првиов ден како почнав со одмолзување, кога дојде време за цицање, “здравата” града си ја осеќав доста мека (празна?) па затоа дадов шише со 120мл измолзено, испи 100мл, остатокот во одвод. моментално имам нови ~100мл во фрижидер и ако не ги искористам вечерва или во текот на утрешниот ден, секако ќе бидат префрлени во замрзнувач. не знам дали тоа што другата града не се преполнува значи дека нема доволно млеко (редовно е стумилирана со директно доење).
Купив кесички за замрзнување на Томи Типи. Имам и шишенце нивно. Врска нема количината на кесичката и на шишето и тоа за многу! Во шишенце 150 мл, во кесичка 190-200. Преголема е разликата.. сте имале ваков случај?
Ништо ми одстои 90мл стоплено еден сат, морам да го фрлам по вода. Не можам никако ред да заземам со молзеново млеко, ми се плаче...
Проблемот е следен, бебе се буди, го земав да го подојам,а пред тоа го ставив млекото да се топли за да ѓу додадам ако бара повеќе, се врати да спие кома. Ако го ставам после подој се нервира и плаче нема трпение сака одма да пие ако му треба додатно, затоа пред вееме го ставив. Некогаш не се враќа да спие ама сега ете кома назад на спиење...
Цица еднаш, после седи будно некое време и огладнува и кога ќе го вратам назад на града, плаче не сака да фати и после му додавам со шише...
Се одмолзувам на левата на секои 3 сати, десната понекогаш само ја олеснувам кога ќе приметам дека е преполна, пошо дете само на десна страна цица.. Одма го ставам во фрижидер во позадина.
Ок. јас вака правам: после молзење ставам во шише и во фрижидер. Обично од неколку молзења во неколку шишенца по 30, 50, 120 мл, кога како. Сѐ додека не затреба не го вадам. За 1 ден ако не го искористам, го замрзнувам. Во меѓувреме секако молзам нова количина, па така секако имам млеко во фрижидер спремно да се стопли. Помалите количини се подобри во ситуации како нашите пошто после цицање реално нема 100 мл да испие.. можеби 30-50 макс. А и не мора да го стоплуваш ако не знаеш дали ќе ти треба. Ако мислиш дека треба уште, тогаш стај го во врела вода (е водата можеш да ја стоплиш пред тоа). 50 мл се стоплуваат за 5 мин, додека го нишкаш, го гушкаш, тие ќе се стоплат..
Прво види по цицање колку бара плус не мора одма понишкај го малце стави вруќа вода во сад некој или ѓезве и стави го млекото и за неколку минути ќе го стопли.Ништо нема да му биде за неколку минути само што тебе ќе ти пукне главата што ќе поплаче малце
Да прашм, зошто синоќа не можев никако да се измолзам, а градите ми беа полни грутка. Се масирав и притискав, никако не сакаа да попуштат. Утрово се измолзив и сега исто без проблем реки течат 150мл.
Под туш со топла вода масажа, и пробај некоја друга позиција. Мене ми се случува ако сум исправена да не капне капка мора малце да се свиткам, пет пати се одмолзувам (без кичма останав )
Бејби пази се од хиперлактција ако не цица а ти самп вадиш и вадиш после ќе си напрајш проблем. Бар мене со левата града преполна ми беше цело време само празнев дете спие а ја жива ненаспана со пумпата по цели ноќи. Види по него колку ну треба да пие Грутки мене ми се правеа дека со пумпа не можеш толку да извлечеш колку бебе со цицање мислам имаше 7 дена кога секоја ноќ во 2 саат бев со грутки и станував
Колку време може измолзено млеко извадено од фрижидер да стое на темп од 19-20ст без да се загрева претходно? Пред да си легнам околу 10 и пол 11ч извадам за малата и си стое додека не се разбуде, околу 1,2ч. Дали е во ред толку да стое?
Па се туширав синоќа и масажа, ама што бидна не знам.. денес еве се е во ред. аха значи ако пие 120мл толку да вадам? И 20 од фазла за ској случај..