Адвентистите на седмиот ден Библијата во целост ја прифаќаат како единствено мерило за својата вера. Верувањата што во скратена форма се изнесени овде, тие ги сметаат за суштина на учењето на Светото писмо. Овие верувања ја сочинуваат срцевината на црковното учење на Христијанската адвентистичка црква низ целиот свет. По секое од 28-те верувања наведени се библиските стихови врз основа на кои тоа се базира. 1. Светото писмо 2. Тројството 3. Бог Отецот 4. Бог Синот 5. Бог Светиот Дух 6. Создавањето 7. Природата на човекот 8. Големата борба 9. Христовиот живот, неговата смрт и воскресение 10. Спасението како искуство 11. Растење во Христа 12. Црквата 13. Остатокот и неговата мисија 14. Единството на Христовото тело 15. Крштевањето 16. Господовата вечера 17. Духовни дарови и служби 18. Дарот на пророштвото 19. Божјиот закон 20. Саботата - ден за одмор 21. Повереничка служба 22. Христијанското однесување 23. Бракот и семејството 24. Христовата служба во небесното Светилиште 25. Второто Христово доаѓање 26. Смртта и воскресението 27. Милениумот и крајот на гревот 28. Новата земја Спојлер http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%20&source=web&cd=3&cad=rja&ved=0CC8QFjAC&url=http%3A%2F%2Fwww.adventisti.org.mk%2F&ei=WEOWUNTcAaOI4gSJ-YDICQ&usg=AFQjCNGmkqAGWXSxkuKDxC0LoCCKTBpgFA Спојлер 1. Светото писмо Светото писмо, Стариот и Новиот завет, е напишана Божја реч, дадена со божествено вдахновение преку Божји свети луѓе кои зборувале и пишувале инспирирани од Светиот Дух. Во Божјата реч Бог на човекот му доверил знаење неопходно за спасение. Светото писмо е непогрешно откровение на Божјата волја. Тоа е мерило на карактерот, проверка на искуството, авторитетен толкувач на доктрината и веродостоен извештај за Божјите дела во историјата. (2.Петрово 1,20.21; 2.Тимотеј 3,16.17; Псалм 119,105; Мудри изреки 30,5.6; Исаија 8,20; Јован 17,17; 1.Солуњаните 2,13; Евреите 4,12) 2. Тројството Постои еден Бог: Отец, Син и Свети Дух, единство на три лица со иста вечност. Бог е бесмртен, семоќен, сезнаен, над се и сеприсутен. Тој е бесконечен и ја надминува човечката моќ на сфаќање, но сепак познат преку своите откровенија за себеси. Тој е вечно достоен сите созданија да го почитуваат, обожуваат и да му служат. (5.Мојсеева 6,4; Матеј 28,19; 2.Коринќаните 13,14; Ефесјаните 4,4-6; 1.Петрово 1,2; 1.Тимотеј 1,17; Откровение 14,7) 3. Бог Отецот Вечниот Бог Отец е творец, извор, одржувач и владетел на целокупната вселена. Тој е праведен и свет, милостив и полн со милосрдие, бавно се гневи и обилен е со непоколеблива љубов и верност. Особините и силата што се покажале кај Синот и кај Светиот Дух исто така се откровение на Отецот. (1.Мојсеева 1,1; Откровение 4,11; 1.Коринќаните 15,28; Јован 3,16; 1.Јованово 4,8; 1.Тимотеј 1,17; 2.Мојсеева 34,6.7; Јован 14,9) 4. Бог Синот Вечниот Бог Син се воплотил во Исуса Христа. Преку него е создадено се, откриен е Божјиот карактер, извршено е спасение на човечкиот род и суд на светот. Вистинскиот вечен Бог станал и вистински човек, Исус Христос. Зачнат е од Светиот Дух и роден од девица Марија. Живеел и ги искусил искушенијата како човечко суштество, но со својот совршен пример ја прикажал Божјата праведност и љубов. Преку своите чуда Тој ја открил Божјата сила и се потврдил како ветен Месија. Доброволно страдал и умрел на крст за нашите гревови и наместо нас; воскреснал од мртвите и се вознел на небото за да врши служба за нас во небесното Светилиште. Тој ќе дојде пак во слава конечно да го ослободи својот народ и да обнови се. (Јован 1,1-3.14; Колошаните 1,15-19; Јован 10,30; 14,9; Римјаните 6,23; 2.Коринќаните 5,17-19; Јован 5,22; Лука 1,35; Филипјаните 2,5-11; Евреите 2,9-18; 1.Коринќаните 15,3.4; Евреите 8,1.2; Јован 14,1-3) 5. Бог Светиот Дух Вечниот Бог Свети Дух бил активен со Отецот и Синот при создавањето, воплотувањето и откупувањето. Тој ги инспирирал писателите на Библијата. Тој Христовиот живот го исполнувал со сила. Светиот Дух ги привлекува и ги осведочува луѓето, а оние што ќе го прифатат Неговиот повик, ги обновува и ги преобразува во Божји лик. Испратен од Отецот и Синот постојано да биде со нас, Тој и дава духовни дарови на Црквата, ја ополномоштува да сведочи за Христа и, сообразно со Писмото, ја воведува во секоја вистина. (1.Мојсеева 1,1.2; Лука 1,35; 4,18; Дела 10,38; 2.Петрово 1,21; 2.