Да сите се повлекоа мене една недела после пораѓај ми се појавија и на бутовите и тоа љиљакови имаше и се си се врати во нормала и ништо нема сега
Јас редуцирав со измолзување, се измолзувам 3 пати за 24часа. Многу ми беше напорно, мислам дека бебче супер пиеше мајчино млеко, 4 месеци, секако најдобро е до 1 година, ама нема шанси јас да успеам толку. Скоро на сите ви давам максимум 4 месеци, а после тоа кој успеал секоја му чест! Полека полека ќе го прекиниме мајчиното и скроз на ад ќе се префрлиме, многу е напорно. На сите ви посакувам да си доете место да се измолзувате оти тешко дека се успева повеќе од 4 месеци. Осеќам грижа на совест, може и ќе паднам во депресија, ама и па и доста сум одморена сега и имам време и за себе повеќе.
Мислев дека нема да се нацица доволно бебето од мене, па стоплив 50мл мое измолзено млеко, а он заспа и не му го дадов. Претпоставувам ќе се разбуди некаде за саат време, максимум 2 саати. Да го оставам млекцето на собна температура ќе смеам ли да му го дадам во следните максимум 2 саати или морам да го фрлам?
Препорака е до 2 3 часа на температура од 22 24 степени. Ама тоа важи за свежо молзено. Топлено не. Тоа веднаш се пие или се фрла.
мајки по колку мл млеко од прилика Ви пиеја на 5 месеци бебушите? ние сме 4+++ и последниве две недели само ми намалува од 720 на 600 мл дневно стигна..
Мајки по колку мл им давате на бебињата молзено млеко? Дали се водите по формулата според ад или како?
Зависи колкаво е бебето. Моето сега е 4++, пие комбинирано молзено и АД, и давам 120мл на 3 часа, ама кога пие молзено помалку го држи и тогаш следно млеко давам на 2 часа.
Мајки што имате медела електрични пумпи, дали на нив пасуваат само медела шишиња или и други што се со универзален отвор?
Јас имам едно стаклено шише од 240мл од Canpol babies од зегин купено и ми одговара на пумпата. Валда и другите од овој производител одговараат.
Здраво сакам да прашам кога измолзувам млеко на пример 50мл го ставам во фрижидер и после два саата пак во тоа шише коа ке се измолзам во тоа млеко го ставам и тазето и го загревам да биде млако шишето дали р правилно така
треба да бидат на иста температура за да се измешаат двете млека. Загреј го тоа од фрижидер и потоа додај го свежо молзеното.
Син ми е за 4 дена 1 месец. До сега е само на доење, со што на почетокот бидејќи не цицаше добро по цицање се измолзував и додавав уште 30 мл во шише. Е сега овие денови морам да одам до работа и ќе се измолзам ќе си оставам млеко, но без да цица маж ми колку мл може да му даде од еднаш? Дали има некоја шема според месеци/ кила не знам?
На собна до 4 часа(на топлово не би го држела толку искрено), а во фрижидер 4 дена во најладниот дел на фрижидерот долната полица и на крајот. 60мл-90мл зависи колку му е доволно желудничето му е колку неговата тупаница .
Мајки, тие што имате воведено и тврда храна, дали продолжувате со измолзување и на колку време? Син ми е веќе 9 месеци, и имаме 2 оброка, и млекото мн ми се намали, овие денови мн малку имам. Особено ноќе па нема кога се буди, и тоа што го има не може да тече, нешто и рефлексот на испуштање затајува. Знам дека колку поретко се измолзува според тоа и лактацијата се прилагодува но зошто кај мене го снемува... Ете мајки и со 3 оброка успешно си дојат во секое време. Можеби 9 месеци и доволно е за измолзување ама некако срце не ми дава да престанам...