Ајде неколку питаЊца до искусните. Јас не сум била во Хрватска никогаш, ок Загреб пола ден, ама тоа не се рачуна Значи гуглав. До сега одлучив: 1. Ѕидините. Со сите богови на помош, да умрам ќе се качам Подобро е од кај "Пиле" или од кај "Плоче"? Од Стрит Вју ми се гледа некако полабаво од кај Плоче... 2. Стариот град цел планирам да го шетнам Некое посебно место - црква, музеј, катедрала... да предложите? 3. Локрум - вреди ли екскурзија до таму, или џабе ќе се тресам на кајче? Претешко ли е шетањето таму? 4. Маст си нешто предложете
Еве предлози за убави плажи во Хрватска Некои од нив не се достапни по копнен пат, но повеќето се лесно пристапни.
Цела Хрватска е убава, преубаво за шеткање, само што на Јадранското море, секаде водата е поладна. Дали некој бил на островите во скоро време, да каже како е водата периодов? Мои блиски треба да одат, па се мислат заради водата.
И мене ме интересира како е со кола, сакаме да одиме до Дубровник ама гледам многу е скап паркингот. Некое искуство каде да паркираме, како да стигнеме до центар?
@Quincy сум била во Дубровник, но само со автобус, така што не можам да ти помогнам со инфо. Побарај на хрватските портали или форуми, сигурно ќе најдеш информација Според активноста на темава заклучувам дека нема многу членови на форумов кои ќе патуват летово во Хрватска.
Готово бевме на еден ден. Паркинг најдовме покрај пристаништето и беше 20 куни од сат. Центарот беше малку подалеку околу 35 мин пеш ама не беше толку страшно сепак прошетавме и видовме и други работи. Имаше поблиску зона 3 и беше 10 куни од сат, ама немаше слободни паркинг места. Останатите беа премногу скапи.
Ах таман да пишам веќе сте биле. Ние во зона 3 паркиравме и исто одевме пешки. Се надевам убаво поминавте.
Да ја живнеме темава Ме интересира, како би патувале со кола до Сплит? Дали би оделе Приштина - Тирана - Подгорица, или Приштина - Никшиќ? Дали е можеби подобар патот преку Србија, зборувам Крагуевац - Сараево - Сплит? За Дубровник одевме Призрен - Скадар - Бар - Херцег Нови, и прилично мачно е, Албанија е автопат ама тотално без врска, после по јадранска магистрала пак, гужва секако...
Ние вообичаено одиме преку Косово и Албанија, од кај Скадар влегуваме кај Тузи во Црна Гора и после Подгорица, па Никшиќ. Е сега, некогаш одиме преку Билеќа, некогаш преку Требиње, зависи дали некаде се реновира или има понов пат. Преку Чапљина излегуваме на автопат и тераме за Сплит. Јадранска магистрала во сезона ја избегнуваме, има многу гужва, споро се вози. Лани ради Ковид одевме Белград - Загреб - Сплит, ама многу е далеку. Преку Сараево еднаш бевме, до душа одамна беше, ама ми се виде доста далеку. Мислам дека не се исплати, освен ако има некој нов патиш што не го знам. Последниве години го делиме на пола патот, спиеме во Подгорица, на 6 саати возење од прилика ни доаѓа, ако не заглавиме многу по граници. Таман следниот ден уште 6 саати до Сплит ни остануваат. И за оваа година таков е планот.
Исто мислев. Имам одено Тирана - Тузи - Подгорица, добар е патот. Веројатно така и ќе направиме. Фала
Зошто имам слушнато за да влезеш во Дубровник барале одредена сума на пари да имаш со тебе. Дали е точно?
А кој ќе ти побара? На граница знаат да прашаат колку пари носиш со себе, во Дубровник баш нема кој да те праша…не стои полиција пред градот за пари да прашува…некој грешно те информирал