1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хрватска

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Ariel, 1 август 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.754
    На оваа категорија и фали тема за Хрватска. Иако очигледно не е меѓу омилените дестинации за одмор на форумџиките, сепак има и такви кои уживаат во нејзините убавини и со нетрпение очекуваат да одат таму.

    Јас сум емотивно поврзана со Хрватска, и за мене нема друга дестинација за летен одмор. Таму имам чувство како да сум дома, а тоа многу ми значи. Ми се допаѓа што на местата каде што одам не е пренатрупано, и не е многу култивирано. Бисерно белите камења на плажите, кристално чистата вода и сенките од боровите шуми ги сонувам секој ден, особено сега, кога се ближи денот кога треба да одам.

    За жал патот е долг - одзема еден цел ден од одморот, и не е многу пријатен, но се работи на автопат по должина на морето, па кога ќе биде готов би било многу полесно за стигнување до таму.

    Ви се допаѓа ли Хрватска? Кои места сте ги посетиле таму и што ви оставило најголем впечаток?
    И не мислам само на приморјето. Јас многу го сакам и Загреб, и со задоволство одам таму секогаш кога можам.
     
    На Twinkles, Blabla16, daylight и 9 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Јас имам одено на островот Колочеп и во Дубровник. :) :)
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ариел одиш преку Србија? Косово?
    Јас сега за прв пат ќе одам преку Албанија, велат нов автопат, јес да ми доаѓа подалечно зашто одам 2ипол саати до Струга за до преминот. Али од друга страна патот преку косово за Црна Гора е ужас. До Макарска отприлика било автобуски 17-18 часа.

    Јас ја сакам Хрватска исто многу. Далматинците ги обожавам со ониј нивни нагласок мххх :wasntme:
    Пред некоја година бев во Дубровник на неколку дена преубав град, секој треба да го посети бар еднаш, а и не да е скап мислиш Монте Карло си :) Плени со убавина. Ко детуле со моите сум патувала во Хрватска на одмор, тогашна Југославија, памтам дека и бев на одмор во Хрватска почеток на 90сети кога почнаа немирите во Босна и кога била запалена касарна ли воен објект на некој километар од местото (Игало вајда) па одвај сме се вратиле во Македонија.
    И после толку години летово конечно пак на одмор во Хрватска. А како ќе биде? Ќе ви кажам а 3 недели :D Јас сум сигурна дека ќе е убаво, ќе уживам на јадранското приморје, ќе се пљускам во јадранот, одпозади Оливер Драгоевич ќе ми пее, а мож и Севе со Бред Пит |( :lol:
    И само стискам палци оној мојот да го натерам до Сплит да тркнеме.

    А никогаш не сум била во Загреб, пуста желба ах.
    И Плитвичките езера сакам да ги видам. Се сакам! :)
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Веќе петнаесетто лето по ред сум во Хрватска, всушност од кога сум родена, секое лето таму одиме на одмор бидејќи татко ми е од Загреб. Навлезена ми е под кожа и ја чувствувам како своја.

    Загреб ми е преубав град, светска метропола, модерна и развиена, а сепак го има тој историски шмек со старите згради и споменици во центарот.

    Прилично е далеку, нас ни требаат 10 часа за да стигнеме до Загреб (секогаш одиме преку Србија), па потоа таму преспиваме и наредниот ден уште 4-5 часа до морето (престојуваме на остров кај Шибеник). Морето е преубаво и нема споредба со Егејското. Кристално е чисто, а и доста топло.

    Освен местото каде што престојуваме, сум била во Сплит, Шибеник, Задар и на слапови Крке. Најмогу ми е криво што сеуште не сум била на Плитвички езера, но во блиска иднина се надевам ќе отидам. :)
    Приморските градови, особено старите делови, во принцип се многу слични - тесни, камени улички со високи куќи од двете страни. Најголем впечаток, после Загреб, ми има оставено Сплит и Диоклецијановата палата.

