дали смеам во истото шише ако се измолзив пред два часа да речиме и седи на собна темперстура можсм да додадам ново измолзено млеко во истото шише и да го дадам да пие одма или за краток период, не повеќе од 4часа
Можеш да го оставиш свежо измолзеното малце да дојде на собна и да ги измешаш ама треба во рок од 2 часа да го дадеш зашто првото ти стоело веќе 2 часа и ќе станат 4.
Мајки ајде малку помош. Сакам да замрзнам млеко до сега немам замрзнато. Прашањето ми е по колку мл обично пие новороденче 20 дена сме, оти јас не мојата колку и да и дадам ќе испие од шише, па не знам колку мл да замрзнам? Дали е доволно да замрзнам околку 60-70 мл или повеќе треба?
нас др ни кажа 75мл измолзено на 2 - 3 недели, ама го гледам пие и повеќе. Јас замрзнувам од 80-120 зависи како ке измолзам ама гледам да не е под 75
Ти благодарам. Јас давам измолзено навечер кога гледам дека се успива и тешко и оди цицање, а и како помалку млеко да имам навечер па и давам плус 40-50мл некаде ама ја гледам колку и да дадам она нема да одбие. Па не знаев колку ќе треба само млеко без цицање.
И мене ова ме мачеше па истражував. Повеќето извори се држат до теорија дека доено бебе не треба да пие повеќе од 150мл наеднаш на било која возраст. На 3 месеци мојата пие од 70 до 100мл зависи кога последно е доена. Замрзнувам од 100мл до 150мл
Кога почнавте да замрзнувате молзено млеко? Бебка ми е 1недела, само на доење е, цица на барање на 2-3 саати. Со првото не мрзнев, па немам искуство, а би сакала да имам залиха ете ако треба да излезам или слично. Млеко имам, сега баш измолзив 120мл за 15мин со електрична пумпа Авент. Само не знам од кога да почнам со молзењето? Дали откако ќе се воспостави лактацијата, ќе можам да молзам, дали ќе имам млеко и тогаш? Да не и го кратам на бебка?
После месец почнав да замрзнувам, можеш сега само внимавај да не направиш хиперлактација со често молзење. Молзи после хранење еднаш дневно доволно ќе ти е.
прашање,дали има врска на колку температура го чувсте млекото во фриждер,дали е во ред вп пластично шишенце со кое што го хранам ,и го загревате ли во топла вода за конзумирање
Јас во фрижидер го чував во пластични шишиња. Пред да и го дадам го вадев и го загревав шишето во топла вода од чешма или од микро во едно тањирче.
Не е важна температурата, ама убаво е да стои позади, не на врата или напред зошто често го отвараме фрижидерот и тоа не му годи (не дека е страшно). Ако го трошиш за брзо можеш во пластични, ако го чуваш неколку дена поубаво е во стаклени (пак, не дека мора). Јас обично го загревав или во греач за шише или во зовриена вода во ѓезве. Колку што знам во микро не се препорачува, ама може и грешам
Не го греев шишето во микро, вода греев, кога немав топла, и таа вода ја ставав во тањирче, па во нејзе шишенцето со млеко. Иначе не се препорачува во микро.
Според тоа што имам прочитано на доено бебе повеќе од 150мл не треба да му се дава, не е како адаптираното да накачуваш милилитри како расте. Пробај колку ќе ти прифати, мојата највеќе 120мл има еднаш испиено ама повеќе од 3 саати немаше јадено, иначе 80мл и е просек на 4 месеци измеѓу два подои.