Дали некоја имала несакани дејства од домперидонот? Упатството ме уплаши малку, а треба да почнам да ги пијам да зголемам лактација...малце ми е шубе, нешто во лекот било ризично по срцето и на доилката и на доенчето наводно..
Јас пиев 8 недели, не приметив нешто освен дека ме нафрлаше на крајот, а ништо разлика не забележав во млеко да сум искрена. Мислам делува ако си потазе породена. Јас го пиев вториот месец накај трет после пораѓај
Ај да си прашам вака денес извадив кесичка од замрзнато мое млеко и го стоплив во жешка вода т.е така го одмрзнав и кога го помирисав ми смрдеше како на расипана риба. Дали е нормално да е сменет мирисот за разлика од она кое им го давам од фрижидер.
Да не е сапунаст мирисот? Ако е расипано мириса баш расипано. Ако е само чуден мирис, тоа е млеко со лактаза. Ако бебе го пие, слободно давај го. Ако не ти го пие, има фора како да го спречиш тој мирис кога се молзиш. Мене бебето ми го пиеше без проблем.
https://www.whattoexpect.com/first-year/breastfeeding/high-lipase-breast-milk Овде е објаснето се. После молзење се загрева млекото за да се неутрализира липазата пред да се замрзне.
колку време може да стои молзено мајчино млеко во фрижидер обичен? А колку во замрзнувач и во што го замрзнувате?
До четири дена во обичен, за замрзнувачот имаше посебни правила, баш види на нет- зависеше ако е длабоко и сл… замрзнувам во ќеси, има едни на кикабу од лококроко стварно се ок
Многу е битно во кој дел од фрижидерот е за да се чува по неколку дена. Чувај ги ќесичките во оној дел што ти е до длабокото и каде што е поладно.
Фала ви. Па неколку саати би го чувала во обичен или ден два. Сега почна да цица подобро и плус ад, па и со буба мара собирам и се измолзувам. Ќе видам баш во Локо Кроко.
Здраво мајки, јас веке 3 месеци се измолзувм , дури сега имам поголема количина на млеко па сакам да почнам да замрзнувам, е сега имам во обичен фрижидер околу 400- мл од вчера и од завчера, дали можам сега да ги замрзнам иако стоеа 2 дена во обичен фрижидер?
Здраво женски, јас сум 9ти месец бремена и почна само од десната града да ми излегува колострум. Совет?
До кога се молзевте мајки? За некој ден 10 месеци, едвај престигам со молзење… да не зборам колку ми се намали. До кога сте издржале?
Супер се спремаат градите. Ќе си почне и од левата. Не се секирај, супер е тоа што ти тече. Мене од 16та ми течеше, некад од лева некад од десна само. Ништо не е тоа.
Ајде, доста е Веќе има оброци сигурно, ќе продолжиш со адаптирано и верувај, апсолутно ништо нема да му недостига на бебе. До полни 8 беше само на мајчино млеко мојата, после тоа само навечер давав адаптирано за накај 10ти скроз да прекинам да измолзувам. Немав веќе количина, плус бебе веќе бараше да ја играм, да бидам со неа, надвор се стоплуваше времето - идеално за шетање, јас со неа сама дома, и не можев веќе да сум роб на пумпата. Си го сметав и си го сметам за успех и тоа што успеав толку долго да и давам мајчино млеко. Така што, мој совет е да си продолжиш со адаптирано и да уживаш со бебе.
Издржав до 10 месеци и прекинав. Не можев да престигнам а и не вадев количински многу, плус тој период бараше повеќе млеко и реков толку доста беше.
До скоро година се измолзував, почна да ми се намалува и мислам дека доста успешно издржав. Сепак веќе се зголемуваат обврските и активностите околу нив и не е возможно да се постигне се..