Не сум знаела дека постои начин. Јас замрзнував баш Нимо, и ако го одмрзнев за брзо беше океј, а сега пред еден месец сакав да искористам кесички стари по 5 месеца и смрдеше. Па сега имаме Клеопатра дома што се бања во млеко
Мене ми се случи истово со Медела ќеси, како скиселен вкус имаше а 2 месеци старо. Не знаев дека треба да се притопли, јас директно од обичен фрижидер го замрзнував
Мислам игра улога цел процес, стерилно шише, пумпа, града чиста. За да биде добро и млекото. И на крај кога се собира да се истисне убаво ваздух и да се замрзне.
Не се притоплува од фрижидер. Тазе молзено само може да се притопли и замрзне... Еве јас по ова видео си правев. Доколку немате топломерче, има објаснување како и без тоа да знаете кога е доволно притоплено. Вака беше без мирис после одмрзнување, без чуден вкус.. баш како тазе молзено Инаку прееска чистев замрзнувач и имав уште едно (последно замрзнато) веќе 6м старо Го извадив, да и го ставам во бањање...
Ова е интересен начин што треба да се проба, ама може да не функционира кај секој, едноставно некои од нас имаат high lipase млеко и тоа е тоа
Па баш за тоа функционира Тие што немаат high lipase милк, немаат проблем со ова. Мене веднаш замрзнато ми мирисаше на сапун, расипано, кисело, неописливо чудно.. и исто такво и на вкус беше.. како пластелин Додека на овој начин, не беше така..
Прв пат слушам за high lipase milk, може до тоа било дека на ист начин замрзната ќеса беше ок по месец а наредните по 2 не беа
Јас на tommy tippe земав, најефтини се. И до сега сите млека одлични беа, последно и дадов 5 месеци старо, никаква разлика немаше. А имав замрзнато многу. Ништо не притоплував пред да замрзнам, од молзење директ во кеса.
Да вака се до сеа ок, вадев одмрзнував некои од првите од пред 3месеци ок беа вероватно е битно да запазиме како замрзнуваме
како го приметувате каков вкус има млекото... скиселен на пример? малце шубе ми направивте да не и дадам млеко што не чини, а да не знам
Мирисам и пробувам. Највероватно и самото бебе ќе одбива и ќе се мршти, бар мојава така му направила на мм првиот пат кога се погоди лошо млеко, па оттогаш пробување обавезно. Мада мене сите кеси замрзнати ми имаа лош вкус и мирис, па дава мм формула ако нешто не сум дома
И мене откако прочитав тука, ова ме мачи. Баш пред некој ден имаше потреба мм да му даде од замрзнатото и му реков да проба. Него му имало како малку метален вкус, а бебо одма си го испило без проблем. Читав дека и металниот вкус бил од липазите и дека е безбедно за пиење, ама пак на мисла сум дали да му го давам или да го фрлам.
Има метален вкус да и ја прашав педијатарот мој пред еден месец, ми рече дека е во ред- расипано е ако мириса лошо баш како млеко расипано кога ќе заборавиме надвор од фрижидер
Немаш ништо прикачено, ама 4 часа на собна температура 4 дена во обичен фрижидер позади (не на врата) До 6 месеци во замрзнувач исто што попозади Се одледува или да се извади претходно и само да се одледи во обичен фрижидер - во тој случај се користи 24 часа или под млаз топла вода/ да се потопи во топла вода (не се става да врие, не се става во микро)
Zdravo feminki, tie shto se na ekskluzivno izmolzuvanje vashite bebinja po kolku ml pijat na 4+ meseci?