    Најмногу ми се допаѓа што во Хрватска се чувствувам како дома, исто како да се наоѓам во Македонија, а не во друга земја, а во секој поглед двете се различни. Хрватска е на многу повисоко ниво од Македонија и во секој поглед поубава земја, но сепак во Македонија сум родена и исто така многу ја сакам.

    Моментално сум во Хрватска и ќе уживам во благодетите на Јадранот уште петнаесетина дена, па кога ќе се вратам ќе ги сонувам штурците што нон-стоп свират и мирисот на сол до наредното лето. :)
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Питвичките Езера нека ви бидат задолжителни прекрасни се! Фацинирана сум од нивната убавани! Цел ден таму малку ми беше само ме нервираше тоа што вриеше од туристи. Спој на убавина и душевен мир.

    Имам одено во Шибеник (таму престојувавме) кај Маријана од ВБ :lol: многу ми се допадна. На еден ден бевме до Сплит убаво се изнашетавме и убаво го разгледавме и бевме во Диоклицијанската палата.

    Исто така и еден цел ден си посветивме на преубавиот Дубровник во кој сум заљубена :inlove: прекрасни стари градби преубаво.
    Плажите се со камнчиња, ама морето е преубаво.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Хрватска е местото на кое освен Скопје сакам да живеам. Кога тогаш може и ќе си го дозволам. Го сакам тој медитерански дух, исполнет со мирен живот. Го сакам морето, карпестите предели архитектонските градби. Просто ми е втора љубов. И ова лето го посветив на Хрватска да факт е дека одзема 12-14 саати пат но вреди. За тие што не биле најблизок пат е косово-албанија-црнагора-хрватска точно 700 км.
    Јас секоја година одам на брач ме мами убавините кој ги нуди тој остров и можноста која ја пружа за уживање. секој летен месец има разни фешти во кој се вклучени сите просто неможеш а да не заиграш додека свири некоја песничка или да не седнеш и изедеш риба за време на рибарските денови :)
    ајде малку уживање со некоја слика од брач и местото кое го посетувам
    a еве го и спотот на џибони снимен во местото
    http://www.youtube.com/watch?v=wpiv739H8Oo
     

    Прикачени фајлови:

  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Во Хрватска бев во трета година средна, екскурзија.
    Ги посетивме Дубровник, Сплит и Трогир.

    И кажувам сега и засекогаш дека во животов поубаво место од Дубровник не сум посетила. Сум била на места подалеку од Хрватска, ЕВРОПСКИ места, ама Дубровник за мене беше нешто преубаво. Штета што немавме многу време за шетање таму. Кога би имала наредна прилика, воопшто не би му ја мислела. Единствена мана беше што цените беа малце соленки за наши стандарди, а и + ние средношколци таму појдени :tmi:

    Од Сплит не видов многу. Сите знаеме дека кога шеташ со туристички водич на +100 температура, а воедно имаш 17 години, знаменитостите баш не те интересираат. Сплит го доживеав како град-џунгла, нешто како Скопје. Едино ривиерата многу ми се допадна.

    Трогир би го споредила со наше Крушево, само што + има море. Тесни улички, мали продавнички, фини луѓе... магично и интересно, поинакво.

    Во секој случај, Хрватска е убава дестинација.
    Единствено нешто што не ми се допадна е келнерот кој не‘ служеше во Дубровник и кој не можеше да разбере дека му бараме шеЌер, па моравме да му кажаме дека сакаме шеЧер |(
     
    На rajna-vojvoda и rainlover им се допаѓа ова.
  8. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Пред 2 години бев на Колочеп. Од Дубровник до Колочеп за 15 мин се стигнува со брод.
    Преубаво островче. 8)
    Изгледа сеа накај 15ти ќе идам пак. (дај боже :lol:)
    само мачно е по пат 12 саати преку Албанија :?:
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Хрватска е прекрасна земја, јес да ни е малце далеку и малку скапичка за наши стандарди но вреди за патот и за секој денар што ќе го дадеш. Ги имам посетено Дубровник и Брач, прекрасни места ми се буквално. Тоа беше оддамна (пред некои 5-6 години) но се уште ги имам тие прекрасни сеќавања од тие места.
    А би сакала да го посетам Загреб :inlove: и Плитвичките езера сакам да ги видам, премногу ми ги имаат фалено, така да се надевам дека наскоро ќе ја имам таа можност за една мала тура низ Хрватска :)
     
  10. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Зини земјо голтниме и плукниме во Хрватска! :)
    Хрватска едноставно ја обожавам и многу копнеам таму да живеам, дури кога се запишував на фалкултет многу сакав таму ама моите не ме пуштија од причина дека не сум познавала никој!

