Нешто пред 10 месеци престанав. Почна да ми намалува млекото а и со бебе нон стоп активно не можев редовно да се молзам. Мислам дека беше доволно.
Здраво, по колку мл на хранење ви пијат бебушите? Моето е 3м+ само на измолзено млеко е несака да цица и пие по 90/100 на 3часа. Понатаму кога растат пијат по повеќе или млекото само се адаптира по нивни потреби а мл остануват исто?
Може малце да поткачи, кај мене од 80 накајчи на 150, ама има многу примери каде остануваат на 120 и така си тераат. Млекото се менува според потребите на бебето
Моето остана на 120 мл, повеќе од тоа не сакаше а си напредуваше супер, почнавме од 60 постепено до 120, еве и ден денес 13 месеци е 120 мл, веќе сме на ад.
Мачкате ли нешто на брадавиците пред молзење? Јас сега ставив медела пурелан пошто ме болеше на суво да молзам, па не знам дали ова млеко да го чувам или да го фрлам.
Од што те боли? Не би требало да те болат, рана имаш. Јас мачкав на почеток зашто рани ми направи, ама пред доење, па така се спасив. За молзење не сум мачкала, и коа ми беа разранети не ме болеше со пумпа, за разлика од бебе коа ќе фатеше.
Не треба да те боли со пумпа кога се одмолзуваш .. боли кога цица бебо и нема да фати убаво. Види убаво намести ја пумпата да не те боли ако ја местиш лошо .. 7месеца се одмолзувам кога треба бебо да оставам за чување до сега не ме болело никогаш со пумпа
Имам ранички на двете брадавици, првите денови ми ги направи бебе не знаеше да фати убаво. Иначе ме боли као суви ги осеќам, кога се намачкав не ни осетив дека молзам, не знам зашо така.. иначе го фрлив млекото за секој случај
Ако можеш да не се измолзиш барем еден ден, само на цицање да сте и да мачкаш дента од ланолинот. Ќе ги омекне и мислам утрето нема да имаш проблем со молзење.
Да знаеш за друг пат, мајчино млеко не се фрла.. Нема никаков проблем со млекото од ланолин, сепак бебе цица и со намачкани брадавици
Не дека јас ќе пијам. Туку општо ме интересираше, дали има некои здравствени бенефити. Утре може некоја бизнис да си направи.
Имам замрзнато млеко а утре имам работа поручек, дали да го извадам сабајле па на собна температура да се одмрзне ама ќе поминат 4 часа сигурно или има друг начин
Zdravo, kako nosite izmolzeno mleko letno vreme nadvor? Pretpostavuvam deka vo sise samo ke se rasipe dokolku se pekolni temperaturi Postojat li nekoi termoscinja?
5мин пред да го хранат може да го стават во чаша со топла вода одма се размрзнува, не мораш однапред. @Sss26 Од @Spidy го научив ова, ќесичка замрзнато во термо торба(кај мене самиот ранец за количка има термо џеб), кога ќе дојде време за хранење во чаша со топла вода го размрзнувам, во секој кафич и ресторан имаат топла вода. Неколку пати така ја хранам кога сме искочени.
Исто што спомна Ноеми, само Јас зошто не седнувам никаде, си носам термос со врела вода и во него ја ставам кесичката. Се стоплува за некоја мин. Термос земав ваков, топ е или пак ако сакаш свежо молзено, можеш пак во кесичка и во термос
Можеш одсабајле да го извадиш директно во фрижидер да го ставиш, така може да стои 24 часа па таман ќе се одледи до поручек и после само ќе го подгреат