Авент се најефтини мислам, 25кеси околу 600ден. Медела се 1380ден. Инаку замрзнував и во чашки, нема потреба да се загрева во чашката. Оставаш да се одмрзне, ставаш во шише па загреваш
Вчера извадив кеса од замрзнувачот и ја ставив во обичниот фрижидер и не ја искористив. За колку дена може да ја искористам?
Јас да се исправам, денес малку читав, чашките за урина се од полипропилен кој нема бпа. Се смета дека е безбеден за користење со храна.
Дали се раководите за количината на мајчино млеко според адаптираното млеко т. Е. Според месеците. Знам дека мајчино се дава колку што сакат, но чисто ме интересира, не знам дали моето пие доволно
Od majcinoto mu davav po 10-20ml povekje, sekako zavisno od vozrasta na bebeto. Zheludoceto im prima ogranichena kolicina mleko i treba vreme da se svari
Мајки дали е во ред доколку не го испие целото млеко, за кратко да го дадам остатокот. Пример после пола саат или саат. Бидејки некогаш така сака да пие.
"What’s the reasoning behind this guideline? When your baby begins drinking from a bottle, there will be some bacterial contamination that occurs in the breast milk. How quickly this will make the breast milk unsafe to consume depends on the room temperature, how long the milk has been stored, and the bacteria present. As a general guideline (without knowing the individual circumstances of each bottle) the CDC states that offering again within two hours should be safe for consumption. After that, it may not be, and so should be discarded."
Мајки бебе е една недела, заглавени сме во болница, веќе 4 ден се одмолзувам и давам на 3ч по 25мл давав, 30мл, сега 40мл, доволно ли е? Едниот педијатар вели доволно е, др малку е. Бебе почнува да цица но многу малку исцицува се уште, но почнува да бара почесто млеко. Совети?
Ако молзиш цело време и даваш педијатар ќе ти каже според тежина и возраст колку треба. Ако даваш дохрана еднаш на ден или еднаш во неколку дена, измолзи 90 + 30 + 30 пример (за да не фрлаш млеко) и ако испие 90ка и сака уште ќе му додадеш, ако не другото ќе си замрзнеш или ќе ти остане за подоцна, затоа што ако доиш не можеш да знаеш колку цица. Мојата еднаш ја мереа пред и после цицање 180мл испила, а од шише 90 дали ги пиеше.
На два месеци пиеше по 80,90, до 110 на 2.5 часа, и секогаш му беше малку, врескаше за уште, сега на 4м пие по помалку почесто, наместо да е обратно. Оваа недела сме во 4ти скок пие по 14 пати на ден, се лигави, ама нудам постојано 50, 30... се додека не испие барем 800мл во 24ч. На 3м пиеше 700мл во 24ч, сеа просек му доаѓа а 850мл на 24ч. Битно ти е во 24ч да испие доволно и да си качува на килажа.
Сега почнувам со молзење, и давање од шише, но само од една града бидејќи не сака никако да цица од таа града, имам премногу млеко па тешко и е да цица се дави, засркнува, плаче и се турка, а од другата града немаме проблем си цица најнормално. Можи ќе се консултирам и со педијатар, нова сум во оваа работа со измолзувањето па не знаев колку да и давам, поготово дека од една града цица, од другата молзам па пие не можам баш да се снајдам, мах пие по 90 мл ( често и помалце 50-60мл ) и потоа не сака повеќе но по еден час, некогаш и помалце, повторно бара.. па мислев дека треба повеќе од 90мл но кога не сака тоа е Инаку досега супер напредуваше, но немавме проблеми цицаше од двете гради, овај проблем е околу две недели, ќе видиме сега како ќе биде...
Да пробаш мајка прво да одмолзиш од градата што не ја фаќа бебе за да го намалиш првичниот млаз па да ја понудиш на бебе. Или во полусон таа града да ја нудиш за да ја прифати.
Да навечер кога е во полу сон секогаш ја нудам првп таа града и вистина си почнува да цица но тоа трае само 2-3мин и потоа почнува да се засркнува, да се дави и се откажува.. така да пробам малку да се измолзувам па да и давам тогаш од града кога млазот ќе биде помал..
Здраво, да ве замолам за препорака за ефтина варијанта на електрична пумпа? Конкретно има едни на Kikka Boo? Дали се добри? Ви благодарам