1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хранење со измолзено мајчино млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од Желче, 28 февруари 2017.

  1. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    На секои 3 часа.
     
    На MomsdiaryDoris му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, бебуш веќе оди накај 3 месеци и не успеавме да цица целосно. Он ми се роди помал 2800, сега на 11 недели е 4250. По агонијава од цицање/ нецицање од денес решив да е на мое молзено, а по потреба формула бебелан. Не пие повеќе од 80/90мл- јас толку и молзам. Сакам да ве прашам за совети.

    Дали можам да се молзам на 4/5 пати во денот? Од кои два пати пауер пампинг. На пр. моментално во фрижидер имам 230 мл млеко, што сме покриени со скоро три оброци

    Кои ќесички за замрзнување се добри? Дали се добри тие на кикабу?

    Кога излегувате на подолг период надвор, дали имате торбичка за одржување на температура и таму ги складирате замрзнатите ќесички?

    Што би можело друго да ми го олесни овој процес, а него да му го направи поубав, освен стерилизатор и грејач за шишиња- што веќе имам?

    Пијам терапија за млекото- грчко семе, донперидон и лактил.

    Секое ваше искуство и совет би ми значело.
     
  3. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски

    Мајка за да одржиш лактација само често молзење.Не се води по тоа што ти имаш доволно залиха во фрижидер . Бебе како што расте ќе си бара повеќе млеко да пие, а ти ќе воведеш лактација онолку колку што му е потребно за сега а понатаму? Зависи дали сакаш да продолжиш да се храни со мајчино млеко и понатака. Така да гледај да се одмолзуваш почесто и да имаш повеќе на залиха ќе замрзнуваш.

    Кесите за замрзнување на кика боо се супер јас ги користам а и прикладни се со цени за разлика од другите.

    За излегување јас користам фризидерче со амонијаци внатре и држи ладно.

    За апчињата донперидон кој ти ги препорача?
    Јас освен лактил не пијам ништо друго освен течности.
     
  4. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Консултантката за доење, а гледам дека и во Канада и Америка го пијат често- го покачува пролактинот. Фала за советите, инаку цел ден сме на мајчино, навечер формула
     
    На Maricheee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Нема на што.
    А таблетиве во мк ги има ?
     
  6. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Да, 130 ден во сите аптеки, сма консултирај си се со матичен. Јас морав да ги земам бидејќи детево додека фати да цица…
     
  7. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    Најдобро е да се молзиш на секои 3 часа заради лактација да му сигнализираш на телото дека треба да произведува млеко. Пауер пампинг препорачуваат еднаш во денот и да биде во приближно исто време секој ден.
    За надвор можиш од тие торбичките или фрижидерче со амонијаци, ако одиш некаде каде што нема топла вода можеш да си носиш во термос за загревање на млекото.
    Мене ми е олеснително тоа што се молзам помеѓу оброци и така стално имам млеко за наредниот оброк. Ако одам подолго време надвор си носам и пумпа со мене, па во кола се молзам.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам, син ми е на комбинирана исхрана- цел ден измолзено и доење, навечер два оброци мешано формула и мое молзено. Ако пие формула, по кг тој треба да пие 90мл, меѓутоа не знам која количина треба кога пие мајчино. Јас моментално му давам 90 мл, по потреба 110- ептен ако бара. Ме загрижува дека веќе ќе почне да бара повеќе, а јас не молзам повеќе од 80, навечер и 100/110. Се молзам на секој негов оброк, пијам лактил, грчко семе, ама страв ми е да не не наваксувам за него. Совет?
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    За мајчино нема математика. Млекото се адаптира на потребите на бебето, може да создаваш голема количина ама поводенесто, или помалку, ама помрсно (ако го оставиш да одстои во шише ќе видиш како се двои маснен слој на површината). Како расте бебето, не пие којзнае колку повеќе, туку млекото се менува по состав. Јас не сум давала формула, ама од измолзено млеко ќерката не пиеше никогаш повеќе од 90-100мл, а синот почна со 80-90мл првиот месец, сега на 3мес пие просечно 130, ама се случува да испие 100мл или 180, еднаш испи и 200мл. Колку и да испие, гладен е после 3ч. Значи нема зголемено премногу, барем не до сега, и не очекувам дека ќе пие 200мл на секој оброк во иднина.
    Не знам дали во комбинирана исхрана може да се навикне на поголемата доза, па да бара повеќе и мајчино. Ама како што кажуваш главно сте на мајчино млеко, така да не очекувај дека ќе продолжи да качува во тоа колку пие.
     
    На Evangeliaa22 и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  11. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот. Он се роди со помала килажа- 2800, сега последно мерен минатата недела 4250. На тројна исхрана сме, цица, па му додавам мое молзено, па јас се молзам и така секој подој- потфатено му беше јазичето првите три недели, па додека научи убаво да влече и цица не качуваше на килажа, па мораше вака. Инаку почна со 60 мое молзено, стасавме до 90. А приметив дека бљуцка ако му дадам повеќе- значи му е доволно. За млекото знам, горе стално има маслен слој ко кајмак. Сега се борам како да му ја направам комбинацијата со формула- прима два пати само навечер и тоа: 60 формула 30 мое, или обратно, зошто се случува да не престигне млекото- периодов многу ме одбива за цицање и сум приморана да му давам цели оброци, а не само дополнително од 40/50 после цицање. Искуство околу ова? Мнофу ти фала на одговорот
     
  12. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, дали некоја од вас користела portable пумпи? Знам дека не заменуваат класична пумпа, меѓутоа можат многу да ја олеснат работата со молзењето па се муслам да земам
     
  13. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    Јас користам најмногу кога излегувам подолг период од дома, меѓутоа се наоѓа и некогаш за по дома на пример кога бебе кенка.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Која ја имаш? Има нова на кикабу па се мислам да земам
     
  15. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    https://www.amazon.de/dp/B0CKD2ZXKL?ref_=cm_sw_r_apan_dp_NP579WD9VBA7EJ1KNT1B&language=en-GB
    Јас ја имам оваа. Мене ме нервира тоа што има повеќе делови за миење од класичната пумпа и поболно ми е молзењето со неа.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, да ве прашам од каде земате убави ташни што држат температура? Јас шетам со фреончиња мали и едно торбуле од џамбо, ама мислев да не има поубави некаде
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    https://lococroco.mk/kategorija/akcesoari/izolator/
    Незнам што точно бараш, но ваљда нешто вакво?
     
  18. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, 4+ сме и нон стоп ги стерилизирам шишињата. Дали ги стерилизирате шишињата на секое?
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Jaс ретко стерилизирав шишиња... две деца пораснав така. Сјајче бебешко од Фрош и топла вода, тоа користев.
     
  20. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    Само еднаш навечер ги ставам во стеризилатор исто и деловите од пумпата, само еднаш во денот ги стерилизирам.