Може исто и да се намали ако си пред добивање. Јас секој месец пред добивање борба водам со сама себе ептен ми се намалува Ама од кога ке добијам ми се враќа во нормала… мачно е али на крај се исплати
Одлично е тоа. Мојава првиот месец само 630 гр. (ако сметаме од родилна, не од исписна тежина), а сега вториов 700 рамно. Докторката не е загрижена ама ми потспомна дека малку било на долна граница. Млеко имам за извоз, бебе пие и повеќе од што треба. Весела, активна, полни пелени. Веројатно е само генетика
Ако има побарувачка ќе има и производство. Се што ќе внесеш е плус, ама основно е често да стимулираш (да цица бебе или да молзиш) за да се осети дека има потреба од повеќе млеко, и телото ќе создаде повеќе. Ама некогаш толку е капацитетот на жлездите и ако е така во твојот случај, да си жива и здрава и да не се оптеретуваш, и само едно шише мајчино во денот да даваш битно ти си направила тоа што можеш за бебето. Ќерка ми има 5 години цел живот е на долна граница. Јас имав млеко да наранам и две деца, а она си качуваше по 600гр. Од 3кила родена, беше 6 кила на 6 месеца и 8ипол кила на година. Само нека е здраво бебето, немој да се секираш за бројот на вагата.
Теоретски знам дека е тоа така и ме смирува фактот дека не се сите исти и не растат по шаблон, ама сепак повремено ќе ме пројаде црвот да не нешто не е ко што треба (на пример, дали ми е доволно хранливо млекото итн). Инаку родена е 3670 и на точно 2 месеца е рамно 5 кг.
Дали свежо измолзеното млеко може да го измешам со она што му остана на бебето од претходното цоцање пред 2 саати?
Тоа што ти останало од пред 2 саати не е препорачливо да го пие бебето, фрли го или можеш да го искористиш во бањање.
Edno so dr mleko ne mesam eventualno ako izmesas i ako ostane ke treba da go frlis otkako izminat 4 saati od prvoto, jas davam vo rok od 4 saati stoeno na sobna tempr. Taka voopsto i site preporacuvaat dokolku temp e do kaj 25stepeni
Не. Млеко од кое бебето веќе пиело, не се чува повеќе од саат време пд кога е почнато пиењето, се фрла.
Како го складирате измолзеното млеко? Зборувам кога сте фома и когс треба да јаде дома, не за излегување
Јас секој ден вадам стерилизирано шишенце од медела со капаче и како молзам го полнам- се молзам после секој подој и што остане таму ставам, не вадам ново. Мислам е ок вака
Бидејки сум на ексклузивно измолзување складирам во авент чашки и во фрижидер. Тоа што нема да се испие во рок од 24 часа, замрзнувам.
Јас не сум мешала топло (тазе измолзено) млеко со млеко во фрижидер. Ставам второ шишенце па кога ќе бидат на иста температура ги мешам. Така сум запамтила од првото дете пред 5 години, ама баш вчера гледав некое видео во кое велеа дека се додека се релативно иста количина може да се мешаат.
А ти како би постапила на мое место? Јас после секој подој му давам 30/40 мл мое измолзено, а потоа се измолзувам. Молзам некогаш 20 мл некогаш 50- зависи господинот колку е расположен за цицање. Како да го складирам тоа млеко? На секое ново шише да вадам? Кога би биле иста температура за да ги смешам?
Пример ладиш 2 шишиња на иста температура и после ги мешаш. И јас досега не сум мешала топло со ладно млеко.
Јас имам повеќе шишиња што се ставаат на пумпата. Обично на секое молзење имам доволно да замрзнам па ретко чувам млеко во обичен фрижидер. Ама ете ако имам повеќе мали количини од повеќе пати низ денот, секое шише го ставам во фрижидер и 2ч после ставање на последното шише во фрижидер ќе ги сипам сите во едно шише за да ја видам количината и да го замрзнам. Во твојот случај ако го даваш млекото на бебе истиот ден, би имала 2 шишиња со 20-30мл, нека стојат во фрижидер, пред да ги дадеш на бебе ќе ги споиш и згрееш. Така правев на почетокот кога собирав со Хаката преку ноќ, со секој подој ставав во едно шише, и насабајле сите шишиња ги мешав во едно.
Јас па прочитав дека Американската асоцијација на педијатри од 2021 веќе дозволува мешање на млеко во 24 часа, дека не преставувало проблем… фала ви многу што споделивте