Коринќаните 3,18; Ефесјаните 4,11.12; Дела 1,8; Јован 14,16-18.26; 15,26.27; 16,7-13) 6. Создавањето Бог е творец. Тој создал се и во Светото писмо објавил автентичен извештај за својата творечка дејност. За шест дена Господ ги создал “небото и Земјата” и сите суштества на Земјата, и починал во седмиот ден на таа прва седмица. Со тоа Тој саботниот ден го воспоставил како траен споменик на своето творештво. Првиот човек и првата жена биле создадени според Божјиот лик, како круна на делото на создавањето. На човекот му е дадена власт над светот, но и одговорност да се грижи за него. Кога создавањето на светот било завршено, светот бил “мошне добар” и подготвен да ја објавува Божјата слава. (1.Мојсеева 1,2; 2.Мојсеева 20,8-11; Псалм 19,1-6; 33,6.9; 104; Евреите 11,3) 7. Природата на човекот Мажот и жената биле создадени според Божјиот лик, со индивидуалност, со можност и слобода на мислење и дејствување. Иако се создадени како независни суштества, секој човек е неделива целост од тело, дух и душа, која зависи од Бога за својот живот, за дишењето и за се друго. Кога нашите први родители му откажале послушност на Бога, тие ја откажале и својата зависност од него, со што ја загубиле својата висока положба пред него. Со тоа кај нив е нарушен Божјиот лик и тие станале подложни на грев. Нивните потомци учествуваат во таа падната природа и во нејзините последици. Се раѓаат со слабости и склоности кон зло. Меѓутоа, Бог во Христа го помирил светот со себе и со својот Дух ги обновува смртниците кои се каат, враќајќи им го ликот на нивниот Творец. Создадени на слава на Бога, тие се повикани да го сакаат Бога, да се сакаат едни со други и да се грижат за својата животна средина. (1.Мојсеева 1,26-28; 2,7; Псалм 8,4-8; Дела 17,24-28; 1.Мојсеева 3; Псалм 51,5; Римјаните 5,12-17; 2.Коринќаните 5,19.20; Псалм 51,10; 1.Јованово 4,7.8.11.20; 1.Мојсеева 2,15) 8. Големата борба Целиот човечки род е опфатен со големата борба меѓу Христа и сатаната, судир што се води околу Божјиот карактер, околу неговиот закон и неговото владеење со вселената. Овој судир избувнал на небото кога едно создадено суштество, надарено со слобода да бира, се возгордеало и станало сатана, Божји противник, и повело во бунт дел од ангелите. Истиот бунтовнички дух сатаната го пренел на овој свет кога ги вовлекол Адам и Ева во грев. Тој грев на човекот го изопачил Божјиот лик кај човечкиот род, внел безредие во создадениот свет и конечно предизвикал негово уништување со сеопшт потоп. Пред очите на целата вселена овој свет станал арена на сеопфатен судир од кој Бог конечно ќе излезе оправдан и потврден како Бог полн со љубов. За да му помогне на својот народ во тој судир, Христос го праќа Светиот Дух и своите предани ангели да го водат, штитат и поддржуваат на патот на спасението. (Откровение 12,4-9; Исаија 14,12-14; Езекил 28,12-18; 1.Мојсеева 3; Римјаните 1,19-32; 5,12-21; 8,19-22; 1.Мојсеева 6-8; 2.Петрово 3,6; 1.Коринќаните 4,9; Евреите 1,14) 9. Христовиот живот, неговата смрт и воскресение Во Христовиот живот, проникнат со совршена послушност кон Божјата волја, во неговите страдања, во смртта и воскресението, Бог го дал единственото средство за исчистување на човечките гревови, така што оние кои со вера ќе го прифатат тоа чистење, ќе можат да имаат вечен живот, и сите создадени суштества ќе можат подобро да ја сфатат бесконечната и света љубов на Творецот. Ова совршено дело на чистење и помирување, ја потврдува праведноста на Божјиот закон и милосрдноста на неговиот карактер, зашто овие две нешта го осудуваат нашиот грев и ни обезбедуваат простување. Христос умрел наместо нас за да ги исчисти нашите гревови, да не помири со Бога и да не преобрази. Христовото воскресение ја објавува Божјата победа над силите на злото, а на оние што го прифаќаат помирувањето им дава цврсто ветување за конечна победа над гревот и смртта. Тоа го објавува достоинството на Господа Исуса Христа пред кого ќе се превитка секое колено и на небото и на земјата. (Јован 3,16; Исаија 53; 1.Петрово 2,21.22; 1.Коринќаните 15,3.4.20-22; 2.Коринќаните 5,14.15.19-21; Римјаните 1,4; 3,25; 4,25; 8,3.4; 1.Јованово 2,2; 4,10; Колошаните 2,15; Филипјаните 2,6-11) 10. Спасението како искуство Иако Христос не знаел за грев, Бог во својата безмерна љубов и милост него го сторил “грев” за нас, за ние во него да станеме Божја праведност. Водени од Светиот Дух, ние стануваме свесни за нашата потреба, ја признаваме нашата грешност, се каеме за нашите престапи и покажуваме вера во Исуса како Господ и Христос, како наша замена и пример. Оваа спасоносна вера се раѓа во нас благодарение на божествената сила на Речта и претставува дар на Божјата благодат. Преку Христа ние сме оправдани, посвоени Божји синови и ќерки и ослободени од власта на гревот. Со Светиот Дух наново сме родени и посветени; Духот го обновува нашиот ум, го запишува Божјиот закон на љубовта во нашето срце и ние добиваме сила да живееме свет живот. Живеејќи во него, ние стануваме учесници во божествената природа и имаме гаранција за спасение сега и на судот. (2.