1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хранење со измолзено мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Желче, 28 февруари 2017.

  1. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво, тие што практикувате исклучиво хранење со измолзено млеко, дали се држите по некој распоред кога да пумпате, пример на секои три часа, или според тоа кога бебе ќе јаде па тогаш? Како ви се покажало најпрактично?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.133
    Пол:
    Женски
    Мајка @simpleewa прочепкај ја темава па ќе одговориме што не е јасно.

    Да, исто ко да доиш, на 2ч, на 3ч јас на почетокот молзев на 3ч, како растеше и јадеше намалував.
     
    На firequeenn, simpleewa, Miss Celestial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. happymum

    happymum Нов член

    Се зачлени на:
    30 март 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    На почетокот на 2, 2ипол саати, секогаш имав претходно измолзено млеко за бебе, вишокот го замрзнував (подоцна го искористив кога ми се намали лактацијата), како што потпорасна бебе правев повеќе саати разлика од една до друга сесија одмолзување бидејќи воведов цврста храна, сега сме 6ипол месеци и уште си тераме така само што нема вишок млеко
     
    На simpleewa, јolene, Miss Celestial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Кога беше новороденче пумпав кога он јаде, што беше на секои 2 часа. До кај 3 мес беше вака. После почнав на секои 3 часа, по одреден распоред.

    Има апликација Huckleberry, мене ептен ми помага за воведување ред за пумпање, спиење, колку млеко испил итн.
    Јас имам доста млеко, па тоа што сум пумпала вчера му го давам денес, а се друго замрзнувам. Тоа што пумпам денес е за утре.

    Еве пример за распоред што сум гуглала кога почнував. Ама сепак види дали според твоето млеко и градите би ти одговарало.
     

    Прикачени фајлови:

    На TutiFuti, Miss Celestial, simpleewa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене во оваа тема
    Јас од пред 2 дена започнав со пумпање, па сакам да прашам некои работи.
    Имено, пумпам бидејќи бебе се помалку сака да биде на града. Бебе е 3.5 месеци, трет скок тоа ни донесе. Ноќните 2 подои се се уште колку толку успешни, и евентуално утринскиот ако не се рассони брзо, а преку ден одбива да цица. Ако дремката е подолга, па тогаш ја земам пред да се рассони и цицнува, ама завршува со плачење и тогаш.
    Јас немам премногу млеко, на некои пумпања пумпам по 120, ама во средина на денот негде околу ручек пумпам по 70-80, па така тогаш давам ад, за до следното пумпање да направам цела доза. Имам околу 6 пумпања од сабајле 7, до вечер 9-10, на 2.5 - 3 саати, последното го користам за следното сабајле да имам доза. Значи давам ад еднаш преку ден и еднаш навечер.
    Прашањето ми е, дали треба да пумпам и преку ноќ или доволно е тоа што има 2 подои, да напоменам не исцицува бебе до крај града на тие подои. И дали со пумпањето се зголемува количината или само се одржува? Ако пумпам на 2 саати, значи ли тоа дека ќе се зголеми млекото? Земам и лактил капсули и редовно пијам чај за доилки лактамикс.
     
  6. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Моето беше нецицач од почеток, првите две недели немав воопшто млеко, и само со пумпање добив млеко и успеав да одржам лактација се до сега (8 мес има).

    Ако сакаш да зголемиш количина пробај со power pumping- пумпаш 20 мин, одмор 10, пумпаш 10 мин, одмор 10 мин, пумпаш уште 10 мин. Вака секој ден по еднаш или два пати дневно.
    Исто, пожелно е да пумпаш навечер измеѓу 2 и 4, зошто пролактинот се лачи највеќе тогаш.
    После пумпање пробај да се доизмолзиш рачно.
    И многу вода, чаевите, лактил капсули, а мене и леден чај ми помагаше многу.
    Тешко е малку и одзема време, ама ако си решена ќе успееш!

