Хрватската музика, според мене од сите бивши ЈУ земји, имале најквалитетни песни. Според мене ,го имаат тој некој медитерански стил на музика кој двои тотално од другите. Имаа серија на квалитетни композиции Новковиќ, Петар Грашо, Магазин, Kаран, па дури и една Северина. На многу од хрватските песни според мене ме потсетуваат на море. Како да Го има оној филинг. Си седиш покрај море, и песната ти доаѓа како инспирација од морето и брановите. Мое мислење е дека Хрватите, па наша македонска, па како трети би ја ставил Босна особено со Дино Мерлин, овие три земји имаме најубави песни. Барем тоа е мојот впечаток. Словенци не се нешто познати многу, но знаат да направат и тие нешто особено добро весело.
И мене ми е топ хрватската музика, заедно со нашата. Хрватска и Македонија ми имаат најјак културен шмек, Хрватска со попот, рокот, медитеранскиот звук, а ние со 7/8 мелосот и фолклорот. Босна е по севдалинката позната, не е мај кап оф тее, Србија ми е поп-фолк/турбофолк. Црна Гора и Словенија стварно не знам што музика имаат, мада Црна Гора е окупирана од турбофолк, особено Будва у лето, не верувам дека таму може да пркне нешто црногорско и автентично.А и мал пазар се. Песнава ми е ептен пензионерска, али ме потсетува на лето 2022, кога другарка ми ја пушташе додека седевме на плажа.
Една од омилените, мноогу прогресивна за тоа време. Ја дознав од ремиксот, овој не знам дали е од хрватски артист ама е предобар.