Коринќаните 5,17-21; Јован 3,16; Галатите 1,4; 4,4-7; Тит 3,3-7; Јован 16,8; Галатите 3,13.14; 1.Петрово 2,21.22; Римјаните 10,17; Лука 17,5; Марко 9,23.24; Ефесјаните 2,5-10; Римјаните 3,21-26; Колошаните 1,13.14; Римјаните 8,14-17; Галатите 3,26; Јован 3,3-8; 1.Петрово 1,23; Римјаните 12,2; Евреите 8,7-12; Езекил 36,25-27; 2.Петрово 1,3.4; Римјаните 8,1-4; 5,6-10) 11. Растење во христа Со својата смрт на крстот Исус триумфираше над силите на злото. Тој кој ги покори демонските духови за време на својата земна служба, ја скрши нивната сила и ја запечати нивната судбина. Исусовата победа, додека одиме со Него во мир, радост и сигурност во Неговата љубов, нам ни дава победа над злите сили кои сакаат да не контролираат. Сега Светиот Дух живее во нас и не снажи. Континуирано посветени на Исус како наш Спасител и Господ, ние сме ослободени од бремето на нашите поранешни дела. Не живееме повеќе во темнината, стравот од злите сили, незнаењето и бесмислата на нашиот поранешен начин на живот. Во оваа, нова слобода во Исус, ние сме повикани да растеме во сличност со Неговиот карактер, преку заедница со Него во секојдневна молитва, хранење со Неговиот Збор, размисливање за прочитаното и за Неговото провидение, преку пеење Нему на слава, преку собирање на богослужби и земање учество во мисијата на црквата. Додека се даваме себеси во служба од љубов на оние околу нас и додека сведочиме за Неговото спасение, Неговото постојано присуство со нас преку Духот, го трансформира секој момент и секоја задача во духовно искуство. (Псалам 1,1.2; 23,4; 77,11.12; Колосјаните 1,13.14; 2,6.14.15; Лука 10,17-20; Ефесјаните 5,19.20; 6,12-18; 1 Солунјаните 5,23; 2 Петрово 2,9; 3,18; 2 Коринтјаните 3,17.18; Филипјаните 3,7-14; 1 Солунјаните 5,16-18; Матеј 20,25-28; Јован 20,21; Галатјаните 5,22-25; Римјаните 8,38.39; 1 Јованово 4,4; Евреите 10,25.) 12. Црквата Црквата е заедница на верните кои го признаваат Исуса Христа за Господ и Спасител. Како продолжение на Божјиот народ од старозаветниот период, ние сме повикани од светот и се здружуваме во богослужение, во братска заедница, во проучување на Божјата реч, во славење на Господовата вечера, во служење на целото човештво и во објавување на евангелието на цел свет. Црквата, своето овластување го добива од Христа кој е воплотената Реч од Светото писмо коешто е пишана Реч. Црквата е Божје семејство. Нејзините верници, посвоени од него, живеат живот втемелен на Новиот завет. Црквата е Христово тело, заедница на верата чијашто глава е Христос. Црквата е невеста за која Христос умрел за да ја посвети и очисти. При своето славно, победоносно доаѓање, Тој пред себе ќе постави славна Црква - верните од сите векови, откупени со неговата крв, без дамки ниту брчки, свети и беспрекорни. (1.Мојсеева 12,3; Дела 7,38; Ефесјаните 4,11-15; 3,8-11; Матеј 28,19.20; 16,13-20; 18,18; Ефесјаните 2,19-22; 1,22.23; 5,23-27; Колошаните 1,17.1 13. Остатокот и неговата мисија Универзалната Црква ја сочинуваат сите кои вистински веруваат во Христа, но во последните денови, кога владее широко распространет отпад, повикан е да излезе од неа остаток кој ги држи Божјите заповеди и има Исусова вера. Овој остаток го објавува настапувањето на денот на небесниот суд, проповеда спасение во Христа и го огласува приближувањето на неговото второ доаѓање. Оваа вест симболички е претставена со тројца ангели од Откровението 14. глава; тоа се совпаѓа со активностите на небесниот суд, придружувани на Земјата со покајание и реформа. Секој верник е повикан лично да учествува во ова сведочење по цел свет. (Откровение 12,17; 14,6-12; 18,1-4; 2.Коринќаните 5,10; Јуда 3.14; 1.Петрово 1,16-19; 2.Петрово 3,10-14; Откровение 21,1-14) 14. Единството на Христовото тело Црквата е едно тело со многу членови повикани од секој народ, племе, јазик и колено. Во Христа ние сме нови созданија; некогашните разлики во расите, културата, образованието и националноста, некогашните поделби на ниски и високи, на богати и сиромашни, на мажи и жени, не смеат повеќе да не делат. Сега ние сме сите еднакви во Христа кој не поврзал со еден Дух во заедница со себе и меѓусебно, во заедница во која сите треба да си служиме едни на други без пристрасност и притеснување. Откако сме го откриле Исуса Христа во Писмото, ние делиме иста вера и надеж и се трудиме тоа да им го пренесеме на сите. Оваа заедница свој извор има во единството на триединствениот Бог кој не прифатил како свои деца. (Римјаните 12,4.5; 1.