Треба да биде иста температура да го измешаш, стави го во фрижидер свежо измолзеното, кога ќе се олади измешај го со старото.
Mamicki negde imav procitano vo temava prethodno ama ne mozam da najdam sega... me interesira kolku vreme moze da stoi odmolzeno majcino mleko na sobna temperatura , kolku vo frizider , a kolku vo zamrznuvac?
Јас почнав зошто немав млеко и се измплзував на 2 саати, имав 20мл вкупно. Кога надојде повеке се молзам на 4 саати по 15 минути и имам помегу 80 - 100 мл вкупно. Да напоменам се измплзувам со медела симфони и се дохрануваме зошто ова ни е малце.
Мајчино млеко не се топли, тоа не е ни топло кога се одмолзува, ќе го оставиш на собра температура да се загрее или со раце ќе го држиш некое време шишенцето..
Не може од фрижидер да го даваш така без да го затоплиш малку. Од фрижидер 4 степени, да го затоплиш до 36-37 степени колку што му е температурата директно од града, не можеш со држење во раце. Нема штета од затоплување на мајчиното млеко, ако тоа се прави на правилен начин. За да се зачуваат неговите нутритивни вредности треба да се спречи прегревање, но загревање до 37 степени нема да му наштети воопшто. Млекото се затоплува под млаз топла вода цело време мешајќи го шишето во круг. @didisi
Така ми кажале, така пренесувам, така и сум давала. Зарем проблем е така?? Најчесто сум оставала околу 2ч да одстои на собна и сум држела малку во рака и сум давала..
Ne e problem voopsto, ako bebe go saka taka. Sepak e razlika poveke od 10 stepeni od sobna T do T na majcino mleko pa mnogu bebinja ne go prifakaat nezagreano. Zborot mi bese deka ne e stetno da se podgree.
И ние сме на молзено мајчино. Два месеци сме, и има 5-6 дена почнав да давам и Ад пошто не му стасува. Во некои денови помимуваме само на мајчино а некогаш не. Некогаш сака да си цица и ќе се најади убаво а некогаш со игра со градата и ја каса иако е гладен хаха
Прв ден сме дома. На болница го дохрануваа и плус неколку пати успеав да го надојам фати да цица. Е денеска сабајле кај 6.00часот го нахранија, потоа кај 9 часот цицаше кај мене. Потоа го зедоја да го сончаат затоа што има жолтица и кај 2 си заминавме за дома не пуштија, а кај 1.00 часот беше веќе нахранет. Си дојдовме дома и несака да фати да цица се молзев и му дадов околу 60мл млеко мајчино. Ми е страв да не случајно е гладен, а не плачи за јадење си спија. Колку мл. да му давам мајчино млеко?
Kupi vestacki bradavici i doi go. Ne go uci na sise ako sakas da dois. So molzeno e tesko da se znae, no se dodeka place i e voznemireno ne e najadeno. E sega bebeto ti e so zoltica i plus mnogu malo pa zatoa ti spie, no MORA da jade na 3h
Ух почна дам да бара на два до три часа. Ми дојде душа и да не го подречам фаќа и трга колку сака златното
Мајка сум заспала синоќа и не успеав да ти одговорам. Супер штом почнало да фаќа града. Млеко имаш штом си успеала да измолзиш 60мл, така да нема да е гладно бебе, не се секирај. Мораш да го будиш на 3 часа да цица, мали сте уште, ем има жолтица, така да барем до првиот месец мора редовно да цица. Кога е буден нека цица кога сака и колку сака. Во иднина ако даваш молзено давај со шприц, не со шише, бидејќи постои опасност да почне да ти одбива града. Напорен, но и прекрасен период ви следи, гушкајте се, дојте се и уживајте!
Фала ти многу Пресреќна сум што успеавме со доењето. Сам се разбудува на два часа на три а некогаш и час и половина и бара да цица. Мислев дека нема да успеам малку се исплашив. Ама ете мирни сме нанкаме и цицкаме.