам т.е кога ќе е гладно за да се измолзам и да го дадам?