Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хранење со измолзено мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Желче, 28 февруари 2017.

  1. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Беба има 20 дена. Се породив царски и млекото малку подоцна ми дојде. Кога ја ставам на града ќе цицне 10 минути и заспива. Од таа причина почнав да се измолзувам. Е сега и давам по 60-70 милилитри на 2-3 часа. Се мислам дека не е најадено. Дали е доволно?
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    Знам.. но верувајте ми дека подобар избор ми е моментално од давање на АД.. :l:

    Напорите верувам дека ти се исплатиле, а се надевам дека ќе ми се исплатат и мене.. не сакам на тоа млеко што го имам да давам АД.. што се случи кај Вас после 4тиот месец? Малава станува точно на 3 часа (како швајцарски сат е точна) така да во тој поглед сме супер и јас си го запазувам редот за молзење а и таа си пие тазе мајчино млеко.. Ќе бидам упорна не се откажувам така лесно :l:

    Да да си имам млеко затоа и се одлучивме на овој начин на хранење на бебето, моментално тоа ни беше најразумно решение.. греота ми е предвремено родена да ја измачувам со АД сепак мајчино си е мајчино нели :inlove: дали ќе може да ми пратите линк од страната на ФБ? може и во лп :) фала Ви премногу :l: и среќно се надевам дека уште долго ќе ги храниш бебушите со мајчино млеко :inlove::f:

    Мила малечкото е благословено што има мама како тебе :inlove: штом си давала толку време :clap: се надевам дека и јас ќе издржам долго да се одмолзувам и да давам мое млеко на мојата принцеза :l:

    Мајка поклон :bow: до земја за твојата упорност!!! :clap::clap::clap: Да си имам млеко и редовно се одмолзувам а имам и доста млеко што сум го замрзнала, пијам многу вода (повеќе од 2л дневно), чај лакта микс 1л обавезно и колку што можам пијам и кока кола ми кажаа дека и таа била добра за млекото за супи не ми текнало ќе почнам да внесувам повеќе и тоа :) секој слободен момент го користам за да се одморам и да поспијам, имам доста помош од страна на мм и неговите родители затоа се надевам дека со ова темпо моментално ќе издржам подолго време да се одмолзувам и да давам мајчино млеко на мојата малечка :) Ви благодарам за советите доколку во иднина ми текне нешто ќе те исконтактирам :l:

    Ви посакувам среќа и доста долго долго да си имате млеко и да давате на бебе :inlove: каква пумпа имате и како сте задоволни?

    П.С големо благодарам на сите што одвоивте време за да ми ги споделите вашите искуства и да ми дадете совет :l::f:
     
    На Izzy_0504, Fatalnata, babyboy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Можеби е доволно 10 мин. На колку време се буди? Пелени полни? Со килажа како е? Колку често даваш измолзувано?
    Доаѓање на млеко и време на подој не значи дека е гладно.
     
  4. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Сама се буди на 2-3 часа и на 2-3 часа молзам млеко. Пелени полни. 2-3 пати во денот кака. Се роди 2950,а не испуштија со 2930. На 9 дена бевме на контрола имаше качено 160 грама. Цице убаво фаќа ама кога цица како да не ја слушам да голта како да си игра и како да и служи само како цуцла.
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Да пробаш да ја будиш, скокоткај ја, масирај ја да и го задржиш вниманието. Јас би те советувала да даваш млеко со шприц, многу лесно може да се навикне на шише и да не сака од цице веќе. Таму млекото тече лесно а од цице треба да запне.
    Плус воопшто не паднала на килажа во болница, обично бебињата до 2 неделија ја враќаат родилната килажа. Синко 150 гр намали во болница.
     
  6. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Јас користам медела со тоа што имам купено и специјален градник за да не мора да ја држам да ми се барем рацете слободни, ама можеш тоа и сама да го направиш со дупки во било кој спортски градник
     

    Прикачени фајлови:

  7. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Ја масирам, ја пипкам за лице за нозе, правам се како што ми кажаа во болница и пак е успана. Сепак фала на советот.
     
    На thelittle17, Klara91 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Нема на што. Веројатно е мала и мрзлива. Се надевам ке преминете целосно на доење.
    @wannababy секако, нема ништо подобро од мајчино млеко. Им спуштам капа на сите кои молзат и хранат со измолзено. :inlove:
     
    На thelittle17, Fatalnata, wannababy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    141
    Во која позиција ги храните бебињата од еден месец кога пијат од шишенце? Подисправени или легнати?
     
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    4.817
    Пол:
    Женски
    Стандард во раце го држев како за доење . Сега откако пие сам го оставам во релаксатор или на моите нозе леннат свиткани во колена нозете, или во количката во полуседечка положба сам пие.

    Инаку да се надоврзам браво можам да кажам браво за сите мајки кои се измолзуваат и им даваат млеко на своите малечки. Потешко нешто од тоа не сум искусила во животот се молзев месеципол некаде одприлика но ми беше многу тешко немав никаква помош и плус постојано мастит ми се правеше. Беба беше со грчеви постојано плачење немаше кој да ме замени да можам да се измолзам. Нема подобро нешто од мајчино млеко за бебенцата но ете не сите успеваат во тоа.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми кажеш како се вика таа група на фб.
    Фала многу
     
  12. Софијана

    Софијана Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Majk koi izmolzuvaat majcino mleko :)
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    периодов рачно ќе ја измолзувам едната града поради рагада, ме интересира дали смеам да спојам млеко на собна температура со тазе измолзено (размак 2-3 часа помеѓу 2 молзења)? обично вадам по околу 50-70мл од едно кратко молзење колку да ја омекнам градата и таман би ми било 2 такви молзења да спојам во една ќесичка или шишенце.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мислам само ако двете се изладени на иста температура смеат да се стават во едно. Барем јас кога мозев чував во фрижидер и после го ставав во топла вода за да се стопли
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    да, знам дека температурите мора да се изедначат доколку се спојува тазе измолзено со млеко што е веќе оладено во фрижидер, но кога ќе брцнам со малото прсте во млеко на собна и тазе измолзено не приметувам некоја разлика искрено.
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Подобра варијанта ти е да ставиш во фрижидер две млека пример и да ги стоплуваш барем на сигурно си вака 2-3 часа на собна ризик од расипување има
     
    На Izzy_0504 и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Не знам, по секое молзење ставав во фрижидер, и ладни ги мешав. Оставав на собна ако треба да излезам и да го хранат во рок од 2 часа.
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    што е сигурно, сигурно си е.

    а дали ставање на шишето (стакло) неколку минути во ѓезве/тенџерче со зовриена вода е ок начин на затоплување? немам специјален апарат што затоплува.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Водата не треба да е зовриена туку жешка. И никако не смее да е на шпорет да е. Значи водата жешка, тргаш од шпорет и го ставаш шишето.
    Ни јас немам апарат, не ти ни треба.
     
    На Brpbrp, dromka и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да така ми кажаа во ремедика да го стоплувам млекото тенџере со топла вода и ќе се стопли
    А зашто не си земеш ќеси или стерилни чаши што имаш замрзнувај и чувај за понатака. Не те прочитав целоснп ама ако вадиш на пример 30-50мл што ќе му даваш шише мрзни го 6мес може да стои и после во каши. Или некогаш кога е во скок кога нема да сака да цица одмрзнуваш и даваш