Хвар, Свеќа, тие островчињата натака, рај ! Лани бев во Имотски, мало гратче над Сплит, ептен гостопримливи луѓе, најубав помин во мојот живот, по тоа секогаш ќе ја памтам Хрватска!
Леле и јас колку многу сакам да ја посетам Хрватска, ги разгледував понудите по агенцииве и околу 200 евра е превоз и сместување во Макарска, од тие што веќе сте биле отприлика со колку пари би се поминало таму? И ме интересира дали знаете колку е цената на автоб. превоз од макарска до сплит, зашто би сакала да го посетам и него кога веќе би одела натаму. И дали имате искуство со некоја од нашиве агенции за одмор во макарска и дали сте биле задоволни од услугата?
Преубава е Хрватска.. пред некоија година бев на одмор во едно мирно селце можам да го наречам (Donja klada), имаше само викенд куќи, па бидејки бевме во на пријатели викендицата бевме таму сместени.. Бевме на Плитвички езера и слободно можам да кажам дека тоа е рајот на Земјата (задолжително да се посети) еве некои слики Спојлер Загреб го видов само на поминување па не можам ништо посебно да искоментирам. Бев на викенд во Опатија и не е за џабе монденско место, преубаво е (но е изгор скапо) Задар е интересно градче кадешто ми оставија посебен впечаток оргуљите. Всушност тоа се дупки направени на пристаништето и кога удираат брановите се слуша како музика од оргуљи. Исто така интересно е и споменикот на сонцето коешто се наоѓа исто така на пристаништето и менува бои. Еве некој ако сака да ги чуе оргуљите http://www.youtube.com/watch?v=5P0xxMOkmqA Ја имав таа чест да не возат на јахта па го прошетавме и Голи оток, посебно би им оставило впечаток на оние кои се заинтересирани за историја. Уште едно градче прошетав ама го заборавив како се вика Единствено ми е криво што бев во билизина на Паг и не отидов на ниедна журка, а е еден од островите со најдобри журки. На еден ден ја прошетав и Ријека, не ми остави некој посебен впечаток. И за крај го оставив преубавиот Дубровник, до сега сум била два пати и излишни се зборовите, доволно е само слики да се погледнат (скапичко си е, но мора да се види) П.С. Жал ми е што сликите од мојот одмор не се во овој компјутер и затоа искористив некои слики од нет, па во некоја наредна прилика ќе ставам од одмор (посебно од Плитвички езера)
Хрватска-Макарска Здраво разгледував има дневни екскурзии од Макарска до Брач, Хвар, Дубровник, Сплит...но не пишува цени. Ако некој знае нека пише.
гледам интересни понуди за хрватска, ај помош од некој што бил да предлози за кое место да се одлучам , а воедно и да е блиску до плитвички езера
Видов века имате отворено разговор за Хрватска, ја да прашам дали има некој одено на одмор во Хрватска - Зрце сакаме да одиме друштво таму на одмор, па ако некој може да даде некој совет нека повели
загреб дубровник макарска бол на брач хвар пула ...немам зборови рај на земјата.мирис на борова шума бистра вода како солза. секој дел од хрватска си е приказна за себе. бол е најубав. плажата златни рат е совршена. едната страна е мирна ,а на другата пак ветер дува без престан. има од најмлади до најстари.ги продаваат најубавите овошни салати,варена или на скара пченка а во срцето на боровата шума има и ресторан со дрвени маси и клупи и има многу добро јадење. шеталиштето е секогаш раздвижено,има многу тезги со многу убав накит или сувенири. и секако да не ги заборавам кафаните каде што морската храна е убавина од едната страна на шеталиштето го гледас мирното море во вешерните часови а од другата страна има убави куќи опколени со зеленило,на почетокот се хотелите па подоле се сите места за јадење и некои продавници за облека. варадеро е местото каде што до 11 часот навечер има и млади и стари а потоа почнува журката.многу млади,коктели запознавања и музика до сабајле. и се е некако на ниво ,од рестораните до местата за забава до продавниците и кафулињата. навечер е измислено за седење на плажа.само да седис да го осеќаш мирисот на морето да дува малку пријатно ветре и месечината да помислиш дека е на еден метар од тебе. секогаш ми е тешко кога треба да си одам од ова место.од сите е нај прекрасно,да те остави без зборови. ние бевме сместени во елафуза ,така се вика хотелот и само пофалби за истиот.а храната таму,лелее нема што нема ,секогаш се враќам поправена .