дајте предлог за некое убаво место во хрватска ,освен макарска ,ама близу да се плитвички езера за посетување
До сега не сум била во Хрватска,гледам ефтини понуди за Макарска.Некој да сподели искуства од Макарска? - цени (храна,лежалки) - плажите какви се? Фалааааа
Јас бев лани во Макарска и беше преубаво. Плажите се претежно со камчиња, но не мора да плаќаш лежалки бидејќи каменчињата се ситни. Храна си купувавме од маркети, имаше лидл и уште некои поефтини маркети, но сепак во секој поглед е поскапо од кај нас. Али не е некоја драстична разлика. Навечер имаше супер забави, имаше каде и да се прошета. Водата беше прилично топла. Во близина се наоѓа Сплит, па може да се посети, исто така и островите - Брач, Хвар и сл. Има организирано еднодневни излети. Се на се, презадоволна сум. Годинава одам пак !!
Некој што бил во Трогир и Сплит или околината да напише повеќе ако може... Ме интересира за плажите, лежелаки дали се плаќаат и цени и цените за јадење по ресторани.
имам картичка од Tele2 со 100 бесплатни пораки, ако има некој што ќе оди во хрватска и е заинтересиран нека ми пише, ја давам за 400 денари.
Значи дефинитивно само тука се осеќам како дома.Толку сум приврзана за државата,тоа чудо Годинава едвај чекам пак да одам и пак да ја шетам Далмација...ајде уште малце.Mислам дека само таму си наоѓам мир,тишина,навечер на плажа..Уживам. Ме фаќа носталгија.
Јас годинава одам прв пат во Макарска на одмор и едвај чекам. Сакам Дубровник да го посетам (пред некое време прочитав дека е еден до 50 градови во светот кој мора да се види). Сакам да прошетам и по островчињата. За импресии и се останато откако ќе се вратам
Девојки можете ли да ми кажете дали некоја од вас била оваа или минатата година во Макарска и да ми го опишете местото подетално и да ми кажете какви се цените на плажа, кафе и сл. и општо се
Јас бев и пред малку се вратив Исто како и минатата година, цените се повисоки од кај нас речиси на сите производи. Соковите се по 15 куни, обично кафе 12-13 куни, пиво 16 куни. Ова се цени во кафиќи, меѓутоа има и лидл и таму е се поефтино, дури има некои производи кои што се поевтини и од кај нас тука. Исто така има и добра и ефтина гардероба Се на се, задоволна сум од одморот Прошетав, запознав нови луѓе, се подновив и се одморив :up: Иако Хрватска ни е прилично блиска, сепак во секој поглед е подалеку од нас Луѓето се многу гостопримливи, па посебно кога ќе дознаат дека си од Македонија... Се им е чисто и средено. Морето им е преубаво. Има и кај да се прошета, навечер има забави на тој главен трг што им е.... На сите ви ја препорачувам Макарска, не двоумете се
Прв пат летово бев во Хрватска на одмор и сум препрезадоволна освен патот што е малку напорен.. но кога ќе стигнете таму заборавате на тоа Бев во Макарска сместена, местото е чисто, средено, симпатично.. цените се нијанса поскапи од кај нас (не драстично) на пример кафе на плажа во кафич беше околу 80-100 денари, пиво на пример точено околу 120 денари, пици околу 300 денари.. се зависи каде ќе седнеш.. има и поефтини и поскапи места.. како и да е има менија надвор од ресторанчињата па не е срамота да си провериш пред да одлучиш каде ќе седнеш Бевме на крстарење на Хвар и Брач (Бол и плажата Златни Рат) и беше преееубаво.. Бевме до Сплит на шетање и градот навистина вреди да се види, а на враќање во Дубровник - еден и единствен Морето е чисто, некаде со поголеми, некаде помали камчиња, но со еспадрили за во вода ништо не е страшно Цените за лежалки беа околу 30 куни или во превод - 240 ден (ама 80 % си носат свои лежалки).. Врие од Италијани, Германци, Чеси, Словаци.. а кога ќе им кажете дека сте од Македонија и те како знаат да ви се израдуваат.. Не знам зошто овој дел го бие глас дека е премногу скап, кога во едно никакво селце на Халкидики цените се дупло и повеќе поскапи од оваа убавина тука.. Се на се прекрасно место за одмор, го препорачувам на сите.. :up: :up: :up:
Ахх Хрватска. Убава земја, ама скапа. Сум била во Дубровник, Сплит, Макарска, Тучепи, Брач и Хвар. И уште некои попатни места на кои не се сеќавам многу. Сите места се прекрасни, најмногу впечаток ми имаат оставено Дубровник и Сплит.
