На 4 сати почнав по 90/100мл да вадам, млекото доста ми се намали. Дали можеби е поради тоа што не стимулира бебче на мене или па што прекинав навечер да се измолзувам, ќе се измолзам во 11 навечер и после во 6, понекогаш 7... Не знам од што ми се намали млекото.. Иначе 16та недела откако бебче е родено.
Јас вадам по 100/120мл на 4ч отприлика ама бебето ми е 6 недели. Не знам и јас дали ќе ми се зголеми според потребите на бебе или на ролку ќе остане. Ти од почеток ли вадеше поголема количина?
Да ве прашам мајки што ги храните бебињата со молзено млеко. Кога излегувате надвор со бебето како се организирате со млекото. Земав термос за бебешко шише само не пишува колку време одржава темп.
Ќе се зголеми ако стимулираш и ако на време се молзиш. Јас прво имав 60мл после 100 па 170 и сега назад на 100мл... Види от ко ќе се одмолзиш остани со пумпата стимулирај. А за надвор јас му додавам и ад и за надвор ад земам, тешко е со молзено надвор 2 сати ти трае.
Ад носиш спремно или надвор правиш? Ад стои еден саат само направено а мајчино до 4ч на 23,4 степени. Затоа земав термос за шишенце.
Да ги користиме шишињата на tommee tippee и си има соодветни термо торбички за нив.. не знам колку време може да одржува температура
Земав едно од Веро Џамбо што треба да има иста функција со ова вашето, но нема врска на изглед со ова кое вие го имате, па да прашам дали се продаваат вакви диспанзери некаде на друго место?
Јас за надвор земам вода во термос и ад ставено во стерилна чашка за мокрача и со лажичката си ставам колку ми е потребно. И мене ми е многу намалено млекото. Тоа е од што не се измолзувам редовно, многу ми е напорно понекогаш. Со рака стимулирам додека дојде млаз, ама понекогаш е потребно повеќе време. Мојата е секако на комбинирано, ама гледам да е повеќе на мајчино. Има денови кога ептен малку вадам, тогаш повеќе е на ад. Месечно отприлика 3 кутии ад од 400гр. трошам. Инаку мајчиното млеко на температура од 19 до 22 ст. може да стои и до 10 часа. Пред легнување навечер ставам во шишенце и си стои до креветчето за да кога се разбуди ѝ го дадам. Погодете што правам во 5 сабајле?