    Иначе сум била на истите место кои била Хипица(бидејќи на иста дестинација бевме на екскурзија)..Дубровник, Сплит, Трогит(спиевме во некои место Медена)...

    Искрено не навлегов длабоко во разгледувањето на овие градови од проста причина,сакаш да прошеташ по продавници нешто да купиш за на крај времето да те скине и да си замините...

    Во сеќавање ќе ми остане стадионот од Хајдук....

    КАД СРЦЕ КАЖЕ ЉЈЕТО,КАЖЕ ХРВАТСКА! :inlove: :inlove:
     
    На rajna-vojvoda, rossonerka и karak им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.754
    Патот Карак што го напиша е најкраток, преку Косово и Албанија. Нема потреба да се влегува во Албанија преку струга, сега има добри патишта и во Албанија, нови се. Само на албанска граница се чека доста. Ние бевме во јуни, повеќе од саат чекавме, а немаше којзнае колку гужва. Во јули одеа неколку луѓе што ги знам, и сите скапале по граници зошто периодов има повеќе и гужва.

    Во Косово може да се оди преку Брезовица и преку Урошевац. Преку Урошевац е подалеку, ама подобар е патот.
    Ако нема гужва, до Сплит се стигнува за околу 10 часа со побрзо возење и без многу паузи. Ама во сезона нема шанси.
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јесте да, волим Хрватску, кај да не? И зракомлат, и овај њихов, зрачни пловак :D

    Шала на страна, прекрасна земја. Ја имам прошетано цела, освен островите. Ах среќни се што голем дел од земјата се простира на море.
    Во срце ми останаа сепак Ровињ и Дубровник. Преубави, волшебни, мирисаат на историја, на романтика, на мир и тишина.
    Таму не ви е потребен сон. Се будите во 6 наутро, погледнувате низ малото прозорче од вашиот апартман кој се издига над градот и ги слушате галебите како гракаат и летаат. Го гледате морето кое светка, рибарот кој ја фрла мрежата за да улови по некое рипче, дедото кој полека се тетерави одејќи на пазар, го слушате шумот на морските бранови, ве опива и истовремено буди влажниот, морски воздух, сосетката ја брка мачката од прозор и ви вели Бог а вие си велите - е токму овде сакам да си живеам у пензионерски дани 8)

    Не знам дали нешто во Хрватска не ми се допаѓа? Можеби оние преполни плажи со туристи кои дошле мислиш јајца квачат на плажа, 10 дена - 10 дена, има да ги прележат на истото мало местенце и не мрднуваат. Ама тоа е друго нешто.
    Се друго ми се допаѓа.

    Со Дубровник ме спојуваат прекрасни спомени од детството, и кога го посетив повторно пред неколку години се чуствував како повторно да ја испишувам историјата која ја знам за жал само од сликите кои ги направиле моите родители.

    Преубав спомен имам, и на сите им препорачувам, ако одите на одмор во Макарска, да шетнете до Омиш. Гратчето е убаво а на излезот од градот, на реката Цетина ве чека тим згодни момци кои се спремни да ви направат незаборавно доживување за време на 5часовниот рафтинг.
    А потоа како бонус тазе крух и пршут. Мх мх.

    Што друго да пишам на темата а да не биде излишно? Хрватска треба да се види, да се доживее, да се лапне и искуси како тазе лигња на жар.

