Кај да најдам такво ташниче за температура? Сакам ко ќе излезам некој пат да си носам молзено млеко, ама незнам во шо сигурно ќе стои и нема да се расипи на жештиниве..
Па искрено јас сакав да си инвестирам. Купив поголема од Карес 2100/200. Внатре облогата е баш дебела, патуваме 4/5 саати сѐ беше камен внатре ради фреоните.убавото е што можеме да ја користиме и за друго во следните години па си реков ајде ќе ја земам. Има и помалечки верзии
Имаш и во ЛокоКроко.. И јас се мислев и пред да раѓам дали да земам ама чекав млеко дали ќе имам... па сега чим имам, ќе тркнам од Локо Кроко да земам. https://lococroco.mk/kategorija/akcesoari/izolator/izolator-za-edno-shishe/
Па ова е за друго, не е за општо да треба да се молзиш некаде. Да можеш да ставиш фреони и слично. Вакви има на лиекспрес многу, јас и грејач за пауер бенк си купив
Ама ваљда може молзено во ова да носам..? Секако јас додека го измолзам дома, додека излезам.. дали 1ч ќе го носам во ова... Сега во најголемите жештини секако ќе сме дома. За таму 2ри, 3ти месец ќе ми треба.
Овие ако можат да не служат супер се, и за џабе пари, само шо знам сега за навечер пример после 7 саат ко ќе подзалади дали ќе стои барем 2 саати
Ако одиш во мол или така нешто да, е сега за надвор сигурно нема да излезеш на 50 степени, и сепак се заштитени, нели тоа им е улогата. Башка, бебе не пие расипано млеко, паметни се))))
Да, значи за во нормални услови е само, доволно за тие пари А и одма се познава дека е расипано малку повеќе да постои
После 3 месеца со двете деца. Со првото немав проблем со количина на млеко, со второто малку ми се намали. Двете деца беа кенкави и одбиваа да цицаат првите неколку дена, второто дете многу позначително. По завршување на менструацијата се се врати во ред.
Kako mi zavrai krvarenjeto tie 40 dena,posle mesec odma dobiv, na pocetok ne primentuvav deka se namaluva no sega da, vo period edna nedela pred da dojde i tie 3-4 dena posle se vraka vo normala
Мамички да прашам недела сме на свадба бебо за неколку дена полни 2месеца треба да го оставиме на чување. Умам замрзнато молзено млеко што треба да и го дадат како да го одмрзнам дали вечерта во сабота касно да го ставам во фрижидер да се одмрзнува па недела да и топлат во шише и даваат или??
Ако ја чуваш на ладно (во фрижидер), можеш и еднаш дневно. Иначе на секое користење треба да се мие. Од мајчино млеко не е неопходно да се стерилизира на секоја употреба, ама со сјај треба да се измие. Јас ја ставав во фрижидер, и ја миев и стерилизирав само навечер пред спиење.
Се што е во контакт со мајчино млеко. Електрична пумпа со шишето од неа, рачна со нејзиното шише, хака имав и 3 шишиња за пиење млеко. Цел ден правам што правам, пумпам, собирам во фрижидер, давам на бебе, и се стои во фрижидер ако било користено. Навечер се вадев, миев со сјај, пумпата обавезно ќе ја ставам во врела вода, најмногу заради малите делчиња внатре, ако немам доволно место во тенџерето, тогаш шишињата за пиење само миени ги оставав. Со првото дете на секое користење стерилизирав, па пак имав некое расипано млеко чат пат, најверојатно не сум ги миела идеално зошто нели ќе стерилизирам па демек и да не измијам идеално ќе се исчисти, ама не испаѓаше така. Сега со второ на овој начин ниедно млеко не ми се расипало. Од формула мора да се стерилизира, ама од мајчино млеко и само со сјај да се измие убаво е доволно.