1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хрватска

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Ariel, 1 август 2011.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.416
    Пол:
    Женски
    Ладно е,мене при крај на август ми студеше. Иначе како што кажа членката погоре сите плажи им се камења, каде цел бетон каде поситни камчиња.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.026
    Пол:
    Женски
    Сицилија е топла во јуни, да знаеш, појужно е, па и водата е топла за бањање.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.614
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Јуни е рано за Јадранско, Сицилија да, супер, зависи колку дождови ќе има, ама грубо правило е дека јужните земји се потопли. Инаку бев лани на Истра, средина/крај на септември, јас си се бањав, супер беше, ама за мали деца веројатно потешко.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам тие што често патувате накај Хрватска или барем на одмори што одите. Следната недела одиме во Дубровник, па се информирав околу работи коишто ни требаат во кола. Прва помош кутија имаме, е сега читав дека имале стриктен закон ако немаш резервна гума дека може да те казнат, дали ве сопрело некогаш полиција и сте имале искуство со ова?

    Исто така ме интересира каков е патот до Дубровник? Убав, со дупки без дупки :D Чисто да сме спремни.
     
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Било кој дел од Макарска Ревиера нема да згрешиш. Дрвеник, Живогошче, Подгора, Тучепи, Брела, Башка Вода. Сите овие местенца имаат убави и чисти плажи, смештаите се до сама плажа и има за прошетка. Тоа што се камчиња да не те плаши, си има во Џамбо од оние папучки за во вода ќе си земеш, плажите имаат и природна сенка.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    5.413
    Нас никогаш не не сопреле полиција па најмалку да проверуваат нешто.
    Патот е убав Албанија има убави автопати, па и се натака е ок може со краток лош дел ако се прави пат или слично. Обично сега не би ни требале да заглавите на граници иако ние па ни летно време не сме главеле. Ќе пазите ако пушите сега е законот по 2 кутии цигари не како до пред некоја година штека. Ако нешто плус те и тересора пиши
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.416
    Пол:
    Женски
    Дали тоа со две штеки цигари важи за земјите од трет ранг или за сите?
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за искуство, и јас до сега што сум одела мислам дека се убави патиштата, ама чисто ме интересираше за полицијава зошто читав дека барале такви работи.

    Инаку не пушиме така што немаме проблем со тоа :hug:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    5.413
    Iskreno neznam nie znam deka sekoja godina odime i sekogas sme nosele steka cigari deka mm pushi no od lani znam deka vazi toj zakon za hr i strikno na granica za cigari tresat drugo nisto ne gi interesirashe sto nosis
     
  10. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Многу ми помогна со препоракиве, благодарам :) Е сега за крај на јуни се мислиме... Се надевам нема да биде баш преладна водата..
     
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Зависи од годината, лани крај на јуни во тој период водата на Јадран беше супер и цел јуни беше топло, а пред 2 год.крај на јуни и во Грчка пријатели не се избањаа. Јас одам секогаш во јули или на почеток или кон средина најкасно за да ја избегнам гужвата во сред сезона и до сега секогаш ми се погодило времето. Мислам на островите покасно се затоплува ама и таму сум била на почеток на јули и на Брач се изнабањав супер беше.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lale@12

    lale@12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    дали некој патувал за хрватска со иван пејчич, искуство?
    Прашувам бидејќи со Сашо Илиевски беше многу лошо
     
  13. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Кроација ерлајнс и ова лето има директни летови Скопје-Сплит.
     
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Се вративме од Дубровник на 22 април ама чисто да споделам искуство/мислење.

    Прво за патот, препорачувам да одите преку Албанија, многу поубав пат, скоро се' автопат е, додека преку Приштина и после Приштина тој дел не беше најубав кога одевме, патот беше дупки, преку планини и така малце страшен.

    За во Дубровник ви препорачувам исто премногу да одите тој период, ние фативме толку убаво временце дури и прежешко беше што изгоревме, значи Април длабоко го препорачувам за тој период во Дубровник иако беше ПРЕГОЛЕМА гужва и имаше многу туристи.

    Ние пред Аирбнб имавме паркинг место и таму ја оставивме колата и не ја чепнавме, си изнајмивме веспичка за сите 5 дена, беше 35 евра од ден, и цел Дубровник го извртевме со веспата, така што препорачувам моторче дефинитивно 10/10.

    Не очекував тоооолку да е скап, ама ние си носевме од дома за доручек, вечера затоа што ако јадевме нон стоп надвор не знам 2-3 илјади евра дали ќе не' навасаа. Така што препорачувам ако не одите со преголем буџет да си правите дома нешто исто така или барем еден/два оброци надвор. Во стариот дел на градот е препрескапо, ние таму само седнавме за денот на роденденот на дечко ми, и плативме за два бургера и две пива 58 евра (што е нормално зошо беше ептен во туристичкиот дел на стариот дел).

    За мојот роденден бевме седнати во Дубравка, и поубаво место за храна не сум видела, исто така малце поелитно и треба да се резервира пред да одиш таму, ама имаше пренајубава на свет пица и пробавме вино од куќата што ептен беше добро.

    Друга препорака е да си букирате тура за снимените сцени од Game of Thrones, затоа што пола Дубровник или бил на сцена или знае некој што бил на сцена па и туристичките водичи ептен знаат што се случувало при снимањето, и е ептен интересно. Да се качите и на тврдината Ловријенац обавезно.

    Нешто што исто би препорачала е да си најдете такви некои мали местенца да си правите пикник на зајдисонце, ние си правевме храна, си купувавме пиво или вино од маркет и си седевме со саати таму, времето беше милина.

    Се' на се' прекрасен град, и вреди да се види.
    IMG_2894.jpeg IMG_3303.jpeg
    IMG_3281.jpeg IMG_2426.jpeg
     
    На azelea, Калатеа, Лејди Гага и 6 други им се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    15.781
    Има ли некој препорака за сместување/апартман во Цриквеница,Крк ,Јадраново,тој дел и искуство да каже како е ?