Мене Хрватска ми е втор дом. Единствено место на кое се чувствувам како дома, освен Македонија. Не, немам државјанство, само голема љубов Оваа година беше прекраснотии. Прво бев на крајот од јуни и тогаш се беше совршено. Водата не беше многу ладна, немаше гужви и природата како и секогаш беше незаменлива. Втората тура беше минатата ндела, само среќа пак гужвите беа поминати. Лани се погодив на почеток на август, во неподносливи гужви со разгракани италијани на сите страни. само тие повеќе викаат на плажа од нас За мене нема поубаво место од зафрлениот далечен остров на кој секогаш одам. И не ми е мака што најбиската плажа е со камчиња, а не песок, затоа што уживам во кристално чистата вода. Децата прват кули и замоци од камења, цртаат по камчињата со темперни боици и фрлаат камчиња во вода. На страна од тоа што мајка им ги учи да скокаат од карпи и да пливаат „до Италија“. Секој ден пливам по 2-3 пати од една до друга плажа, сама, и мирот што го имам во тие моменти е непроценлив. Повеќе уживам дури и од возење на долги патеки, исто така сама. И како да ти почне денот, кога си на одмор, отвораш очи, и го гледаш ова:
Годинава посетив некои делови од Хрватска и можам да кажам дека сум воодушевена, прв пат ми е да одам во Хрватска и баш ме освои. Ги посетив Трогир, Сплит, Шибеник и островите Чиово и Шолта. Поточно бев сместена на островот Чиово кој од Трогир го дели само еден мост. Трогир - стариот град е малото островче на сликата, а после мостот на десно е островот Чиово ама не се гледа на сликава. Трогир нема плажа па сите одат на плажа на Чиово. Сместувањето на Чиво се движи од 25 евра од ден за еден човек во првите редови до плажа, а малку подалеку може да се најде и поефтино. овие се цени за двокреветните апартмани, а во поголемите цените се нешто пефтини. Вилите се стварно преубави и се топ средени, ќе направам споредба со Грција затоа што највеќе ја имам шетано и во повеќе делови, така да ќе кажам само дека се едно големо нула во споредба со апартманите на Хрвативе, за истата цена и иста категорија правам муабет. Толку чисто, средено, клима, интернет и тв се си е вклучено во цената и секоја си има паркинг место колку што и нуди апартмани, а не колите на улица да се оставаат. Чиово е доста среден остров, чисто е, луѓето се љубезни и има буквално се што е потребно за мирен и опуштен одмор. Има повеќе плажи на различни страни. Јас бев сместена во Округ Горни и таа плажа ми беше најблиску, тесна е но долга едно 2-3 километри. Со бели каменчиња е, задолжително мора да си купите од оние патичињата што се наменети баш за такви плажи, водата е кристално чиста и пресолена! Веднаш е длабоко, само два три чекори се во прашање. Има патека покрај плажата и по цела нејзина должина кафичи, сендвичари, сладоледи се продаваат и слично. Цените во кафичите се прилично ефтини, цените ќе ви ги кажам во евра иако валултата им е куна, кафето се движи од 1,5 до 3 евра зависи какво, сокчињата им се по 2-3 евра, пивото е околу 2-3 евра, а ги имаат во многу интересни вкусови со круша, јаболко, брусница... Јадењето исто така не е нешто скапо, во сендвичарите на плажа хамургер, тостови беа така по 2-3 евра, во рестораните пиците се движеа од 4 евра нагоре, тестенините исто, морската храна некое евро поскапа ама пак ќе кажам во споредба со Грција (Халкидики) е доста поефтино. Водата од чешма може комотно да си ја пиете, а во ресторан е доста скапа околу 4-5 евра шише вода секако Јана Има големи маркети каде што може да си купите се ако планирате да готвите во апартман, цените се слични како кај нас и речиси истите работи ги имаме по маркетите. Најголем впечаток на островов ми остави плажата Дуга, многу е необична целата е како удолница, не е онака рамна плажа туку е баш надоле, за да влезеш во вода мораш низ карпи кои се наоѓаат на брегот, има на некои