Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хранење со измолзено мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Желче, 28 февруари 2017.

  1. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    Ние сме 8++ се измолзувам 4 пати дневно, веќе одамна имам забележано дека на ноќното измолзување и тоа сабајле имам повеќе млеко, на тие попладне помалку.. причина мислам дека е тоа што сум ноќе убаво одморена и јадена (знаам и во 2,3 да си седнам онака со ќеиф да си кркам :lol:) а денски бидејќи активна цел ден затоа помалку.. но битно стигнува.. нема откажување колку има толку битно да не се даде АД ;)
     
    На dromka и felisitas им се допаѓа ова.
  2. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Јас така бев до пред некое време, сега со вториот оброк некако намали доста млекцето.
    А по колку оброци млеко даваш и по колку мл?
     
  3. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    Зависи кога, како.. некогаш ќе јаде повеќе кашичка и не ми пие млеко, некогаш не сака каша па пие повеќе млеко.. затоа секогаш имам резерва во фрижидер па и топлам кога ќе побара.. еве вчера не сакаше млеко ептен малку пиеше но затоа пак кашичките двете ги изеде по 160, 170 гр а денес пак борби водиме за кашичка а млеко со ќеиф си пие.. иначе 4,5,6, оброци имаме зависи кога како и од 80 до 130 мл сме по оброк.. вие?
     
  4. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    И кај нас има разлика од ден до ден, воглавно кога ќе стане пие околу 150, па следи прва дремка па иде на ред кашичка. Ако ја изеде цела дури за следен оброк давам млеко околу 130. Па пак кашичка. Значи во текот на денот може да има 3 4 шишенца по 120-150мл. Сега дека мн помалку млеко имам може и одма кашичка да дадам после станување. Ноќе давам од града директно ама не пие мн.
    Не ми се прекинува сега со измолзување кога го поминавме најтешкото, кога се будеше со плачење како помал и кога беше по нетрпелив. На 5 6 саати да вадам по 150 ми е супер, така и беше. Сега ми намали многу
    Ноќе за чудо скоро ич немам.
    И јас така еден период чував резерви. Имам и доста замрзнато ама немам дадено сеуште од тоа.
     
  5. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    Па можеш да почнеш да одмрзнуваш штом имаш и доколку сметаш дека не ти стигнува..
     
  6. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    10.098
    Пол:
    Женски
    Мајки вчера се измолзив и го ставив млекото во фрижидер, сакам денес да и го дадам па како да го затоплам? Само на собна тт да го оставам или како?
     
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Можеш во шишето и во топла вода да го ставиш шишето да се загрее
     
    На Mihaela123456 и Naatashka123 им се допаѓа ова.
  8. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    До кога трае ова измолзување? :rofl: 2 месеци сме веќе, полнам по 4 кеси на ден и ги замрзнувам. Тоа е премногу време во денот поминато со пумпа во рака :( а и снемувам место во фрижидер. Што понатака со толку млеко?
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе молзеш толку повеќе ке се созадава. Намали молзење, молзи колку да ти олесни.
    Има иницијатива за подарување молзено мајчино. Или подоцна да даваш со јадење, гриз ориз итн.
     
  10. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Обично молзам по 10мин од двете гради и полнам кеса од 180мл. Мислиш ако молзам пократко нема да се создава толку многу?
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Да да, молзи само да ти олесни. Тоа се многу милилитри.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mamvita

    Mamvita Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мајки денес полниме две недели, бебушот не цица па се измолзувам рачно, бидејки со пумпа не ми успева. Измолзувам 100 мл и бебушот ги испива. Дали е многу млеко за толку мало ?
     
  13. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Мајки совет ако може. Во што да чувам мајчино млеко ама во помали количини пример околу 60 мл и потоа да ги затоплам и да ги пие
     
  14. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можеш во чашки за урина. Стерилизирани се.
     
    На BezglasnaBukva и Hippie им се допаѓа ова.
  15. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
    најубаво во стакло, тегличка или стаклено шише. Има специјални ќесички на Авент и уште 2 производители, за складирање на млеко
     
    На Snowflake92 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. Simsot

    Simsot Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мајки продавам медела флекс електрична пумпа, доколку сте заинтересирани контакт лп
     

    Прикачени фајлови:

  17. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Колку време може да седе измолзено млеко во фрижидер ?
    И после како се стоплува?
    Во кеси или шише директ е најдобро да се остава?
     
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Максимум 2 дена. Битно е да го ставиш најдалеку од вратата, до крај, за да не му се менува температурата кога отвараш фрижидер.
    Ако ти е за други да му даваат кога си излезена, најлесно е во шише. Спремно да си е за пиење. Кеси ти требаат ако го мрзнеш.
    Се топли во жешка вода. Значи ке згрееш вода во сад, секако да не врие туку да е жешка, ке тргнеш од плоча и тогаш шишето со млеко во водата ке го ставиш. Млеко директ на плоча никако. Ни сад со вода а во него млеко на плоча никако. Потоа, ке го вртиш со кружни движења нема да го тресеш за да се соедини. Можеш и под чешма на млаз вода ама е поспоро загревањето.
    Ако нешто испуштам прашај ме слободно.
    Кај @Kaetana и doenje so ljubov на инста ке најдеш се што треба за мајчино млеко доење итн.
    https://www.hipp.mk/mlechni-formuli...eti-za-doee/shto-e-vazhno-za-izmolzeno-mleko/
     
    На felisitas, dromka и Nefertiti. им се допаѓа ова.
  19. Babycool

    Babycool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Мајки дали знаете 5 месечно бебе по колку мл пие млеко? Ќе бидам отсутна од дома на неколку часа и сакам да оставам измолзено млеко. И дали ќе успеам да се измолзам рачно без пумпица? Сеуште немам купено.
     
  20. GFlower

    GFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Кои ќеси за мрзнење се најефтини?

    Прочитав за користење на пластичните стерилни чашки ама верувам дека се со бпа. Го вадите замрзнато млекото па го загревате или? Не би загревала во таа пластика...