Јас бев лани на турата што се организира од агенцииве за Макарска. Најпрво патот е утепувачка долг, али времето поминато таму вреди за целата мака. Ние бевме сместени во приватна куќа во Макарска, на 10 мин одење од плажата. Плажата ми се допадна мене многу, од причина што кога не сакаш да си на сонце имаш природна сенка - борчиња. Водата не е многу ладна, се навикнуваш по некое време Целата плажа во Макарска ти е полна со ресторанчиња, со менијата и цените пред нив, така да можеш да видиш кој ресторан што нуди и за колку пари. И секогаш има нешто на акција. Можеби е за нијанса поскапо од кај нас и во рестораните и во маркетите, ама па на одмор си нели, тоа не се гледа толку Секој ден има тури со бродови до блиските острови, ние ги посетивме Брач и Хвар и можам да ви препорачам да одите, убави места се посебно Брач... Има како агенции на самите плажи и таму ќе се информирате за каде сакате да одите и што се нуди за тие пари што ќе ги уплатите. Бевме еден ден со автобус до Сплит и како град е супер да се прошета за еден ден, да се испие кафе во некое кафуле покрај морето и секако да се види Диоклецијановата Палата. На други места многу не шетав, зошто пред се сакав да се одморам на плажа, онака пензионерски Парите менувајте ги во банка, така ви е подобар курсот! За купување за некоја гардероба или сл... па јас не ви препорачувам, зошто искрено работите ми се видоа поскапи таму од тука... Се на се добар одмор, да се наполат батериите, да се подиша друг воздух, да се осети друга клима. Местото е преубаво, верувајте природата не се штедела таму.
Сакам годинаva прв пат да одам во Хрватска, и ги гледав понудиве на нашиве туристички агенции сите се за Макарска ( бидејки гледам со автобуски превоз), во некои вили No name и Jovic i Јelas, па ме интересира дали некој бил во овие вили и нешто повеќе за нив, или да ми предложи некоја туристичка агенција каде има поголем избор на сместување. Или пак некоја испробана вила во местото Млини или Дубровник бидејќи е најблиску па ми можелo да се оди и со кола???? Јас воопшто незнам ниту едно место таму, бидејки првпат се заинтересирав за Хрватска оваа година
Дали лесно можеш сам да се снајдеш за сместување во макарска ? Која е цената на картата за превоз до таму и за смештај колку пари е отприлика ако може да ми одоговориш. Ви благодарам однапред
No name вила им значи дека кај ќе имаат останато место, таму ќе те сместат. ЈАс сум била 2 пати во МАкарска, од кои еднаш со Савана, каде и да се сместиш, македонските агенции немаат вили на прв ред така да ќе имаш пешачење до плажа, ама не е страшно. Обавезно да одите во таа дискотеката во пештера што е, секоја вечер има забава таму, а колку што се сеќавам, влезот не беше многу скап
Дали некој бил на Плитвичките езера? Планираме да одиме сега викендот во Макарска на 10 дена, но барем 2 дена и на езерата Па како е таму сместувањето? И дали може да се избањаме во некое од езерата?
Пред две години бев на одмор во Хрватска, бевме сместени во центарот на Сплит и беше супер. Градот е многу жив и мене многу ми се допадна. За време на престојот во Сплит бевме на еднодневна екскурзија до Плитвичките езера, само времето не ни се погоди - облачно беше. За сместување во Плитвице не можам ништо да ти препорачам, ама капење во езерата мислам дека не е дозволено, а и плус тоа е планинско место не знам дали има други интересни активности во таа област за повеќе дневен престој.
Како се движат годинава цените во Макарска, дали некој знае...и колку отприлика коштаат ексурзиите до Бол-Плажата Златни рат?
Aj ve molam nekoja da mi predlozi dobra ponuda za makarska i dali stvarno e skapo jadenjeto tamu odnapred vi blagodaram i se izvinuvam za latinicata od mobilen pisuvam ☺
Макарска е место повеќе за фамилијарни луѓе. Мене ми беше чудно оти плажите се без лежалки сите лежат на земја на крпи и сунгери, и поголем дел од плажите се покриени со сенки од дрвјата. Да не е толку гужва би било супер. Има една плажа (БУБА) каде што така пуштаат музика преку ден и има маси, лежалки, шанкови. Многу е гужва на плажите, премногу, некогаш може цела плажа да ја поминеш а да не најдеш место. За јадење има многу ресторани, храната е вкусна навистина, но секако една порција од 13 евра па нагоре е. Споредувано со Грција, Црна Гора, Бугарија во Хрватска е најскапо. Забава за млади и нема баш, навечер повеќе луѓето се на вечера седнати по рестораните. Има две дискотеки Дип и Петар Пан, ама забавата не е баш на некое ниво. Сплит е преубав град, многу би сакала пак да одам таму. Инаку околу саат или саатипол е од Макарска возење до таму. И секако кога сте таму треба да ги посетите островите, Хвар и Бол. Плажата Златни рат на Бол на Брач ми беше дефинитивно нај убавата плажа со феноменална вода. Хвар е онака повеќе камени плажи, песок ич. Како и да е убаво е да се види.
Од Хрватска сум била во Загреб, Сплит, Макарска, Дубровник, Трогир, Плитвица, Брач и Хвар. Туризмот, гостопримството, културата и луѓето таму не се споредуваат со нашиве соседи. Годинава би сакала да одам на Истра. Дали бил некој да ме упати за сместување?
Ах бре луѓе ве читам и што да кажам, ми отворивте апетит како никогаш за никаде, само што нажалост или можеби за среќа Хрватска малку ќе почека, малку сум си трудничка така даааа летово и до Охрид ако стигнам ќе биде успех. Еден ден сигурно ќе отидам!!!
Ништо посебно, подобро одбери си друга дестинација, Зрче само навидум личи на Ибица со журките ама слабо.
Е со Ибица знам дека неможе да се спореди, но сакам да знам какво е местото. Јас и не сум многу по журките и дрогите(како што ги има во Сончев Брег и Ибица), така да, ако нема многу журки и би ми одговарало. Многу од пријателите ми го фалат. Требаше лани да отидам таму, но не се договорив со човекот за смештај. Ми го зафатија и отидов на друга страна на одмор.
Место полно со дечишта, знам дека тебе нема да ти одговара, ниту плажи убави ни ништо значи ќе треба да се тресиш околу тие базените таму цел ден. Нема што да се види таму, поарно фати некој друг дел од Хрватска.