Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хранење со измолзено мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Желче, 28 февруари 2017.

  1. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    3.095
    Цицањето, верувај. Нема да ти виси нон стоп на града, понатаму ќе почнете со дохрана и подоите ќе се намалуваат. Додека ако почнеш ексклузивно да молзиш е многу потешко верувај. Нека си цица и батали таа пумпа.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    14.436
    Пол:
    Женски
    во совети за бебиња од 9-6 месеци исто имаше мајки кои се жалеа дека додека дојат денот им поминал,предолго бенињатс биле на града. А се имам и молзено. 15тина мин време ми одзело. и барем знам колку количински ќе испие,шишиеа никад не сум стерилизирала. Прво што дека кога одкако ќе стерилизираш треба да го фатиш со рака. Го превривам го киснам во жешка вода мијам... Никој во моја околина не стерилизирал,за тоа од по форуми и групи на фб сум прочитала во поново време. (Еве може и заостаната сум)
    Ама сакам да слушнам искуства може ќе поднаучам нешто.
    може и тоа така да е,да им е период додека стекнат сигурност и близина со мајката. Ние денес 3 недели направивме,уште е маленкав ќе видиме како ќе биде понатаму.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    За да складираш млеко во фрижидер мора да е во стерилна чашка.
    Или ти молзеш и даваш одма? Ако така, подобро 15 мин да цица отколку 15 мин да молзеш.
     
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    14.436
    Пол:
    Женски
    па досега сум молзела па за 10тина мин сум му давала оти инаку ако е на града барем пола саат до саат си густира најмалку. Затоа барам некоја алтернатива ама тоа е што е. Додека барам и најдам бебчо веќе ќе порасне и сам ќе ми ја олесни работата :rofl: инаку освен стерилни чашки читав дека може да се замрзне и во кеси.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Мајки ми надоаѓа многу млеко и еве брбе е 2,5 месеци мене на 2 часа ми се прават грутки. На ексклузивно сме и бебе супер напредува, дури и над просек. Е сега не помагаат ни влошки, ништо, па решив да се измолзувам со рачна пумпа, колку толку. Сакам да прашам дали може млекото да го смрзнувам во стерилни чашки или мора во најлончиња? Некако полесно ми е во чашка дирекно. И како го собирате млекцето, од цел ден молзење во едно најлонче или..?
     
  6. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Јас го собирав во кеси на лансинох од едно молзење. Не мешав. Еднаш замрзнав во чашка и не го пиеше и во бојата ми беше чудно.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Се измолзувам на 3 часа, бидејќи нема ефект ни млеко за еден оброк на 2 часа. Стерилизирам во стерилизатор еднаш дневно сите шишенца од дента, зашто купив повеќе. Измолзеното го ставам веднаш во шишенце кое пред да му дадам на бебе го греам во греач за млеко, некогаш и тазе му давам, кога немам складирано. Пред да излезам се измолзувам и не е зависен од мене, може било кој да го чува. Се измолзувам поради тоа што немам брадавици и силиконските не ги сака, не ми се извлекоа со измолзување, на електрична медела сум што има добар вакуум. Психички паднав малку дека малку млеко, не цица, се нервира неможе да фати, мене ми е битно бебе да има колку што може повеќе од мое млеко, давам и ад млеко кога немам мое. Станувам навечер да го нахранам и се измолзувам, ми се спие ми се плаче, ама мајка не е лесно да бидеш, се ќе помине, се е период не е вечно ова, ќе почне цврста храна и нема толку да е зависно од млеко кое ќе му е основа пак. За искачање носам чајче и две шишенца млеко, планирам да купам термос за одржување температура. Мислам дека е полесно кога сум излезена со бебе да му дадам шишенце него цел саат да седи на града, зашто како раснат почнуваат да се играат со градата и често бараат града како сигурност а не се гладни и кинкаат. Близина се ствара и вака без да цица.
     
    На Evangeliaa22 и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја табела или некој да знае по големина на детето колку мл да се дава, колку му е доволно?
     
