Значи имаш таман млекце. Вишокот складирај го. Немаш мањак. Уште не е воспоставена лактација и нормално е да варира.
Кај некок порано, кај некој покасно. Ти се стврднуваат градите навечер? Мене после 2риот месец ми се регулираше.
Кога беше помал се се плашев немој да сме излезени а да не ми стигне млеко и пумпата ја носев со мене и се молзев во кола или на гости. А пред да излезиме молзев едно шише го носев во тие термо торбите. Сега е многу топло можеш дома да си го нахраниш,да се измолзиш и на наредно да му дадеш. Двете дози ќе ти се таман за 4,5 саати. А за пресоблекување кога беше помал во количката,во кола,еднаш во кафаната во Слепче и на стол легнат го пресоблеков. Ќе се снаоѓаш.
Женски првпат сакав да замрзнам млеко, имам ќеси на Медела ама збунка ми направија. Користи некоја вакви ќеси? Иначе ја ставив ќесата веќе во замрзнувач ама не го истиснав воздухот, а изгледа требаше
Пелена менувам во кола. А се одмолзувам дома само. Ја хранам се одмолзувам и излегуваме со шишето одмолзено и пак за секој случај имам овошна кашичка со мене. Сега зашо на работа и почнав нередовно да се одмолзувам и млекото се намали па комбинирам и ад. Не знам многу околу замрзнувањето ама имаше мајќи што се жалеа дека горчело млекото после тоа и не им го пиеле. Мој совет ти е и ако замрзнеш да го употребиш за многу брзо време иако пишува дека може да стои 6 месеци
Оф, па ич да не замрзнувам тогаш. Бебе цица а јас ги имав кесиве претходно купено. Се нацица сега и си реков ај да доодмолзам што остана, ќе се најде.
Како сакаш. Нека стои па пробај може ќе го пие. Јас ставав во фрижидер и за 24 часа и го давав. И така терав секој ден со вишокот.
Имав замрзнато млеко колку за 2 пати да пие и кога го одмрзнав беше расипано, грозно беше, како повраќано, 2 месеци стоеше во фрижидер. Не знам што беше причината да се расипе