Хрватскаааааааааааааааааааааааааааааааа! Јас дефинитивно се мажам за Хрват и спринт си одам од тука - правец Јадранот.. па плажите.. па луѓето... Ако кога бев мала плачев за Шпанија (пусти шпански серии ), сееега плачам за Хрватска. Земја мојих снова! Па тоа јазикот каков им е.. преубав пре пре.. ахх.. Па посебно тоа далматинскиот... „Ајме баш је лиииип.“ Ахххх.. ГДЕ ЈЕ МОЈ ХРВААААААТ!?!?
Еј, како не сум ја видела темава порано. Хрватска ја миневме кога одевме на екскурзија. Претходно имав впечаток дека се цивилизирана и пријатна земја, таму заклучив дека ни избегале светлосни години пред нас и станале МНОГУ цивилизирани и МНОГУ пријатни. Единствено цените се така, соленки, зачинети... Ама кога можат во Охрид да ги дигаат, зошто да не си го ценат тие морето ?! Преубаво е, пре, пре, нај. Морам да ви кажам за ова, кога миневме некаде пред Ријека, застанавме на едно место каде што се гледаше морето од високо. Беше некаде околу полноќ и од левата страна се гледаше Ријека, а од десната беше некој друг град, не се сеќавам точно кој. Еве сега гледам на Гугл Мапс, не ми текнува името, не сакам да ве лажам. Е, значи како стоевме, морето беше пред нас, мирно, темно, над него, точно меѓу двата града, полна месечина. Тоа беше глетка за век и вечни векови, штета што не сликав. А Плитвичките Езера се посебни. Бев преморена и тогаш не ми беа нешто нај нај, ама сега кога ги гледам сликите си викам, будало една, што си дремела цела тура. Еве и неколку слики од таму. Би и повеќе, ама не ми дозволува веќе.
Мене првото патување надвор од нашава држава ми беше во Хрватска, во Дубровник. Ниедно наредно патување не ми оставило толку убав впечаток како тоа патување. Градот е прекрасен, жал ми е што не останавме уште некој ден, навистина има што да се види. Сакам пак
Моето мислење за одмор во Хрватска е поделено. Зборувам од аспект на семеен одмор, со деца. Дека Хрватското приморје е преубаво, тука нема дискусија. Морето, природата, има што да видиш и да прошеташ. Ама имам повеќе, но... Прво патот е навистина долг. Ние одевме по подолгиот пат, значи преку Србија, автопат поголем дел. Значи патиштата им се супер, но таму негде пред тунелите Свети Рог и Мала Капела (или така некако), се создава во сезона секогаш застој. Ако сте тргнале ноќта, ве фаќа застојот баш негде на пладне, на тоа жешко ти доаѓа да пукнеш. Второ, ако планирате да одите, подобро е да се информирате каква е плажата, а не само дали е блиску. Ние бевме на еден остров, апартманот беше покрај море, а плажата КАРПИ. Имаше еден мал избетониран дел за кој буквално имаше тепачка. А потоа влегуваш во вода и додека да запливаш, херојски мораш да издржиш бодење во карпите, гребење. Кога се вративме дома, нозете ни беа како да сме биле во војна а не на одмор. Децата не се ни избањаа асално. А тие сироти си дојдоа наоружани со кофички, лопатки. И самите Хрвати сонуваат за песочни плажи. Се дружевме со едно семејство од Осијек, па тие постојано не прашуваа како е во Грција. За оние кои се навикнати на Егејско Море, водата е многу поладна особено во посеверните делови каде бевме ние. Тоа што е морето прекрасно, волшебно итн, не важи кога водата е грч (бар за мене). Доволно е да фати некој ден невреме и отиде одморот. Понатами, цените... Не ќе да е Хрватска за просечно македонско семејство. Ај, за сместување но храната е скапа, не е ова Грција па понеси ова, она или изнакупи се од Лидл. И на крај, за менталитетот на домаќините. Не сакам, никого да навредам, ама нивното ми се виде -не ве сакаме вас ама дајте ни ги парите. Што е најинтересно, истото чувство го имаа и останативе гости од внатрешноста на Хрватска. Значи некоја психологија како кај нашиве охриѓани. Е сега, ова е мое искуство, знам дека има и поразлични, но јас повторно на одмор таму не би одела. На друг вид патување да, но на семеен одмор не.