Коринќаните 12,12-14; Матеј 28,19.20; Псалм 133,1; 2.Коринќаните 5,16.17; Дела 17,26.27; Галатите 3,27.29; Колошаните 3,10-15; Ефесјаните 4,14-16; 4,1-6; Јован 17,20-23) 15. Крштевањето Со крштевањето ние ја исповедаме нашата вера во смртта и воскресението на Исуса Христа, докажуваме дека сме умреле за гревот и дека живееме нов живот. Со тоа го признаваме Христа како Господ и Спасител, стануваме припадници на неговиот народ, членови на неговата Црква. Крштевањето е симбол на нашето единство со Христа, симбол на проштавањето на нашите гревови и доказ дека го примаме Светиот Дух. Крштевањето се врши со нуркање во вода врз основа на цврста вера во Исуса и доказ за покајание за гревовите. На крштевањето му претходи темелно проучување и прифаќање на вистините на Светото писмо. (Римјаните 6,1-6; Колошаните 2,12.13; Дела 16,30-33; 22,16; 2,38; Матеј 28,19.20) 16. Господовата вечера При Господовата вечера ние учествуваме во симболите на Исусовото тело и крв, што е израз на нашата вера во него како наш Господ и Спасител. Во таа заедница на вечерата Христос се сретнува со својот народ и го засилува. Учествувајќи во Господовата вечера, ние радосно ја објавуваме Господовата смрт се додека Тој пак не дојде. За време на подготовката за вечерата ние се испитуваме себеси, се каеме и ги признаваме нашите гревови. Учителот воспоставил и служба на миење на нозете како симбол на чистењето и подготвеноста да си служиме едни на други со Христова понизност, обединувајќи ги нашите срца во љубовта. Во Господовата вечера можат да учествуваат сите кои веруваат во Христа. (1.Коринќаните 10,16.17; 11,23-30; Матеј 26,17-30; Откровение 3,20; Јован 6,48-63; 13,1-17) 17. Духовни дарови и служби На сите верници на својата Црква, во сите времиња, Бог им подарува духовни дарови што секој верник треба да ги употреби во службата на љубовта за општо добро на Црквата и човештвото. Светиот Дух на секој верник му дава дарови според своја волја. Со овие дарови Тој ја оспособува Црквата со сите служби што и се неопходни да ги исполни сите задачи што ги поставил Бог пред неа. Во Светото писмо овие дарови вклучуваат многу служби: вера, исцелување, пророштво, објавување на евангелието, поучување, управување, помирување, сожалување, милосрдие, самопрегорна служба на помагање и храбрење на ближните. Некои верници Бог ги повикува и со Духот ги оспособува за должности кои Црквата ги признава како пастирска, евангелска, апостолска и учителска служба неопходна верниците да се оспособат за служење, Црквата да постигне духовна зрелост и единство во верата и во познавањето на Господа. Кога верниците ги користат овие духовни дарови како предани повереници на изобилната Божја милост, Црквата е заштитена од разорното влијание на лажните учења и расте и се изградува во верата и љубовта според Божјата волја. (Римјаните 12,4-8; 1.Коринќаните 12,9-11.27.28; Ефесјаните 4,8.11-16; Дела 6,1-7; 1.Тимотеј 3,1-13; 1.Петрово 4,10.11) 18. Дарот на пророштвото Дарот на пророштвото е еден од даровите на Светиот Дух. Тоа е знак според кој се препознава Црквата на остатокот, а истиот се открил во службата на Елена Г. Вајт. Како Господов весник, нејзините списи се постојан и авторитативен извор на вистината која Црквата ја теши, ја води, ја поучува и ја укорува. Тие списи нагласуваат дека Библијата е мерило на кое мора да се мерат и проценуваат сите учења и искуства. (Јоил 2,28.29; Дела 2,14-21; Евреите 1,1-3; Откровение 12,17; 19,10) 19. Божјиот закон Големите начела на Божјиот закон се изнесени во Десетте Божји заповеди и потврдени во Христовиот живот. Тие ја изразуваат Божјата љубов, Неговата волја и Неговите намери во врска со човечкото однесување и се задолжителни за сите луѓе во сите времиња. Тие правила се темел на Божјиот завет со Неговиот народ и претставуваат мерило на Божјиот суд. Со помош на Светиот Дух, тие ни укажуваат на гревот и кај нас будат свест дека ни е потребен Спасител. Спасението е апсолутен плод на благодатта, а не на делата, но послушноста кон Божјите заповеди е плод на спасението. Таа послушност кај нас изградува христијански карактер и носи чувство на среќа, и е доказ за нашата љубов кон Господа и за нашата грижа за нашите ближни. Послушноста што потекнува од верата ја покажува Христовата моќ да го преобрази животот и, сообразно со тоа, го засилува христијанското сведочење. (2.Мојсеева 20,1-17; Псалм 40,7.8; Матеј 22,36-40; 5.Мојсеева 28,1-14; Матеј 5,17-20; Евреите 8,8-10; Јован 15,7-10; Ефесјаните 2,8-10; 1.