    Ја волим Хрватску и Хрватска воли мене. Ме мази земјава, што да правам, а јас и се предавам како маче :$
     
    На Blabla16, sesilija, rajna-vojvoda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мене ми е сон да ја посетам Хрватска и планирам следното лето да одам таму. Не сум била никогаш и не сум запознаена со ништо. Пред се сакам да одам заради прекрасното море и заради целата таа атмосфера што е карактеристична таму. Читајќи ги вашите коментари уште повеќе сакам да одам. Па, тие што биле, ако можете предложете ми некое место што е најпогодно за млади. :)
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се надевам дека нема да ми се налутите ако пуштам една фотка од мојот краток престој во Ровињ - поглед од апартманот во стариот дел од градот во кој бевме сместени :wasntme:
    Ете токму за ова пишував.


    Инаку за журкање, колку што знам Паг е хрватската Ибица. Не сум била, но другарки мои беа и ми рекоа дека е ненормално добро местово :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Rovinj1.jpg
      Rovinj1.jpg
      Големина на фајлот:
      30,1 KB
      Прегледи:
      421
    На mamma-mia, rossonerka, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.754
    Ако, ако, Пирамитке.... не, не се лутиме :D

    За жал немам убава фотографија со мојот поглед од тераса, само една, и тоа пред стемнување е правена.
    Го обожавам дивиов поглед - без куќи пред мене, јас, боровата шума и морето. За мене поубаво место нема.

     

    Прикачени фајлови:

    На rossonerka и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Јас сега за два дена одам во Сплит и Дубровник на викенд, ваљда добро ќе си поминам, пошто немам идено досега натаму :)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    оооооооооооооффффффффф хрватска ..љубов моја!!!!!!!!!!!
    ја обожавам, земјата лугето јазикот(дијалектот на далматинците) храната ...а најмногу ЗАГРЕБ
    на одмор имам идено неколку години дури бев на факс сега повеке грција и тоа се нешто најблиску што се може :( али затоа празници , нови години , нешто продолжен викенд еве ме таму. Братучетка ми живее во Загреб едноставно е прекрасен, најубав , нај нај нај :inlove:
    кој не бил нека отиде макар на ден два во таа чудесна и прекрасна земја :*
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.754
    Уште 70 часа и 20 минути сум таму!

    Речиси можам да ги помирисам морето, полињата со лaванда и боровите шуми!
    Речиси можам да ги почувствувам водата проѕирна како стакло и духот на далматинските улички!
    С мислите во синилото!

     

    Прикачени фајлови:

    • Modra.jpg
      Modra.jpg
      Големина на фајлот:
      35,6 KB
      Прегледи:
      346
    • Pole.jpg
      Pole.jpg
      Големина на фајлот:
      12,1 KB
      Прегледи:
      347
    • Vi.jpg
      Vi.jpg
      Големина на фајлот:
      25,5 KB
      Прегледи:
      347
    • Sti.jpg
      Sti.jpg
      Големина на фајлот:
      67,5 KB
      Прегледи:
      348
    • Mil.jpg
      Mil.jpg
      Големина на фајлот:
      27,4 KB
      Прегледи:
      348
    • Plaza.jpg
      Plaza.jpg
      Големина на фајлот:
      57,1 KB
      Прегледи:
      348
    На ozbilnazena, karak, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Ариел, да те советувам, доколку си во можност посети ги Плитвичките езера, дефинитивно нешто што сакаш да го видиш. Ќе ставам неколку фотки направени таму.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0140.jpg
      IMG_0140.jpg
      Големина на фајлот:
      472,2 KB
      Прегледи:
      338
    • IMG_0130.jpg
      IMG_0130.jpg
      Големина на фајлот:
      373,8 KB
      Прегледи:
      336
    • IMG_0152.jpg
      IMG_0152.jpg
      Големина на фајлот:
      318,3 KB
      Прегледи:
      337
    • IMG_0159.jpg
      IMG_0159.jpg
      Големина на фајлот:
      470,2 KB
      Прегледи:
      338
    На s1a1n1d1r1a1, karak и Ariel им се допаѓа ова.
  20. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    ЛАВАНДА