незнаеш што попрво да јадеш,различни видови на месо риба морско компири на 101 начин сладоле ваков онаков колач варива палачинки се се..што и да посакаш се ке најдеш.бол е местото и хавр е убав, таму се мириса на лаванда ама кога ке кажам се мислам на се.уште и храната да е лаванда амфора е совршен хотел. 20 дена таму и како нова си дојдов во скопје.не е ич ефтино ама секоја куна се исплати.мирно место ,има многу кафулиња и карпе дием е местото за незаборавна журка до 7 сабајле и плажата хула хула и таму е исто многу убаво.со музика со фенси храна со пијачки многууу и згодни момци ако се погодите во сеозна кога е и журката на карпе дием плажата уште подобро.незаборавно е таму.затоа и самата журка носи наслов полна месечина . не дека нема секој ден бродчиња што возат натака ама тогаш е посебно добро.инаку многу скапо место,воздухот се наплаќа.дубровник е како од бајките да шеташ само и да не се прибереш во хотел.многу убаво и така отмено место. се на се тие ми е на мене впечатоците од хрватска .веќе три години сум таму,и оваа ке ми биде четврта ке споделам искуства кога ќе се вратам од неко ново место
Женски дај вие што сте биле во Макарска кажете ми како се движат цените по маркетите, мислам отприлика колку се поскапи од кај нас, и колку се цените на еднодневните екскурзии во околината? Толку многу сакам летово да одам во Хрватска ама финансиите малку ме кочат, па да имам отприлика претстава со цените таму дали ќе успеам да отидам
Сите зборите дека цените се поскапи, јас знам за тоа, само ме интересираше колку поскапи? Ако може тие што биле да дадат некој пример 20, 30, 50% е поскапа храната по маркетите.или пак дупло поскапа?
Gледам ефтини понуди за Mакарска..дали некој бил таму? и вистина ли мн е скапо? знае ли некој колку цини карта до плитвицки езера и др . знаменитости , што вредат да се посетат?
Jaс бев лани во Макарска и преееееезадоволна. Водата е фантазија. Плажата е долга но не многу широка и каменеста е. Тоа само малку ме нервираше, но таква е Хрватска и не само тука и Брач и Хвар каменчиња е. Дури плажата на Бол кај Брач баш оваа... Нека не ве лажат сликите каменчиња е, само поситни камења Но затоа морето е совршено, јас бев крај август се плашев да не е ладно морето, ама не беше, беше за јадранско дури и топло. Иначе за цени Макарска дури е поефтина од другиве хрватски места и островчиња, ама споредбено не е ич ефтино. Поскапо е од маркети од кај нас. Храната во ресторани е многу скапа, многу! Затоа јас препорачувам да одите со полупансион. Ние бевме во куќа во соба со сопствено вц како студио баш, но без кујна. А во куќата карши нашата имаше ресторанче и таму јадевме полупансион. Доручек шведска маса, а ручек избор од 3 јадења. Јас како што гледав понуди на интернет многу ретко имаат кујни собите. Други што отидоа на Макарска само во соба без јадење им се фати многу скапо и си уплатија после полупансион во ова ресторанче. На плажа можеш свои лежалки,а чадор неможе да ставите зашто има камења (нема теоретска шанса пробувавме ние 100 пати ), само може да изнајмите а не да е скапо изнајмувањето, огин. Но затоа целата плажа е покрај борчиња па тие фаќаат сенка па не е страшно. Иначе имаше за Хвар и Бол по 30 евра тура. И Сплит и Дубровник со автобус, ефтин е автобускиот превоз. За езерава не видов воопшто понуда, може имало но не видов. Се на се Хрватска е преееееекрасна! Многу скапа. Хрватите се многу фин културен услужлив народ. Но се на се треба добар буџет да се има. Да споредам само едно фрапе во грчка и тоа огромно е 3 евра, а тука е 10 евра Иначе големо гратче, голема фрекфенција на луѓе, многу кафичи и ресторанчиња и дискотеки кои се на крајот од градот и каде излегувањето е доста скапо, ем влез плаќаш ем пијачките скапи.
rossonerka , и колку пари би ми требале плус за 7 дена ако ми е платено само сместуванјето?еве гледам, има понуди за вечера и појадок да доплатис 18 и лежалка и чадор која цена е?
Мислиш на Зрќе, тоа е крај Паг, ама е изгор скапо, другите градови и места се дуполо поевтини, знам луѓе што отишле и плаќале една пијачка 300 денари, а да не ти кажувам за храна и други работи, и тоа зборам за луѓе од Хрватска кои летуваа во ова место, па неможеа да се изначудат. Тоа таму е друг свет, тоа е Содома и Гомора, луд провод ама кошта.