според моето гуглање мислам дека Xвар е поголем од Kорчула,а за поубав незнам ...ваљда ќе има некое крстарење до мљет, дубровник,бол,сплит или тешко??
сум била на хвар, на бол, ријека, крк и дубровник за жал на корчула не сум била . Хвар за меден месец не го препорачувам , тоа ми е идеално место за друштво и за забава но не и за романтика. Од овие места на кои сум била за меден месец го препорачувам Дубровник , затоа што за мене меден месец е јас ,тој и убавините на градот, прекрасните ресторани во огромен број со совршен поглед .
годинава планирам да одам на хвар,а иначе во хрватска сум била во дубровник и на корчула и преубави места се..
Јас сум била Брач, Сплит и неколку лета Макарска. Хрватска е волшебна уште кога ке одите со кола се вози покрај крајбрежјето поубаво чуство нема... има многу што да се види забави од секој тип Макарска е и за помлади забави ресторани кафичи плажи најразлични и цените се небаре исти како нашиот јужен сосед на островите нешто поскапи секој што се двоуми дали да отиде ја препорачувам нема да згреши
Ова лето бев на одмор во Брач, абе што да кажувам преубаво и вреди да се посети. Ги посетив исто така и Хвар и Сплит ,кој од кој поубав. И ова лето најмногу слики направив. Само што е поскапо , ама ајде еднаш се живее .
Леле бе, ама ја сакам Хрватска! Сон ми е да си најдам работа на која ќе можам да имам три месеци одмор што ќе ги поминувам во Хрватска. Или нешто што ќе работам од таму. Модра шпиља на Бишево е едно од поубавите места создадени од природата. Ако сте некаде блиску, убаво е да се види.
Бев на одмор во Хрватска овој месец и воодушевена сум. Уште од мала омилена држава ми е иако ја немав посетено, а сега кога ја видов посакав засекогаш да останам таму Само некако народот е многу ладен, не се како нас, нема толку дружење како овде, а се друго е ок. Дефинитивно Хрватска е држава во која сакам да живеам во иднина.
Летово бев по четврти пат на Хвар. Исто место, исто време. Убавини. Морето е кристално, борова шума и средени плажи - ќе заминете со прекрасни спомени. Во местото каде што бевме ние плажите беа оддалечени, па мора со кола. Има 2-3 градски, ама се помали. Храната беше годинава поскапа, што малку ми сметаше. Би отишла пак, ама не на исто место - веќе го научив како роден крај
Можеби ке одиме во април со мм на гости во хрватска , ке одиме првпат никогаш не сме биле. Па како се движат цените за кафе, пијачки , ресторани.....?? во период април - мај, не е сезона па би требало да не се многу скапи а?? Вие што ја знаете хрватска да ни предложите кои туристички места да ги посетиме? Прочитав навистина убави коментари за хрватска така да едвај чекам... инаку во близина на загреб ке одиме али може и наоколу да прошетамее
^ Кафето и пијачките не се многу скапи, од прилика колку во Скопје, или нешто малку повеќе. Ама рестораните им се поскапи, обично барем 50% повеќе од тука, а некои и повеќе. Загреб е многу убав, центарот сигурно ќе го прошетате и сигурно ќе ви се допадне. Ако можете, не е лошо да отидете до Плитвички езера. До таму има околу 2 саати со кола, а вреди да се видат.
Годинава сакавме да одиме во Хрватска,уште се мислиме за каде точно да бидеме сместени,Хвар или Макарска. Во секој случај би шетале ние скоро секој ден,ќе посетуваме различни места и плажи,на враќање сакаме и еден ден да оставиме за Дубровник,еден за Плитвички езера. Некој којшто бил,да каже какво е? Мирно место/со забава,плажите,цените,интересни места за посетување и друго?
Ако одите на Хвар уште од дома изгуглај си ги плажите да видиш што е по ваш вкус и ќе можете секој ден на различна плажа да одите. Ние секогаш кога одиме на остров така правиме. Т.е. јас собирам инфо, мм е шоферот Ако одите во приватно сместување и газдите ви се погодат, тогаш сигурно ќе дознаете и за некоја плажа која само локалци ја знаат Еве нешто ко за почеток http://www.adriagate.com/Hrvatska-hr/Plaze-Hrvatska http://www.uniline.hr/hrvatska/plaze.php За Макарска е многу полесно. Зависно од тоа каде ќе одите, угоре-удоле се' вреди да се види. Брела, Башка Вода, Водице итн. Сите се прекрасни. Често пати онака возејќи се, ќе видите некоја плажа која одозгора од автопат ќе ве маѓепса. И нели мора одма до долу на едно лезетско бањање Во врска со цените, островите се секогаш поскапи од ривиерата. Колку е подалеку островот, толку е поскап. На пр. Вис е и до 3 пати поскап од ривиерата. Секое место има туристички инфо центар од каде ќе можете да си подигнете туристички пропагаден материјал со сите интересни места за посета - ресторани, барови, цркви, археолошки локалитети и сл., како и распоред на Јадролинија за фериботите. А во Дубровник обавезно крунисајте го денот со сладолед (препорачувам темно чоколадо или ф'стак) и бањање под ѕидините на градот.
Хрватска е мојата неосртварена желба!И има време да се оствари,така? Мојот сон е таа земја,Јадранот,градовите,хрватскиот живот. Како мала си велев дека ќе си најдам некој дечко од таму пр. од Сплит,од Дубровник.И таму да си живеме,а бе детски будлаштини. Инаку многу сакам да ја посетам земјава. Некои од градовите ми се влезени во „ТОП 10 работи што сакам да ги направам“,па Боже здравје,во иднина ќе ја посетам.Морално е тоа,МОЈ ЗАКОН Е ТОА! .
Една од желбите конечно утре ќе ми се оствари Отсекогаш сум сакала да одам во Хрватска Преку играорна ќе одиме во Загреб. Понатаму ќе ги шетам и другите градови Спојлер Има место во куферот