делови како скали направени од нив ама најдобро е да си рипнеш и секако одма си во длабоко некаде над 1,50 метри. Нигде немора да плаќаш лежалки освен нели ако сакаш, инаку лежалка чини 2,50 евра и чадор уште толку, ама никој не ги изнајмува така си стојат на куп, сите си се со пешкири и со чадори кои може да си ги купат таму или донесат од дома. Трогир е град заштитен од Унеско, мене многу ме потсетуваше на Верона додека шетав низ уличките во стариот град, се гледа влијанието на Италијанската архитеркура. Не е многу голем, за саат два можеш да го прошеташ комплетно. Има неколку катедрали, монахињи кои никако не излегуваат од таму и никој несмее да ги види. Малку е поскап од Чиово и разбирливо е, има премногу туристи ама Македонци слабо, баш другаркиве кои живеат таму ми кажаа дека никогаш не сретнале некој од Македонија да летува таму, обично по Макарска се. Трогир има прекрасна марина па така да може да се забележат едни од најлуксузните јахти на светот, ма не јахти јас Титаник би рекла затоа што толкави бродови греота е да се викаат јахти Ете на пример таму летува Барни Еклстоун и таму си го паркира Титаникот. Има бродче што оди на секој саат од Чиово до Трогир и чини две евра така да најдобро е да се оди со бродчето или пешки (не е многу далеку едно пола саат зависи колку сте далеку сместени) иако за враќање е малку напорно затоа што е ептен угорница. Со кола никако затоа што има огромни колони од луѓево што доаѓаат само за на плажа и се заглавува и по 4 саати. Сплит е магичен. Диоклeцијановата палата е прекрасна, вреди да се прошета и види. Има и музеи, секој ден има некој музички настан. Може да се влезе, влезот е 2 евра да се посетат подрумите на палатата. Внатре се продаваат сувенири, накиот од корали и филиграни. Има многу тесни улички повторно потсеќа на Верона и Венеција, мали скриени кафулиња и ресторанчиња со одличен амбиент. Е насекаде се слуша Оливер Драгојевич и ретко негде да се слушне нешто друго, и Тоше го пуштаа доста Северина ретко од негде ќе ја чуеш ама слабо. Марината е исто луксузна, а кафичите и рестораните покрај неа ужасно скапи. Доста поскапо од Трогир и Чиово. Ме нервира тоа што во менијата нема некоја традиционална Хрватска храна, се е нешто пици, тестенини, салати како и секаде претежно Италијанска храна. Жими пица Далмација и домашен далматински пршут, јас ништо друго домашно јадење не видов. Морската храна си е стандард како и секаде, лигњи, ракчиња, риба и школки, ништо невидено. Шибеник е исто со дел на стар град сите градови во Далмација личат едни на други, сите се скоро исти, само некој поголем некој помал. Луѓето си се тие, шармантни, не многу љубезни ама топли и комуникативни, ако им кажеш дека си Македонец се чудат што навака, а ако не им кажеш ќе мислат дека си Русин. Пољаците и Гермнаците им се туристи во најголем број. Сакавме да направиме една тура со бродче до Брач и да го посетиме Бол ама беше ужасно скапо, односно немаше бродче туку можеш да си изнајмиш глисер со возач за 500 евра, а не собира повеќе од 5-6 души на глисерот. Друга опција беше да одиме со бродче до Сплит па од Сплит да фатиме Тракет до Брач, па за да стигнеме до Бол тербаше да се снаоѓаме за автобус, а далечината била околу 30 км, за да ја качиш колата на тракет беше околу 250 евра што пак е реално многу, ако одиш без кола нема да те фати ни 30 евра со се повратни карти Трогир-Сплит-Брач. Плус доаѓа и возењето по цел ден за да останеш на плажата пола саат зашто последниот траект си оди во 22 часот, а има возење може 3 саати. Се одлучивме за друга тура со бродче, плативме по 30 евра со вклучен ручек во ресторанче. Ок беше, не беше лошо. Бевме на островот Шолта, има убава плажа, малo островче е, од тоа што го видов би рекла дека е и доста диво, има доста недопрена природа која не ја уништиле само за да се шират со