Јас сум тазе породена бебуш има 8 дена и несака да фати на града па морав да купам пумпа ја земавме на kikka boo таа што има дисплеј на самото шише и искрено до сега сум презадоволна.
Kikka Boo Serenity е добра за цената, малку споро оди (70 мл за еден час) ама тоа може до мене да е, не до пумпата, не би знаела да кажам. Вака задоволна сум.
Тоа е малку стварно, ама се зависи дали и имаш млеко. Стимулирај града како да молзиш рачно додека молзи пумпата и види дали ќе извадиш повеќе. Јас со вакум со градата ставав шишенце, ја пикаш цела града внатре и правиш вакум полека, за да го собере млекото кое слободно ќе тече од другата града и да ти се слободни двете раце, а со една додека држев пумпа со друга стискав града како да молзам рачно. Тешко беше, ама тоа е.
Еве и јас се чудам, веројатно немам доволно млеко, ама па од друга страна бебе одлично напредува, 60 грама на ден... Еве дохрана 2 дена не сум дала, а и кога давав беше еднаш на ден 60мл. И на цице сме нон стоп кога е будна, а и во спиење и давам ако почне да мрда. Пријателка ми предложи power pumping, ќе пробам и тоа...
Ама ако доиш голема е веројатноста дека нема да можеш да извадиш многу млеко. Јас мислев само молзиш. Не се замарај со молзење ако доиш. Со дополнително стимулирање можеш недајбоже и хиперстимулација да направиш, па мастити, чим бебе цица и напредува уживај.
Некој со искуство да ми препорача која е најсоодветна електрична пумпа за ексклузивно пумпање? Ја имам од Медела мини електрик позајмена но веќе прави проблем и мислам дека ќе морам да купам нова. И колку долго некој успеал со пумпање да е бебе само на мајчино млеко?
Еве веќе 5м пумпам, само мајчино измолзено пие. 6м направи. Планирам ако имам млеко дофека да тргнам на работа па после ќе видиме, тогаш ќе има 10м, и веројатно 3 оброка, па ќе му ја мислиме, инаку ако можам сакам барем до 13м. Али за тоа нахнадно.
Мајки, Бебчево ми е 12 дена си цица убаво, а јас имам доста млеко... молзам 2 пати на ден, сега измолзив дури 150 мл... пробав да и давам не сака баш од шише, а не ми се фрла млекото.. досега фрлив неколку полни пишиња... седеа 3 дена во фрижидер и на крај ги фрлив.. како да го замрзнам млекото и во што е најдобро?
Ќе земам кеси на Медела, сигурно ли е таквото замрзнување? И дали прво во фрижидер одма по измолзување, па после во замрзнувач, претпоставувам? Плус, дали може да се меша млеко од неколку дена, пример од вчера и денес?
Ау мами немам такво искуство, немав млеко јас. Се надевам дека ќе ти одговори друга членка, мене ми е познато само дека има ќесички бидејќи другарка купуваше
Мајка јас 6м го хранам со измолзено. Молзам и во стаклени шишиња чувам во фрижидер до јадење. Топлам, му давам. До 24ч во фрижидер. Не сум мрзнела. Не мешам две млека, можеш ама треба да се на иста тт и се разнира не во разлика од 24ч. За мрзнење некој друг нека каже како.
Navlekuvas kesata na pumpa molzis i pravo vo zamrzivac. Jas molzev i skladirav za sekoj slucaj ama poso imam dosta mleko nemav potreba na moeto da davam odmrznato. Probav vo kasi da go stavam ama mn gi razvodnuvase. No zamrznatite kesi vo rok sto mi bea gi dadov na rodnina koja imase problem so laktacijata neso i docnese i dur da fati red bebeto piese od moeto odmrznato i super projde.
Што убаво. На другото што му направи? Имам сигурно над 3 литри, од средина на декември ми се, па до кај средина на јануари да сум молзела. Да фрлам а?
Ќеси рече ќе си набавиш, во такви ќе го мрзнеш. После молзење, можеш во фрижидер до 24 часа, после или мрзнеш или фрлаш, не е за пиење, а можеш и веднаш да замрзнеш. Во фрижидер се чува позади, не во вратата на фрижидерот. Ако мешаш две молзења треба да се на иста температура, не мешаш ако едното ти е во фрижидер и после тазе молзено да го ставиш во истото шише. Првото ти е веќе во фрижидер, второто го ставаш во друго шише исто во фрижидер да се излади да дојдат на иста температура, после ги ставаш во ќесичка двете заедно пример и мрзнеш. Препорака моја за замрзнување, да не ги полниш ќесите до крај, некои собираат 180 мл, а од кога ќе ја одмрзнеш мора да ја искористиш цела. Затоа имај си неколку ќесички помалку полни, 50 мл, 60 мл. Може и да не ги искористиш, еве мене све ми остана, ама ако затреба поубаво е да имаш повеќе по помалце полни.
Isto i jas se mislam sto da mu pravam, okolu 2l imam na koe ke mu pomine rokot za 1 mesec. Ke probam da go doniram ako nekoj go saka. Inaku se zeznav sto gi polnev kesickite so 180ml, sega pocnav po max 50ml i toa planiram vo kasicki da go stavam. Vo obicen zamrznuvac moze do 6 meseci da stoi. Ako dobro razbrav tebe ti e od Dekemvri sto znaci veke ne e za konzumiranje. Da go stavis vo voda vo koja se banja bebe e isto ubava idea.
Видете овде да го донирате https://www.facebook.com/Human-Milk-4-Human-Babies-North-Macedonia-106095561844391/
Зошто за ова не знаевме порано, штета. Не можам од одма да видам колку е сертифицирана страната и колку како се запазени стандарди. Верувам дека нема мајка која би донирала не сигурно млеко на бебе, ама сепак. Можда треба да се искомерцијализира ова малку и да се поттикне да се направи некоја регулатива. Одлично што постои, некаков почеток е.