Јованово 5,3; Римјаните 8,3.4; Псалм 19,7-14) 20. Саботата - ден за одмор Откако го завршил создавањето за шест дена, добриот Творец се одморил во седмиот ден и саботата ја воспоставил како ден за одмор за сите луѓе. Таа е споменик на создавањето. Четвртата заповед од Божјиот непроменлив закон бара празнување на тој седми ден - на саботата - како ден за одмор, за обожавање и служба, сообразно со Исусовото учење и со неговите дела, зашто Тој е господар на саботата. Саботата е ден на прекрасна заедница со Бога и со ближните. Таа е симбол на нашето спасение во Христа, знак на нашето посветување и на нашата верност и претвкус на нашата вечна иднина во Божјето царство. Саботата е вечен знак на вечниот Божји завет меѓу него и неговиот народ. Радосното почитување на тоа свето време од вечер до вечер, од зајдисонце до зајдисонце, всушност е прослава на Божјето творечко и откупителско дело. (1.Мојсеева 2,1-3; 2.Мојсеева 20,8-11; Лука 4,16; Исаија 56,5.6; 58,13.14; Матеј 12,1-12; 2.Мојсеева 31,13-17; Езекил 20,12.20; 5.Мојсеева 5,12-15; Евреите 4,1-11; 3.Мојсеева 23,32; Марко 1,32) 21. Повереничка служба Ние сме Божји повереници. Бог ни доверил време и можности, способности и имот, како и многубројни земни благослови, и одговорни сме пред него со нив правилно да се служиме. Ние го признаваме Божјето право на сопственост кога верно и предано му служиме нему и на нашите ближни, кога му го враќаме на Бога десеттиот дел од нашиот приход, кога даваме прилози за проповедање на неговото евангелие и кога ја поддржуваме неговата Црква. Повереничката служба е предност што ни ја дава Бог за да растеме во љубовта и да ги победиме себичноста и лакомството. Повереникот им се радува на благословите што ги добиваат другите поради неговата верност. (1.Мојсеева 1,26-28; 2,15; 1.Дневникот 29,14; Агеј 1,3-11; Малахија 3,8-12; 1.Коринќаните 9,9-14; Матеј 23,23; 2.Коринќаните 8,1-15; Римјаните 15,26.27) 22. Христијанското однесување Ние сме повикани да бидеме побожен народ кој мисли, чувствува и работи сообразно со небесните начела. За да може Духот повторно да го изгради во нас карактерот на нашиот Господ, ние го прифаќаме само она што во нашиот живот создава чистота слична на Христовата чистота, здравје и радост. Од тие причини, нашата забава и разонода мора да одговараат на највисоките мерила на христијанскиот вкус и убавина. Додека ги признаваме културните разлики, нашата облека мора да биде едноставна, скромна и вкусна, како што им прилега на оние чијашто вистинска убавина не се состои од надворешно украсување, туку од ненадминливиот накит на љубезниот и тивок дух. Исто така ние мораме разумно да се грижиме за нашето тело, бидејќи тоа е храм на Светиот Дух. Заедно со одбрани вежби и одмор, ние треба да прифатиме и најздрава можна исхрана и да се откажеме од секоја храна која Библијата ја нарекува нечиста. Бидејќи сите алкохолни пијалоци, тутунот и секоја неодговорна употреба на дроги и наркотици штетно влијае врз нашето здравје, и нив треба да ги отфрлиме. Треба да се занимаваме со она што нашите мисли и тело ќе ги издигне и ќе ги сообрази со Христовата волја, зашто Христос сака да бидеме здрави, радосни и среќни. (Римјаните 12,1.2; 1.Јованово 2,6; Ефесјаните 5,1-21; Филипјаните 4,8; 2.Коринќаните 10,5; 6,14-7,1; 1.Петрово 3,1-4; 1.Коринќаните 6,19.20; 10,31; 3.Мојсеева 11,1-47; 3.Јованово 2) 23. Бракот и семејството Бог бракот го воспоставил во Едем, а Исус го потврдил како доживотна заедница меѓу мажот и жената поврзани со силна врска на љубов. За еден христијанин брачната преданост во иста мера му припаѓа на Бога колку и на брачниот другар, а во брачна заедница треба да стапуваат само партнери припадници на иста вера. Во бракот владее заемна љубов, уважение, почитување и одговорност како извор кој ја одразува љубовта, светоста, блискоста и трајноста на односот што постои меѓу Христа и неговата Црква. Зборувајќи за разводот, Христос кажува дека секој што ќе се разведе од својот брачен другар, освен поради прељуба, па стапи во брак со друг брачен другар, врши прељуба. Иако некои односи во семејството можеби не одговараат на идеалот, брачните другари, кои наполно ќе се предадат еден на друг во Христа, водени од Светиот Дух и со помош на Црквата, ќе можат да изградат цврста заедница на љубов. Бог го благословува семејството и сака неговите членови да се помагаат едни со други за да напредуваат. Родителите треба да ги воспитуваат своите деца да го љубат и да го слушаат Господа. Со пример и со зборови треба да ги учат дека Христос е учител полн со љубов, нежен и грижлив, кој сака и тие да станат членови на неговото тело, на Божјето семејство. Јакнењето на семејните врски е една од ознаките на последната евангелска вест. (1.Мојсеева 2,18-25; Матеј 19,3-9; Јован 2,1-11; 2.