вилите. Таму има доста приватни вили, некако е многу шармантно, како на брдо се сите една врз друга, и покрај низ има многу мали тесни скалички за да се стигне до плажата. Премногу јахти имаше на пристаништето, а цените беа поефтини од Чиово, барем во кафичот каде што пиевме кафе, 1 евро чинеше, абе кај нас е поскапо! На турата посетивме и една плажа која ја викаат Плава Лагуна е водата беше баш таква, тиркизна, многу длабоко, а се гледаше дното. Посетивме и еден ресорт со хотели и бунгалови пред Шибеник се наоѓа, се вика Соларис. Многу луксузен комплекс, доста беше скапо, лежалките беа по скоро 10 евра, една лежалка значи! Има многу кафичи и ресторани кои изгледаат многу фенси, еден кафич беше ко у базен, а за да нарачаш нешто мораш на влезот да купиш картичка на која може да ставиш минимум 20 евра т.е. тоа е минималната сума што мора да ја потрошиш, пуфф да знаев дека е вака не ни седнував, ама се зезнавме зашто кога викнавме да платиме ни кажаа дека се плаќа само со таква картичка дека не примаат пари и не враќаат кусур!!! Инаку цените во кафичот не беа нешто скапи, ама за да си ги потрошам тие 20 евра на акртичката треба 10 кафиња и сокови да испијам, ај добро 5 луѓе бевме па ги потрошивме некако. Местото беше онака ептен за шеми да правиш нитшо друго, плажата тука беше песочна. Јас не сум многу по вакви места, пре би да шетам низ стар град одколку да гледам фенси кафичи во облик на стар пиратски брод и ресторани во базени. Народот е многу културен, далматинките ултра модерни, секаде е многу чисто, секаде мириса убаво на чисто на море, да ти е мерак да шеташ! Нареден пат би сакала да го посетам Дубровник, немав множност сега. Кога ќе одите во Хрватска особено ако одите првпат прашајте на влез дали треба да си земете пријавница за да пријавите каде сте престојувале и колку дена. Нас на влез не ни побараа ништо, а на враќање бидејќи морав да се вратам порано сама со автобус ми побараа таква пријавница. Иако им реков дека не сум била туристички туку кај пријатели ми рекоа дека мора да имам таква листа ако не казната била 150 евра ама као ми опростија да си знам за нареден пат. На дечко ми коа искачал од Хрватска ништо не му побарале , така да прашајте си за секој случај. Ако на некого му треба некоја информација плус или ако сака да му препорачам смештај слободно нека пише, имам неколку визитки во новчаник.
еее Хрвaтaкa, Хрвaтскa Спoмени, симпaтии... Сaмo пoфaлби и пoзитивни впечaтoци имaм зa Хрвaтскa. Туф штo ми се присaкa сегa дa oтидaм...
Мене Хрватска ми е омилена туристичка дестинација. За разлика од Грчкиве селца на море ( јас не ги ни разликувам) на Хрватското приморје секое место е посебно и убаво само по себе. Нема утка каде и да одбереш. Само, ако си по песочни плажи, таму освен онаа на Бол на Брач и незнам некоја друга дали има. Обично се со камчиња. Јас не сум љубител на лежење на плажа, и обично кога одам на одмор, секој ден морам да ги посетам и околните места, а на плажа сум само ако нешто ми остане од времето. Само во последниве години, многу ги накачија цените, па и самите Хрвати се жалат дека на море неможат да припарат. Сепак Хрватска е сега најпосакувана летна дестинација и јас имам сретнато многу од западниве земји туристи кои ја посетуваат со години и не планираат да ја менуваат.
Здраво дечки.Немам одено во Хрватска па сакам да ве прашам дали има голема разлика на водата вк смисла на тоа колку е ладна пошто знам дека е поладна на јадранско море.
Беба мене лично ми има голема разлика од Егејско, но се трпи. Убедливо најладна ми беше на Бол. Моја препорака е да одиш во август. Кога сме веќе кај Хрватска... Задар ми е љубов најголема!
Nestrpliva sum za odenje posle dve godini pauza. Go cekam migot koga ke go osetam vozduhot koj e magicno poseben a uste poslatko ke mi bide zatoa sto prv pat ke odam so maloto