Да пробаш со поголем отвор на цуцлата побргу да и тече,вака да не ја мрзи да влече.За со шприц е голема ама пробај со чашка обична или со клунче.
Исти бевме и ние. Најмногу кога требаше да фати се боревме. Исто само томи типи го фати, ама по малку. Давав со шприц и нон стоп нудев шише и после некое време сам си фати. Не се откажувај одма, обидувај се се надевам како синко ќе фати.
ми кажаа од лансинох дека имаат други големини на цуцлите, ќе земам. а и од томи типи може има ќе побарам. добро е барем што не сме само ние ќе пробуваме понатаму. а ти доцна почна да пробуваш или и од мал неќеше? се мислам дали дека дури од 4+ пробуваме затоа не може или општо. а цуцли пробавме рано па исто ги неќеше
Првите два месеци немаше потреба, па не се ни обидував. После кога ни препорачаа на 3 месеци не сакаше да фати. Пробував со повеќе видови шишиња, со молзено, со формула ништо не сакаше.
мам уште не пробав медела и авент пред тоа. лансинох ми ги фалеа како најмеки и најлесни, ама се чудам веќе дали е до шишето или до детето)) ќе земам и мам може да пробам
успех! зедовме од лансинох големина M цуцла и ja фати а само малце млеко оставив другото го замрзнав оти претходно мораше да ги фрлам, за една секунда го снема други да беа за 6+ исто може ќе фатеше ама добро е битно имаме една што работи (две уствари дојдоа во пакувањето па таман) )
Женски што се молзите, ве молам за помош со совет Прв пат сакам да се одмолзам со пумпа (земав електрична) за да оставам утре млеко за еден оброк, бидејќи имам временски подолга обврска. Колку е доволно за оброк на бебе старо еден месец? Дали одмолзувањето да го направам само од една града или од двете? Кога да го направам тоа одмолзување (пред, после доење?) за да не му нарушам ред со доењето? Ќе извадам ли доволно количински само од едно одмолзување?
За количината незнам, ама за молзењето мој совет ти е кога се пополни градите, значи пред подој. Поубаво ќе извадиш, а сепак ќе остане за бебе да цица зошто не можеш да измолзеш се. Ако не ти е доволно од една града, можеш од двете слободно.
јас многу читав и се мислев, пак не најдов некое правило баш, ова сама го смислив: се измолзував најчесто навечер, за спиење и ја давав истата града што сум ја дала последно, па другата кај 22-23 часот е ептен полна, и вадев околу 100мл одеднаш. убаво е претходниот ден ако можеш зошто истиот ако си малку под стрес може да не ти тече убаво млекото. неколку пати се измолзив и замрзнав за да има резерва плус во случај да се скуси свежото.
Моето бебе на 1 месец пиеше мах 50-60 мл одмолзено млеко, а претходно цицнуваше по 1-2 мин (тогаш имавме голем проблем со доењето). 100тина мл ќе ти бидат сосема доволно за едно хранење (ќе имаш и повеќе, за секој случај). Најдобро одмолзи си 2-3 пати на растојание од 3 часа и имај повеќе млекце (за секој случај). Навечер, односно во текот на ноќта има повеќе млеко (кај мене е така). Одмолзувањето може е подобро да го направиш пред подој и можеш и од двете гради да собереш млекце.