Коринќаните 6,14; Ефесјаните 5,21-33; Матеј 5,31.32; Марко 10,11.12; Лука 16,18; 1.Коринќаните 7,10.11; 2.Мојсеева 20,12; Ефесјаните 6,1-4; 5.Мојсеева 6,5-9; Мудри изреки 22,6; Малахија 4,5.6) 24. Христовата служба во небесното Светилиште На небото постои Светилиште, вистинска Скинија што ја подигнал Господ, а не човек. Во тоа Светилиште Христос служи за нас, овозможувајќи му на секој верник да ја ужива благодатта на неговата жртва помирница што ја принесол на крстот еднаш за сите. Тој е наш првосвештеник кој ја почнал својата посредничка служба за нас во небесното Светилиште кога, по своето воскресение, се вознел на небото. Во 1844 година, при крајот од пророчкиот период од 2300 денови и ноќи, Христос ја почнал втората и последна фаза од својата служба на помирување. Станува збор за небесниот истражен суд, дел од конечното уништување на гревот, сликовито прикажан со чистењето на некогашното еврејско Светилиште на Денот на чистењето. Со таа симболичка служба земното Светилиште се чистело со крв на жртвувани животни, но небесното се чисти со совршената жртва на Исусовата крв. Истражниот суд им открива на небесните жители кој меѓу мртвите заспал во Христа и кој е во Христа достоен да учествува во првото воскресение. Тој исто така покажува кој меѓу живите “живее во Христа”, ги држи Божјите заповеди и има вера Исусова, и во него е подготвен за премин во неговото вечно царство. Овој суд потврдува дека Бог е праведен кога ги спасува оние што веруваат во Исуса. Тој објавува дека оние кои му останале верни на Бога ќе примат царство. Завршувањето на оваа Христова служба ќе го означи крајот на времето на милоста пред второто Христово доаѓање. (Евреите 8,1-5; 4,14-16; 9,11-28; 10,19-22; 1,3; 2,16.17; Даниел 7,9-27; 8,13.14; 9,24-27; 4.Мојсеева 14,34; Езекил 4,6; 3.Мојсеева 16; Откровение 14,6.7; 20,12; 14,12; 22,12) 25. Второто Христово доаѓање Второто Христово доаѓање е блажена надеж на Црквата, величествен врв на евангелието. Доаѓањето на Спасителот ќе биде вистинско, лично и видливо на цел свет. Кога Христос ќе се врати, праведните мртви ќе воскреснат и заедно со живите праведни ќе бидат прославени и земени на небо, додека неправедниците ќе изумрат. Целосното исполнување на најголемиот дел на сите пророштва, заедно со сегашната состојба во светот, покажуваат дека Христовото доаѓање е близу. Точното време на тој настан не ни е откриено и затоа ни е упатен повик да бидеме готови во секое време. (Тит 2,13; Евреите 9,28; Јован 14,1-3; Дела 1,9-11; Матеј 24,14; Откровение 1,7; Матеј 24,43.44; 1.Солуњаните 4,13-18; 1.Коринќаните 15,51-54; 2.Солуњаните 1,7-10; 2,8; Откровение 14,14-20; 19,11-21; Матеј 24; Марко 13; Лука 21; 2.Тимотеј 3,1-5; 1.Солуњаните 5,1-6) 26. Смртта и воскресението Смртта е плата за гревот. Само Бог е бесмртен, и Тој ќе им даде вечен живот на оние што ги откупил. Се до тој ден, смртта е состојба на бесвесност за сите луѓе. Кога ќе се појави Христос, кој е наш живот, воскреснатите праведници, и живите праведници, ќе бидат прославени и вознесени на небото да се сретнат со својот Господ. Второто воскресение, воскресението на грешниците, ќе се случи илјада години подоцна. (Римјаните 6,23; 1.Тимотеј 6,15.16; Проповедник 9,5.6; Псалм 146,3.4; Јован 11,11-14; Колошаните 3,4; 1.Коринќаните 15,51-54; 1.Солуњаните 4,13-17; Јован 5,28.29; Откровение 20,1-10) 27. Милениумот и крајот на гревот Милениум е илјадагодишно Христово владеење со своите свети на небото меѓу првото и второто воскресение. Во текот на тој период ќе им биде судено на умрените грешници, а Земјата ќе биде наполно пуста, без живи човечки жители; на неа ќе престојува само сатаната со своите ангели. При крајот од милениумот Христос со своите свети и со светиот Град ќе слезе од небото на Земјата. Тогаш ќе воскреснат мртвите грешни кои, на чело со сатаната и со неговите ангели ќе го опкружат светиот Град; но ќе ги уништи оган од Бога кој ќе ја исчисти Земјата. Така вселената засекогаш ќе биде ослободена од гревот и грешниците. (Откровение 20; 1.Коринќаните 6,2.3; Еремија 4,23-26; Откровение 21,1-5; Малахија 4,1; Езекил 28,18.19) 28. Новата земја На новата земја, на која живее праведност, Бог ќе обезбеди вечен дом за спасените и совршена животна средина за вечен живот, за љубов, радост и учење во негово присуство. Таму сам Бог ќе живее со својот народ, а страдањата и смртта ќе исчезнат. Големата борба ќе биде завршена и грев нема да има веќе. Се што постои, и живо и неживо, ќе објавува дека Бог е љубов, и Тој ќе владее вечно. Амин. (2.Петрово 3,13; Исаија 35; 65,17-25; Матеј 5,5; Откровение 21,1-7; 22,1-5; 11,15 Што мислите вие за адвентистите?
