Ќерка ми некогаш ја преспива цела ноќ па јас се измолувам кога не цица. Сега почнав да го складирам во замрзнувач молзеното млеко ама сакам совет од некоја по искусна да ми каже како точно да го складирам.
има специјални ќесички за млеко, на Авент и на Медела по апотеките. ТИЕ на АВент се 510ДенАри, 25кесички. Се пишува на нив датум и мл. Јас во такви складирав
Тоа знам. Поконкретно ме интересира полнењето и затварањето на ќесичката, некаде прочитав дека воздух не смее да остане внатре оти се расипувало млекото.
јас искрено првата недела не знаев за тоа, па имав ненамерно оставено воздух во 7-8 ќесички. Ги искористив после месец дена, не им беше ништо. Откако прочитав тука, гледав да го истиснам воздухот
Почнав од скоро да ја хранам со измолзено мајчино млеко. Што правите со тоа што нема да го испие? Го ставате во фрижидер? И ако да дали го топлите после пред да го пие? Вчера така остатокот го фрлив, и за следното јадење немав доволно и морав аптамил, многу ми беше криво
Да ама од веќе пиено шише со млеко не пишува колку може да стоои. Во него останува плунка и бактерии од устичката на бебето.
Во право си, ако веќе е пиено од млекото и истото го чуваш сигурно не важи ова. Јас се водам по една книга што ја имам, и од патронажна сестра што ми кажа 4 часа на собна темп до 23 степени, 48 часа во фрижидер. Инаку цела сум хаос, додека фатам ред. Сега еве многу малку испи ама беше и на града. Ми останаа некои 40мл и го ставив во фрижидер. За пола саат пак се раскенка, гладна, па пак го вадев и го топлев во сад со вода. Па си испи уште малку таман за цел оброк. Ваљда не и направив нешто па да има проблем сонстомачето.
Ќе фатиш ред не се секирај. Подобро ставај помалку во шишенцето ако го испие дотури. Сега ништо нема да се случи сигурно, ама јас би избегнувала така да го чувам откако пиело од истото шише. Јас фрлав ама кај мене имаше секогаш повеќе млеко одколку што може да испие па и не се ни мислев многу далид а фрлам.
Тогаш не смееш да го враќаш назад, фрлај само, ајде уште колку ќе вадиш и колку ќе фрлаш, тек си почела И мене ми беше така криво на почеток ама сега се навикнав имам фрлано по 120мл по 150мл..
Кајмене жногу често е гладна оти е помалечко бебе, и за два саати не измолзувам 30мл. Од пред два дена имам млеко. И јас очекував вчера откога измолзив 60мл дека за два саати ќе имам пак, ама ете се зезнав
Ништо не грижи се стимулирај молзи ќе надојде повеќе. Течности многу види во темата доење можеш иститоќе совети .
Не не секако дека веќе пиено ќе го фрли..ама затоа ќе става во шишето по помалку па ако е гладно ќе му додаде, а тоа што ќе остане ќе го чува според правилата за чување