    Последна измена: 13 септември 2019
  9. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Женски некој имаше пишано поназад, да видам дали добро сфатив. Замрзнатото млеко во длабокото се одмрзнува 12 часа пред употреба во обичниот фрижидер? Имам замрзнато од пред една недела и не знам колку време ќе треба да се одмрзне, за наутро и претпладне ќе ми треба, дали е доволно од вечерта?
    И да не се подгрева туку само под млаз топла вода.
    Фала однапред
     
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Имам замрзнето млеко. Го извадив од фрижидер да се омрзне и кога го земав беше како парталчиња низ него малечки. Такви се прават на купечко когаа го варам и е расипано и после тоа се згрудчува како урда и знам дека не е за јадење.
    ? Како може да знам дали е расипано?
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    102.435
    Пол:
    Женски
    Ќе си го извадиш од вечерта и ќе го оставиш во обичен или ако ти е ладна просторијата на работна површина. Само ќе се одмрзне и ако сакаш да го подгрееш само ќе го ставиш шишенцето во чашка со претходно загреана вода, не да го вариш.
    Тоа е нормално, не е расипано, односно се одделени мастите во млекото и затоа е така, од ладното, само загреј го во топла вода и ќе се стопат. И кога оставаш млеко на собна или во обичен се двои така, само измучкај го и се раствараат. На претходното прашање да ти одговорам дека не постои таква табела, секое дете различно, јас знам дека моето не пиеше многу и секогаш заостануваше со мл, пример ако на табела со ад млеко стои 120мл на негова возраст он пиел 90 на 3 часа. Отприлика табелата за ад важи и за мајчино, плус минус 10тина мл. Јас имав повеќе шишиња и го распоредував во шишиња по 60 или 90мл и заивисност од тоа колку му се пие си пиеше, пошто млеко еднаш загреано или извадено од фрижидер не се враќа пак назад.
     
    На Mia Fuentes и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  12. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Ми треба млеко за во понеделник ќе патувам во друг град... е до сега не сум чувала, сакам од денеска да се измолзувам и да замрзнам. Купив стерилни чаши, од оние за мокраќа,но чуден мирис имаат на пластика . Може ли во нив или како?
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Може во такви. А зошто да мрзниш до понеделник. Требаат 12 часа да се одмрзне.
    А вака во обичен фрижидер стои 3-4 дена
     
  14. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Па не знам шубе ми е...знам дека нема да го пие мрзнам за џабе...ако не е од цицка не сака од шише, ама морам да пробам ќе почне да вришти, а на преглед сме.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    102.435
    Пол:
    Женски
    Не мрзни, одмрзнато млеко има специфичен мирис, а вака има шанса да го пие. Само чувај го во обичен фрижидер најдлабоко н полицата.
     
  16. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Оф што мака е кога не фаќаат шише.
    Јас во тој поглед сум среќница.мојава беба од првиот ден фаќа буквално се. Сите видови цуцли и шишиња. А си цица редовно.
    Раат сум кога сме излезени со количката или на преглед. Носам секогаш чај бекутан и кога ќе приќемка за цицка и давам малку чај и продолжува да спие или седи мирна.
    И ноќе со таа финта редуциравме доење само 1-2 пати.
    Ништо мајка или нека плаче или нацицај ја таму.
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    106.380
    Пол:
    Женски
    Јас мајки прееска се измолзив , ми надојде доста млеко и го ставив млеково во шише па реков да пробам да и дадам да видам така дали ќе го испие. И се испи (околу 60мл ) па продолжи од града да цица.За 10 дена сум на преглед на гинеколог и не знам колку саати ќе се задржам па не знам што да правам дали да се измолзам и да оставам на мм да и даде од шише или да ја влечам со мене таму..
    Страв ми е да не се одбие од цицање , така сум слушнала од други точно ли е? :?:
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас не верувам дека е точно, дека ќе се одбие.
    Стави маж и бебе во кола и нека чекаат надвор, јас така направив. А гарант ќе заспие во кола бебушот
     
    На Мариаа., Presrekna и koritsaki им се допаѓа ова.
  19. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Се зависи од бебето. Моите две не се одбија. Ни синко Еве сега ни ќерево.
    Еве 2 месеци убаво си цица а редовно и давам по 100 мл чај дневно и 1-2 молзено кога немам доволно млеко, а и АД и имам дадено. До сега нема знаци на одбивање. Најмногу си ја сака цицката. Од шише директно оди на цицка.
    Ама е многу лакома и упорна. И кога немам доволно млеко упорно трга И ја доцицува секоја капка.
    А ако е по мрзливо бебе може да се одбие бидејќи шишето му е полесно.
    Јас би ја оставила со молзено млеко зошто да ја малтретираш.
     
    На slavica999 и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. Dayen

    Dayen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам замрзнато млеко во ќесички но не ми е истиснат воздухот од нив, а ве читам предходно дека треба да се истисне целиот воздух? Дали да го фрлам или да го дадам така?
    И како го одмрзнувате? Дали прво во фрижидер да одстои или директно замрзнатата ќеса во топла вода?