Sweet.star морам да ти кажам дека многу добро и длабоко ја имаш разработено доктрината на Адвентистие и воодушевена сум од твоето познавање. Адвентистите се навистина еден прекрасен народ кој се труди максимално, искрено да Му служи на Бога со еден чист и песпрекорен живот (колку што е восзможно во човечки рамки) и строго во предвид го земаат само Светот Писмо. Јас сум љубител на Адвентистите веќе некоја година и добро ги познавам нив и нивните верувања. Јас најпрво бев привлечена од нивниот начин на живот, а потоа верувањето " БИБЛИЈА И САМО БИБЛИЈА" А највеќе бев импресионирана од нивните топли домови и односот кој го имаат. Незнам дали некогаш некој од вас влегол во домот на некој добар адвентист? Се чувствува некој необичен мир и хармонија во таквиот дом, како Божјото присуство да го исполнува просторот. Ете, јас такво мислење имам за адвентистите Поздрав!
Јас сум адвентист.Да,сеуште сум мала,ама знам што сакам и знам во што треба да верувам.На моите не сум им кажала бидејки нормално ке ме обесат (така е зборат,ама нешто сигурно ке ми направат),ама кога ке бидам полнолетна (а нема да бидам за кратко време) нема да можат да ми се мешаат и ке верувам во што сакам. Мајка ми адвентистите ги мисли за секта,но не е така (според мене) и имам разговарано со неа на оваа тема,ама повеќе од една кратка реченица не дозволува да и кажам,едноставно несака да слуша. Јас немам ништо против православните,католиците,муслиманите и било која вера,ама јас сум адвентист и никој неможе да го промени тоа.
Адвентистите на седмиот ден (саботјани или саботари) се псевдохристијанска (лажехристијанска) секта која се служи со најразлични измислици и лаги за да придобијат верници во својата синагога. Тврдат дека веруваат Светото Тројство (Господи прости ми, ама во Тројство веруваат, а не во Света Троица) ама се крштеваат со само едно погружување во вода. Дека саботјаните се псевдохристијанска секта говори и фактот што за нив архистратиг Михаил и Господ Иисус Христос се една иста личност (ипостас). Велат дека ја почитуваат Библијата, ама освен законите на Мојсија, Пророштвата Данилови и Аппокалипсисот ништо друго не ги интересира. Да го читаа Евангелието и Бог да им ги имаше отворено очите ќе знаеја дека никој не знае кога ќе дојде крајот на светот и Второто Пришествие Христово, ама видиш нивниот основоположник фармерот Милер го пресметал истото. Да го читаа апостолот ќе знаеја дека апостолите се собирале во првиот ден од седмицата за да ја извршат светата литургија т.е. прекршувањето на лебовите и дека Христос ја завршил најголемата работа во сабота - го разурил Адот и од таму ги ослободил праведниците и во рајот ги однесол. Во првиот ден од седмицата т.е. во недела им се јавил на жените мироносици и на апостолите. Па затоа Црквата саботата им ја посветува на покојните, а неделата на живите. Се служат со разни манипулации па така нивната (зло)духовна лидерка - ереткињата Елена Вајт „пресметала“ дека на митрата на римскиот епископ (кој пребива во ерес и раскол) се наоѓа бројот 666 иако тоа е исто точно колку што и компјутерот е жиг на ѕверот. Потоа истата тврди како по смртта душата заспива, а сиротицата по смртта на мажот и` се шетала со неговата душа во чеза и и` ги објаснувал сите нејзини недоумици. За нејзиниот плагијат и да не пишуваме воопшто. Дури во оваа секта немало Црнци, г-ѓа Елена проповедала дека црнците не потекнуваат од Јафет синот на дедо Нојо, ами дека се раѓаат од полово општење на човек и скот. Македонската Елена Вајт се вика Никола Тасевски од Јегуновце. Е тој ги надминува и Елена Вајт и Милер во неговите басни. Пишувајќи против митарствата меша баби и жаби (пр. светата царица Теодора и блажената Теодора). Пишува гнаснми лаги против најсветиот Фотија Патријарх Константинополски кој со помош на светите браќа Методија и Кирила Солунски ги покрстил сите Словени. Пишуваат поради тоа што нашите попови земаат пари од народот, ама не пишуваат дека тие плаќаат десеток од целата своја заработка. Имаат развиена хуманитарна мрежа преку организацијата АДРА, ама правилата на таа организација се следниве: денеска ќе ти дадам помош, ако утре станеш саботјан ќе продолжиш да ја добиваш, ама ако не станеш тогаш ти ја прекинуваме. Толку од нивната