Многу ја сакам Хрватска пред сезона. Најмногу од се, тоа што нема гужва. Цените повеќе од пристојни. Боровите го имаат прекрасниот мирис, лавандата е во полн цвет, морето е топло. А денот во јуни трае цела вечност!
Имам отидено само еднаш на одмор во Дубровник беше поодамна и останат ми е во сеќавање како преубав посебно стариот град.Обожавам такви градби , тесни улички , многу скалички , камени ѕидови.... А и општо ја сакам Хрватска како земја па би сакала да ја посетам цела по могучност , особено Далмација тој реон. Се сеќавам само дека тогаш (пред 6-7 г)беше прилично скапо а којзнае сега какви се цените, од продавничка една Фанта беше 2,5 евра и се сеќавам дека тогаш ги пробав за прв пат различни вкусови од Фанта кои кај нас сеуште не се ни појавени....колку сме само назадни
Едноставно ја обожавам ! Дубровник,Цавтат,Сплит...Толку е убаво што не можам да опишам И годинава ќе одам,со душа чекам август ! Будимо кроативни !
Људи,људи...Вратила се Орхидеја и донјила вам фришке успомене... Преубав одмор истеравме.Цели 11 год.не сум била во Хрватска. Предолг и исцрпувачки беше патот,но вредеше секој милиметар поминат.Многу шетавме и посетивме места на кои одамна не сум била. Плажите преубави,морето тиркизно,чисто и многу топло(децата цел ден од вода не излегоа).Мирисот на лавада насекаде. Природна сенка од борови,преубави денови,магични зајдисонца и мирни вечери со далматинска музика,добро вино и морска храна. Хрватска одсекогаш била и останува да биде моја омилена туристичка дестинација.
Убава беше Хрватска и во август, само повеќе ја сакам во јуни, пред сезона, кога има помалку гужва. Ја сакам таква каква што е, природна, без лежалки на плажа, и без јахти во заливот. Со чисто море, сино и проѕирно како стакло. Овој август имаше доста гужва. Обично до кај 15-ти има, па после италијаните си одат дома, ама сега преполно беше до крај. И цените во јуни и во август не се исти, а лавндата во јуни е во полн ек. Го сакам мирисот на Хрватска. На морето и солта во него, на борови, на риба со лук и рузмарин и на лаванда. Толку многу што почнав да размислувам да ги поминувам цели лета таму. Мирот и спокојството што ги дава мојот пуст остров се бесценети. Ама сакам само да беше маааалку поблиску, или да имаше малку подобри патишта!
Хрватска е приказна сама за себе. Посебна, уникатна, неповторлива, секогаш различна. Немам посетено многу места, но знам дека и по посетувањето на некои метрополи, јас со срцето се уште ќе бидам таму. Поврзана сум со државата на некој чуден начин. Има некаква магија во секоја улица, сокаче и секој плоштад. Омилен ми е Загреб. Секое најситно делче раскажува за нешто ново. Го обожавам и се она старо, историско во него. Ax, со Загреб ме врзуваат прекрасни прекрасни спомени Хрватска секогаш ќе биде една од моите омилени дестинации за одмор, во вистинска смисла на зборот
најубавата земја што постои,сум била еднаш во макарска и сплит ,и уште неможам да ја преболам ахх,да можам некаде да се преселам тоа би го направила во хрватска ај тие што биле оваа година на одмор нека кажат одприлика како се движеа цените Ариел а ти на кое место одиш во хр.
Последен пат во Хрватска бев пред точно четири години,па летово доколку не заминам у туѓина на печалба планираме со другарките да си истераме еден десетдневен одмор во Сплит или Макарска. Порано идев со моите па не обрнував воопшто внимание на цените,ниту ноќниот провод па ме интересира каде е поубаво за женско друштво што сака да се забавува, како се движат цените по клубовите и кафичите. Исто така би иделе со автобус, па доколку би сакале да си направиме еднодневна екскурзија до Дубровник на пример,колку често има превоз цени и сл.
Дали некој од вас бил преку агенцииве во Макарска? дали сместувањето што го нудат е во близина на центарот на Макарска и блиску до плажа, и дали има убави плажи во околината?
Хрватска моја втора љубов Нема место кое го немам посетено и кога некогаш би имала можност пак би се вратила таму. Две години по ред одам на едно исто место,највеќе поради малата и пред се дека е повеќе фамилијарно место,услугата на ниво се на се идила на која и годинава неможам да и одолееам. Најбитно ми е што е 5 минути до плажа а на самата плажа борова шума која е идеална за оние кои се преосетливи на сонце. И ако сакаш малку повеќе забава било денска или ноќна Зрче е на 35км ,се работи за Остров Паг,место Повљана. Цени солидни,по препорака на блиска другарка си резервиравме апартман. Спојлер http://www.apartmani-strukelj.com/
И колку е цената одприлика за овие апартмани на струкељ ? Има ли некој одено во Хрватска преку фалкон или савана?
Секое лето одам на одмор во Хрватска и претежно одиме во Макарска, а сум била во Сплит,Дубровник,Ријека,Загреб...ПРЕКРАСНО Е
Бил ли некој за Макарска преку агенцииве наши со понудите од 190 евра што ги нудат..па да сподели искуствоо..фала
Феминки ве молам за искрено мислење за тие што биле на овие места кое е поубаво Hвар или Kорчула,најдовме прифатлива понуда за хрватска па се мислиме со мм за меден месец