Од мајчино млеко не мора да се стерилизираат на секоја употреба. Доволно е миење со сјај. И јас гледам еднаш дневно да стерилизирам се, ама и на два дена ми се случувало да ги стерилизирам, никаков проблем не сум имала.
Ја и ти мајка исто сме и јас се измолзувам по цел ден и му давам по 1 до 2 АД навечер напорно но се за нашите малечки инаку ги стерилизирам само еднаш дневно а перење после секое јадење.
Девојки ве молам за совет..дојде да ме види сестра што работи во советувалиште за доилки/родилки. Градиве ми се полни млеко, топли, тешки дури и грутки имам. Првите 2 минути поради најверојатно запушени канали, не протекува ни капка, нити со рачно молзење нити бебе кога влече. Оно затоа фаќа, пушта се нервира и почнува неконтролирано да плаче. Проба она да ме стиска за да ме отпуши, но нејќеше ни така. Со пумпата двојна електрична веднаш почнува да тече. Ми кажа за да не си правам стресови веќе и него да не го нервирам и изгладнувам, најдобро решение е на 2 часа јас да се измолзувам и на 2 часа да му давам да пие измолзено над 60 мл зависи колку оно ќе си испие. Веднаш му дадовме 90мл измолзено во 4 часот, се си го испи и си заспа. По 2 часа во 6 го станав, убаво се искака за прв пат фала богу и испи 60мл. По 2 часа во 8 испи 20мл.. Што мислите? Океј е овој начин и дали е вака правилно? Не можам веќе психички паднав скроз и цело време сум под огромен стрес со доењево и се ова што се случува..Породена сум во саботата царски, денес ни е 2 ден дома. Испуштени 3 дена дома од вторник со 3080г, сега сме 3040..На 6ти сме на контрола па ќе видиме со килажата како ќе биде..
Прво смири се се ќе биде во ред штом имаш млеко. Исто и јас сум со каналите не мо тече млекото веднаш туку треба со пумпата по неколку влечења за да тече. Пробај на града ако нејќе пушти пумпа дур ти протече млекото и после нека влече бебето. И кај мене беше плачки бидејќи не ми истекува веднаш млекото па се измолзувам на секој 2-3 часа веќе не ни пробувам ма града одлучив дека вака ќе си функционирам засега немаме проблем.
Мојава е денес точно 7 месеци од почеток сне на измолзено мене никој не ми кажа на саати да ја ранам него колку сака кога сака тогаш, исто и кај мене беше некогаш 90 негошаш 30 зависи како е гладна битно да напредува ние на првата контрола ја вративмр родилната а тек на 2рата имаше качено плус. Знам дека е напочеток тешко ама после факаш ред, најбитно редовно да измолзуваш и приближно иста количина за да се среди лактација и многу вода пиење. И не слушај слабо јако млеко мене ме пукнаа на почеток со тоа мн било течно па без бојно па глупости. И мислам да не го будиш ако е гладно ќе стане секако доколку нема жолтица и такви некои работи
Моево има жолтица и затоа ми рекоа да го будам и хранам на 2ипол 3 часа..Инаку фала ти, ме утеши зошто 300 луѓе од страна ми ја полнат главата..
Oo da znaes kolku samo sum slusala muabeti na start i kolku pati sum bila na rab da zemam ad ta ke prekinelo mleko, ta ne bilo isto, ta bebe sakalo zesko mleko ne na sobna temperatura, sreka soprugot sto me podrza za ovoj nacin
Денес требаше набрзина да тркнеме до педијатар на мерење и за саат време јас не земав млекце од страв да не ми се расипе..исклучиво се храниме со измолзено, не сака и не може града да фати Шишенце од фрижидер во торба колку време е океј за да се испие? За 3-4 часа? И претходно пред да се стави во торба да не се стоплува нели? ..Нова сум во се ова и очајна
Ako veke stoelo vo frizoder vo rok od 1 cas maks. Jas na ova toplo koga izleguvam vo oni torbite sto drzat ladno stavam ladno sise voda i mlekceto za da ne bide na toplo taka drzi ladno
Не се расипува толку брзо јас никогаш не му го ставам и фрижидер на маса ми седи млекото по 4 часа макс го држам и ништо не му е Бевте на контролата? Колку е сега?
Пиши им на Наташа или Јасна консултантите за доење, објасни им ја ситуацијата, враќаат на инстаграм, ако си од Ск знам дека Јасна доаѓа и по дома. На почеток си и ќе ти помогнат за да почниш со доење, на долг рок стварно е мачно да се измолзуваш на саат/два.
Кога почнавте да преспивате навечер? Или барем еднаш да рипнете молзење? Јас има денови кога не станувам за молзење, а се случува и он да преспие по 6 саати- како вечерва, па да излезе да се молзам по 6 саати. Скоро пет месеци сме. Не ми е прв пат да не станам и да бидам искрена немам осетено намалување- исто си е
Ми се случува и мене мајка, не си сама. Посебно сега со регресијава хаос е се. Намалување кај мене има само пред да ми дојде, после се враќа во нормала.
Епа тоа… утепана сум од неспиење и знам да поспијам. Не сум склона на мастит или нешто такво, пофункционална сум ако поспивам… Јас уште немам добиено
Како што гледам имате негде околу 10дена јас исто на почеток се одмолзував и пиеше бебо од цуцла како мајчина града од авент така ми кажаа да земам тогаш патроназната ми рече до 15ден да давам на секој 2часа бидејќи имавме жолтица да се исчисти побрзо по 30-40мл млеко моето мекогаш пиеше 40мл некогаш ни остануваа 10мл. Нс секој 2часа си пиеше и имаше мокра пелена. Мислам дека е многу за 10дена бебе да пие 90мл. Мојата сега на 1месец пие 90-100мл. Прашај си убаво педијатар ама сепак по мене за толку мало бебе кое има зелудниче како тупаницата негова е многу толку млеко ќе ти повраќа и бљуцка, а и мн нормално за 2часа неможе да испие повторно толку. Иначе буди на 2часа давај млекце и пресоблекувај пелена треба да имате на секој 2 до 3часа мах мочана пелена за побрзо да помине жолтицата.