Мене баш ми се допаѓаат хрватските серии Дефинитивно се многу подобри и поквалитетни од турските Да не се повторувам, ги имам гледано сите погоре набројани, и сега Изборот на Лара си ја гледам Само Забранета љубов ја немам изгледано до крај пошто ептен претераа со бројот на епизодите , ко индиска серија испадна Најубава ми беше Гордоста на Раткаеви, и Не дај се Нина беше многу интересна, смешна
Не гледам ниту една хрватска серија. Најомилена ми е Љубов во офсајд. Сакам пак да ја емитуваат. Ги имам гледано и Вила Марија, Обични луѓе, Се ќе биде добро, Не давај се Нина, Забранета љубов и Долина на сонцето. Не ми се допаѓаше Забранета љубов. Претераа со епизодите.
Ги имам изгледано Вила Марија, Љубов во офсајд, Обични луѓе, Не давај се Нина, Се` ќе биде добро и Забранета љубов (донекаде, не целата, зашто многу стана досадна, изгуби ориентација серијата). Ок се, ништо полоши од шпанските или турските, ниту подобри (можеби малку подобри од турските сепак). Поголемиот дел ме смееле страшно, како со глумата, така и со приказната, ама ги гледав заедно со мајка ми, и во тој период, тоа беше единственото време што го поминувавме заедно така што... си ги гледавме и се смеевме двете.
Љубов во офсајд ми беше најинтересна серија, а ја гледав и Гордоста на Раткаеви. Хрватските серии ми беа подобри од шпанските и турските, не знам зошто, можеби дека се од поблиска земја, поблиско ми беше дејствието, а не дека се објективно подобри...
Сум ги гледала и овие. Нема хрватска серија без изразот факат ниси нормалан Не знам, сум заборавила кои сум ги гледала. Љубов во офсајд, многу интересна ми беше, ама сега скоро кога ја фатив на тв пак, некако дејството многу бавно ми изгледаше овојпат. Забранета љубов си ја догледав од почеток до крај , иако серијата во 300 различни правци ја отераа, се заборавија и кои се главни глумци, и што е поента на приказната. Ама онака, за релаксација супер беше. Ја гледав и онаа Обични луѓе или така некако се викаше . Што беа три сестри, па едната се најде во една фамилија, ја испозаборавив веќе. Пред една година ја загледав и Закон на љубовта, ама поим немам зошто престанав, кога ми беше интересна . Едни исти глумци се вртат, има некои што глумат добро, но има некои кои глумат ужасно лошо и неприродно. Шпанските (латиноамеричките де ) ми се далеку подобри од овие, не можат ни да се споредат. во првиве дејствието и глумците се барем далеку подобро смислени, овие ми се некако аматерски. Ама пак хрватските според мене се подобри од турските (се е подобро од нив ). Ама да дават пак повеќе хрватски, не би ги гледала, го поминав тој период некако.
Забранета Љубов - Ја гледав, ама многу епизоди имаше и не ја догледав. Многу ми се допаѓаше Не дај се нина. Супер филмче, ама мислам не завриши И луд Збунет нормален, за смеење тамам. Секоја чест!
луд,збунет нормален,не ли беше босанска серија ?инаку и јас го гледам филмот,најинтересен ми е фарук-мајка . а од хрватите не сум нешто задоволна,ги имам гледано не дај се нина,љубав у залеџу,долина на сонцето,ларин избор. неможам јазикот да им го поднесам,ми личи како да го украле од србите и го упростиле.
Мене најубав ми е под срјетном ѕвездом и многу сакам да ја гледам и другата сезона доколку воопшто ја снимаат
Најголема „болка“ за мене, беше кога одеше последната епизода од „Не дај се Нина“, а јас не бев во можност да ја гледам зашто славев полуматура. Репризата ја преспав и никогаш не видов како заврши. Мислам по некое време ја даваа на А2 и тогаш ја гледав пак од почеток до крај, ама не беше тоа тоа нели. Најомилена серија од хрватскиве ми беше „Љубов во офсајд“. Умирав по Марко Марушиќ и го замислував и јас мојот М.М. и секогаш пуштав солзи кога се караа со Нина. Онаа плавата, Маја - ја мразев уф, немате поим колку многу. Имав една другарка од основно со која одевме на приватни часови по математика и женичката што ни подобјаснуваше, секогаш велеше дека сме биле слика-прилика на Нина и Маре. И нели, јас бев Маре во случајов, па ми се скрши фимот зашто сепак мене омилена ми беше младата умјетница. Во главно беа правени по теркот на шпанските, ама нели - понашки делуваа(т). До некаде. Би ги гледала пак, зашто и нема нешто поасално од оние серискиве кои моментално се во етер.
Според мене има доста квалитетни хрватски серии...но некои како Ларин Избор ги направија шпанси серии, многу ја издолжија и повеќе нема смисла, се е некако премногу според мене. Од хрватските серии ја имам гледано Вила Марија и таа ми е дефинитивно најомилена серија од хрватските, навистина е прекрасна. Други серии што сум ги гледала се Долина на сонцето и Не дај се Нинаа.
Во последно време гледам една серија ( naslednjica iz vandalama, незнам дали добро го напишав името ) мислам дека така се викаше во 12:40 почнува
Во последно време немам гледано некоја хрватска серија, но тие што ги имам гледано беа навистина убави. Би ја издвоила серијата Љубав у залеџу најубава ми беше и доколку повторно би ја давале, повторно би ја гледала.
леле некако шкљ ми се хрватскиве, ги гледам ама не ми се тоа тоа. Не знаат да глумат ни некое сценарио имаат, абе бетер од индиска серија станаа само у пократка верзија од тие што ги гледав, ми се свиѓаа Забранета љубов, Љубов во офсајд, Вила Марија и оваа сеа што ја даваа не ми текнува како се викаше со Инес, Марко, Јаков, тие и Нивес тетката е тука Јакиша и Нивес и брат и ме умираа од смеаа
Порано гледав повеќе хрватски серии, сега не. На некои од нив сеуште се сеќавам, како на пример битанге и принцезе, љубов во офсајд, Вила Марија.
Само забранета љубов го гледав со Антонија Шола, и не го догледав ни него...туку некој ако знае да ми каже со кој остана Петра на крај, дали Даниел стварно и беше брат , и дали умре?
^ Не се сеќавам со кој заврши Петра, сепак многу одамна ја имам гледано на А1 кога ја даваа, но знам дека Даниел испадна дека и е брат близнак и да почина. Малце без везе. Иначе од хрватските би ги издвоила Љубав у залеџу и Вила Марија, нешто онака подобри за нијанса од останатите, серии што ми останале во сеќавање.
И јас само оваа ја гледав. Па нели Петра беше со свештеникот на крај? Освен ако не заврши со некој друг. Даниел умре во морето.
Ja obozavam ponos ratkajevih, uopste volim taj tip povijesne telenovele..skoro sam otkrila da imaju sve epizode na youtube-u )
Каде ги гледате сериите бесплатно ги нема сите епизоди на youtube на која страна ги најдовте сите епизоди?