Не сум породена но читам за секакви работи поврзани за пораѓај, после пораѓај бебе итн,едноставно се спремам иако веќе еднаш имам родено но одамна беше ќерка ми е веќе 10 год. Е сега сакав да споделам што прочитав а не сум знаела за тоа а е корисно секој да го знае. Не сум знаела дека измолзеното млеко не се меша/клацка оти со самото мешање губи на протеини, правилно било да полека се врти шишенцето и на тој начин да се измеша за да се задржат протеините.
Мамички ние сме скоро три месеци и во глобала сме на измолзено млеко кога не стига тогаш давам адаптирано. Ме интересира кога измолзеното млеко стоено во фризидер и е затоплено доколку малата не го испие колку време може да стои надвор за да го искористиме. И имате ли искуство како да се зголеми количината на млеко се измолзувам на 2,5 3 саати пијам чај хумана за доилки и гледам колку можам да внесувам течности. Фала ви
За да ти се зголеми количината на млеко мораш и после последната капка да молзиш на празно некое време. Ако си решена да тераш така, да се молзиш и да даваш на бебе (што е за пофалба) побарај на интернет, цела “наука“ е тоа, како на најправилен начин да се молзиш за да не ти се намалува млекото со тек на време, зашто бебе расте и ќе се зголемуваат неговите потреби. Види и во групава на ФБ, има корисни совети. https://www.facebook.com/groups/1334082466619894/
Мајки ајде малку помош Сакам да се измолзам со рачна пумпа на авент. Ми рекоа не треба да биде комплетно сува пумпата, т.е да не ја цедам туку мијам и така влажна со капки да се молзам. Така треба? А шишенцето од кое ќе пие, исто може да го измијам и така влажно да го наполнам или морам да чекам да се исцеди/исуши комплетно? Инаку стаклено е. Може во стаклено да стои во фрижидер? Кој е протоколот? Молзам и ставам во фрижидер. Колку може да стои? И какви се тие правила некаде прочитав, млекото да не пожолти, да не се двои... На што да внимавам? Извинете, не сум се молзела досега.
Девојки мал совет. Моето бебе е многу лакомо и мрзливо да цица. Уште на болница беше јасно дека нејќи града да фати, а јас имам доста млеко и од сам старт започнав со измолзување и решена сум да го хранам со мое млеко преку шише. Сега сме 17 дена стари, си тераме со редот на ранење на секои 2сати по 70мл (дозата ми е одобрена од педијатри). Прашањето ми е бидејќи ми течи млекото искуство од некоја мајка како да го складирам, каде можам да најдам ефтини влошки за гради и било каков совет е добредојден.
Ima kesi za skladiranje na mleko. Na Lansinoh mislam deka se najeftini. Se sto e visok mozes da go zamrznuvas uredno belezano so datum i posle mozes da go davas na bebe. Vo zamrznuvac mlekoto moze da stoi do 6 meseci. Od vloskite za gradi sum koristela na Babylove od DM i na Helen Harper od Zegin. Ovie se edni od naeftinite, a se dosta solidni.
Molzes stavas vo frizider , moze da stoi do 48 casa vadis od frizider go stavas vo mlaka voda da se zatopli i davas na bebe ova mi e vaka kazano od dr sajkovski
8 месеци се измолзувам. Од фрижидер топлам во вода и давам. Друго строго правило нема. Во фрижидер го чувам 24 часа најмногу. Кога еднаш ќе се стопли за еден час се пие. Ако не го испие го фрлам. За пумпата нема правило исто. Ја ставам да се суши и до наредно молзење колку е исушена толку. Шишињата исто ама брзо се сушат. Можеш и во стаклено ама мислам побавно ќе ти се стопли после млекото.
Напритив, пластиката е поголем термички изолатор, а со тоа и побавно се загрева/лади. Стакло побрзо ќе загрева/лади.
Се молзев на 3 до 4 часа од 120 до 150 мл. Сега зашо појдов на раб распоредот ми е хаос. Кога имам време молзам. Битно за бебушка оставам.
А кога ќе го извадам од фрижидер, за колку време треба да се испие? На пример ако сакам да излеземе и да го понесеме со нас? Фала ти
И јас да прашам нешто за колку време отприлика ги измолзувате овие 120 до 150 мл. Јас се молзам 40 до 50 мин за да измолзам толку и од 7 до 8 пати во едно денонокие. Тешко е ама нема друг начин