    Нуди си града секако, најдобра е таква стимулација, ама пробај и вака некои 2, 3 недели, би требало да има резултат.
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам драга
    За ова power pumping, бидејќи имам една ел.пумпа.. прво едната града пумпам 20,10,10.... Па после следниот саат другата или како? Тоа не го разбирам...
     
  8. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Power pumping е една сесија на измолзување, напоредно значи.

    По препорака на консултант за доење, ми даде ваква шема и правев вака:
    - 20 минути молзиш (по 10 минути од града);
    - 10 минути пауза
    - 10 минути молзиш (по 5 минути од града);
    - 10 минути пауза
    - 10 минути молзиш (по 5 минути од града).

    Ова е најдобро да се прави навечер, за 1 час квалитетно поминато време со пумпата :D
     
    На simpleewa и Fenix05 им се допаѓа ова.
  9. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Да, така ќе мораш... Јас имам една единечна пумпа медела и една кика бу, и истовремено пумпам од двете.
     
  10. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Успешно и кај тебе беше, така?
     
  11. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Па да, со тоа што е дополнителна обврска во низата на други :$
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FairyRedForest

    FairyRedForest Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Здраво. Денес си го пробав моето млеко и има вкус на благо.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.133
    Пол:
    Женски
    Нормално, благо е млекото мајчино.
     
    На FairyRedForest му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    После неколку дена влезена во шемава, имам прашањца.
    Пример, пумпам и тоа млеко го чувам 2 саати на собна, ама сфаќам дека не ми треба и ставам тогаш во фрижидер. После кога ќе го извадам може 4 саати да седи на собна или веднаш треба да се искористи?
    Или сум испумпала 100мл, ми требаат уште 20мл. Па земам од тие од фрижидер, и како ги давам? Прво овие 100 па после тие 20 или?
    Колку отприлика давате на 3.5м бебе?
    Јас правам доза 130 секогаш, и некогаш на 110 негде турка со јазичето.. и ок, ја подигам.. и после 10 мин го нудам тоа шо останало, го пие и на крајот плаче.. не знам дали треба воопшто да и го нудам или како..?
    Ноќе имавме 2 подои, и сега ја земам ама се повеќе одбива да цица, цицнува смао 7-8 пати и се тргна.. и ако и дадам цуцла заспива одма. Треба ли да и давам ноќе шише? Преку ден пие вкупно околу 700-750мл, има 6кг бебево. Последно и давам во 8 вечер, насабајле станува во 7.
     
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    После вадење од фрижидер може да седи 1 час на собна температура.
    Ако планираш да даваш вкупно 120 мл можеш да ги споиш заедно и да ги дадеш, а можеш прво 100мл, па потоа уште 20мл ако сметаш дека треба уште да пие бидејќи велиш некогаш ги пие некогаш не.
    Ако не се буди навечер да бара млеко и добро напредува нема зошто да даваш шише.
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Мхмм ти благодарам
     
  17. Inna.v

    Inna.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој ја има оваа електична пумпа за измолзување? Како сте задоволни?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6193.png
      IMG_6193.png
      Големина на фајлот:
      524,4 KB
      Прегледи:
      19
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    На темава да прашам. Освен течности, што друго се препорачува за да имаме повеќе млеко. Житарици , овесни знам дека треба. Друго?
     
  19. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Лактил капсули, чаеви лактамикс и холе, грчко семе, овесно млеко, ленено семе, пченица, кромид, апетисани несолени, сок од јаболко, леден чај од праска.

    Мислам дека напишав сè што ми текна во моментов :)
     
    На firequeenn и AlchinovaR1979 им се допаѓа ова.
  20. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво
    Од фрижидер млекото кога ке го извадите дали доколку не го испи цело пак може да се врати во фрижидер ?
    Бидејки јас во едно шишенце собирам бидејки околу 50 мл 60 се измолзувам и некад пие 20 - 30 мл некад цело .
    И дали доколку не го испие цело следното измолзување може да се додаде во тоа шишенце ?
     
    Последна измена: 2 декември 2023