Замрзнатото млеко можеш да го ставиш во фрижидер и полека да се одмрзне, но можеш и пред употреба само да го ставиш во топла вода за да се одмрзне и стопли. Водата да не е врела и да не е вода што врие. Во фрижидер поспоро се одмрзнува, потребни се неколку саати. Кога ќе се одмрзне може да седи уште 24часа во фрижидерот.
Дневно измолзувам едвај 200 мл, а веќе сме 13 дена после царски малото несака да фати да цица и комбинирам со ад.. ме интересира од ваши искуства дали е доволно тоа дали ќе надојде повеќе или е многу малце млеко? Пијам и чаеви и течности и апчиња лактил све што треба правам...
Мамички бебе старо 6 дена. 2 дена не дојам туку се измолзувам и на 3 часа вадам вкупно 50мл од двете гради за 15 минути. Доволно е? Имам добра лактација? Страв ми е да не ми се намали млекото
Молзење на 2-3ч по 20мин града, и ако прекине да тече продолжи уште 5мин, надоаѓа втор млаз. Колку повеќе сега ќе се вложиш толку повеќе млеко ќе имаш во иднина. Не знам зошто не доиш, ама држи се сега за да имаш млеко понатака. Инаку тоа е сосема ок количина, првите 2 недели, после ќе треба повеќе ама и ќе доаѓа повеќе млеко.
Имаме проблем со фаќање на града и задржување, ја пушта мн често и плаче. Мн крв имам и ужасно боли, па сакам да пробам со молзено еден период додека да ми заздрават градите. Се надевам ќе се вратиме пак на доење. Фала ти, ќе молзам на 2-3 часа, се надевам ќе бидеме во ред
Здраво мамичии, измолзеното млеко што е во фрижидер дали можам да го мешам со пресно измолзено млекце? И колку може да стои, се гледа по млекото што е повеќе саати измолзено така? Фала вии многу ❤️
Прво на иста тт ќе ги доведеш па ќе ги смешкаш и одма да пие. Јас до 24ч давав, после фрлав, дека нон стоп имав ново молзено
25ти ден после спонтано породување, едвај пред 3 4 дена вадам 30-40мл одмолзено со тешка борба. Ве молам како да давам одмолзено со ад? Едно по друго или со пауза? И како да направам еден оброк од две одмолзувања кога на собна стои 4часа свежо?
Ќе го ставиш во фрижидер и ќе ги оладиш и двете па ќе ги споиш. На колку време молзиш? Не цица воопшто?
Можеш одмолзеното да го чуваш во фрижидер 24 часа. Кога ќе му го даваш на бебето го вадиш на собна тт да се стопли,или во сад со не многу жешка вода го ставаш шишето со млеко.
Се обидувам на 3часа ама многу тешко бидејќи е со грчеви и цело време плаче. На града ќе цицне и одма заспива не шмука убаво
На иста мака бев и јас. Ако цица буди го, како, како знаеш и умееш. Буцка го, штипкај го, расоблечи го, гледај да не ви е прежешко дома, остави го да лежи и кога ќе стане пак дај, ама гледај да цица ако веќе фатил. На почетокот и јас давав нон стоп на секое цицање и млекце дополна, сега не давам, он се научи и ќе цицне и спие, знае ќе добие шише, за 2 дена се откачивме од денското шише. Сега само по потреба, односно ако не сме дома. Навечер давам сеуште по 60мл пред спиење и спие подолго, ама тоа млеко го давам во полусон.
Дали измолзеното млеко кога ќе се извади од фрижидер мора веднаш да се искористи или може на собнс уште да стои
Јас сум го оставала, најмалку 1ч, а навечер кога е посвежо сум знаела шишето да го земам пред спиење и првото млеко да не станувам одма да го дадам, таман на собна, стоело сигурно 4ч. Но да речеме некој оптимум од 2ч може да стои, ако веќе се напие за 1ч мора да го испие.
До вчера имав многу млеко, бидејќи малечката не цица си користам пумпа цело време и супер беше. Еве денес цел ден ништо одвај 80мл од сабајле до сега се плашам да не снемам млеко некој совет ако имате. Се породив пред 12 дена пишав во друга тема сега видов па подобро тука да прашам