Сигурно има некоја феминка што ги посетила Плитвички Езера. Ме интересира колку кошта картата за еднодневна посета и дали во неа е вклучен некаков превоз ( пр. со минибус, бротче или сл. )? Не верувам дека цело време се иде пешки . Навистина сакам пешачење, но не некое што би траело 5 часа и само по угорница
ја обожавам земјава! храната, крајбрежјето, музиката, успех во спорт, историја, писатели, телевизиски програми, патриотизмот, културата на луѓето и нивните манири, и сите се некако многу убави и мажи и жени такви стокмени, дефинитивно пазат на изгледот и се негуваат. мој омилен дел Далмација, но да не го заборавам и Загреб кој е прекрасно уреден. баш како прав главен град на една држава. се на се една од моите омилени земји. желба ми е да ја посетам оваа плажа на Брач:
Влезот на плитвички езера ако добро се сеќавам беше 80 куни, што би му дошло малку повеќе од 10 евра. Што е далеку, далеку е. Оваа година патот ме утепа како никогаш до сега. Кога одев натака ги погодив гастарбајтерите кои тогаш масовно си одеа дома, па по граници заглавив околу 4 часа. Само на една граница бев речиси 2 часа, бидејќи имаше километарска колона. За назад бевме со желба за шетање, па застанавме во Сплит, па во Дубровник, па во Бар на јадење, и на крај целиот пат ни излезе околу 22 часа. Дома бевме нешто подоцна од 3 по полноќ, умрени за спиење. А таму беше многу убаво, само сега немам време да пишувам. Ќе се навратам на темава со фотографии
Бев во Загреб минатиот месец, ме одушеви катедралата, одседев една миса, леле многу е убаво во неа. Еден голем + за Хрватите како го дочекуваат Божиќ и колкаво значење му придаваат.Ме одушевија со тезгите и украсите кои ги имаа. Инаку град како град дефинитивно Скопје ми е поубаво.
Пред неколку години отидов во Брела во Хрватска и беше прекрасно! Водата како езеро мирна, преубави спомени. Искрено се надевам дека некогаш пак ќе го посетам истото место. Пред неколку месеци бев во Загреб, ама не прошетав воопшто
Ах, Хрватска, најубавата земја на Балканот (после Македонија, голем патриот сум). Животна желба на мама и беше да не однесе таму и и се исполни. Хрватска е СОН! Бев во Млини, Дубровник и на два-три острова, од кои го памтам само Локрум поради сличноста во името со локум. Таа гостопрмливост, тоа море, тој менталитет, шумите, воздухот.. Неопишливо е со зборови..
И јас точно за нивниот Божиќ бев во Загреб. Навистина се големи верници, алал да им е. Ја посетив и јас катедралата во центарот, преубава е. Во катедралата беше многу тивко, не можеш да слушнеш глас, само чекори и гласот на свештеникот или хорот, а не како кај нас се разборувале и се разѕвонеле телефони додека пее попот На тезгите имаше голем избор на украси и се поврзано со празникот. За успомен купив украс со Исус како бебе и покрај него седнати Јосиф и Марија, многу е убаво.
А може да пишете цени од прилика колко е да се оди до таму,тие што сте биле,цените таму? Во план ми е и би сакала да одам оваа летоо во Хрватска,па ме интересира ?
Најубавата морска земја на Балканот!!За морето нема потреба да се коментира Сум била во Сплит и во Дубровник и останав Но Сплит ми остави толку голем впечаток и дефинитиво е град во кој да ми се пружи прилика би сакала да живеам.Во градот има некоја посебна атмосфера и човек се чувствува таму посебно.Навистина преубаво место и би сакала уште еднаш да го посетам
Многу убава земја. Сум била во Дубровник и новиот и стариот дел на градот се прекрасни. Просто да останеш без здив... Само не ми се допаѓаат хрватите као народ, некако не се госпопримливи и се некако ладни луѓе...ни најмалце не наликуваат на нас, ич.
Во најголемиот студ решивме дека пак ќе одиме таму ова лето, и пак во две тури, една на почеток и една на крај на летото. Одлуката посебно ми значи затоа што минатото лето сопругот беше решен дека следниот одмор ќе ни биде на друго место, ама сепак се премисли А јас не сум објективна, порасната сум таму (мислам на летата), и ни најубавото место на светот за мене нема да биде доволно убаво затоа што нема да е таму каде што сум дома.
oo Хрватска премногу ја сакам но не сум имала можност да одам сеуште сум мала се надевам еден ден ке имам можност едноставно ја обожавам уште во моментот сакам да заминам но што е тука е ке настојувам ова лето таму на одмор
I left my heart in Dubrovnik. Преубав град. Особено за Нова Година, Божиќ тој период... Прекрасно! Сите тесни улички се украсени, новогодишни песни, тие вкусните суви овошја и печени јаболка и божиќни распеани пазарчиња. И кога цутат портокалите е преубаво, има прекрасни градини. Една од омилените дестинации за преку лето ми е. Топло ви препорачувам да го посетите во било кое време!