хуманост и љубовта кон ближните(да се потсетиме за параболата со милостивиот Самарјанин). Место света литургија имаат некакви си комеморативни вечери на тајната вечера. Но не веруваат, дека бесквасниот леб кој го јадат и гроздовиот сок (каде нашле апостолите гроздов сок за тајната вечера до ден денеска не ми е јасно, ем била на пролет, ем тогаш немало конзерванси) се Телото и Крвта Христови - рака на срце ни јас не верувам дека Светиот Дух им ги претвора антидаровите на овие еретици. Лажат и дека ние Православните Христијани не ги почитуваме Светото Писмо! Зарем не знаат дека нашите богослужби не можат да поминат без читање на истото? Па нема богослужба во која не се чита од светото Евангелие, од Апостолот, од Псалтирот или пак од Паримијникот(Стариот Завет). Инаку никој не може да им одрече дека живеат здрав живот, јадат здрава храна, не пијат алкохол и не пушат. Исто како Евреите месото го делат на чисто и нечисто.
Драга и самата кажа дека си многу млада уште не си полнолетна, па условно речено навидум убавите зборови на овие луѓе лесно допираат до тебе и те пленат, но запрашај се зошто се однесуваат толку добро и пријатно со тебе, ти даваат бесплатна литература, те канат на нивните состаноци, ви нудат помош, сакаат да дискутираат со вас за се, зошто? Велиш мајкати ги мисли за секта, но според тебе не е така, како го заклучи тоа, дали се потруди да прочиташ еве на интернет сама истражи на ова прашање. Немам намера да те убедувам, ти си знаеш но пред да завземеш ваков став толку мала најправин испитај во што се впушташ, а тука е и мајкати.
Еве ти си адвентист и тоа е твое право на избор. Само те молам ајде овде пиши ни ја причината зошто си адвентистка, а не Православна или римокатоликиња? Сигурно има некоја причина .
Значи ништо немам против било која вера.Ама православните христијани имаат измислено многу обичаи,што не се од бога.И тоа многу работи.На пример свеќите,иконите,крштевањето на бебиња,празнувањето на велигден,божиќ,бадник..и мн др работи.А,овие работи и мн др се измислени од народот,а не се од Господ..Многу веруваат во работи кои што не се така,а Ѓаволот се повеке напаѓа.Сепак ова е мое мислење.
Не се измислени, иконите, ако добро паметам, мислам дека на еден од евангелистите на сон му се има појавено Богородица и му кажала дека треба да има икони, кои само ќе го претставуваат Бог, а и Богородица.Тоа незначи идолопоклонство.Крштевањето е само ритуал кој се прави само заради овозможувањето на мирот кај човекот, а и самиот Исус има дадено да речам аманет, тоа да се прави во чест на Бог.За празниците, исто се прават во чест на светителот.Овие работи, не се измислени од народот.Инаку за адвентистите, незнам ништо, само сум слушнала за нив, дека ги има, ништо повеќе.
Жал ми е но не се согласувам со тебе, најправин за да зборуваш така треба да имаш силни аргументи и да бидеш убедена во тоа. Уверена сум дека и ти не веруваш во тоа што го имаш напишано сега си уште под импресија на навидум пријатните и убави разговори и зборови, кога ќе помине оваа импресија ќе ја видиш вистината за она што велиш дека е измислено од народот. Многу си млада и затоа лесно си подпаднала под влијание на зборовите на оние што го проповедаат тоа, само затоа што моментално се чувствуваш пријатно да разговараш со нив, имаш голема близина со нив за се, лесно те импресионирале. Велиш немаш ништо против било која вера, АМА имаш против тоа што во православното христијанство се палат свеќи, се крштеваат и слично, а всушност што знаеш ти за тоа зошто се палат свеќите, зошто се крштеваме, зошто славиме божиќ, велигден и слично едноставно ти ништо незнаеш затоа така пишуваш без да се пресметаш предходно. Овде јавно се декларираш како адвентист, а ти всушност знаеш ли што правиш, кои се адвентистите, што проповедаат, сигурно незнаеш ?
како лаик во религијата моја православна, научена од мала да почитувам и да ги следам обичаите на мојот народ, лично ме погоди моментот за измислени обичаи. Инаку тие обичаи девојче го одржале овој македонски народ низ вековите, да истрае и издржи секакви напади и обиди за претопување. јас вапцам јајца на Велигден како мојата мајка што вапцала, мојата баба, и прабаба, и сум среќна поради тоа, и би сакала и мојата ќерка тоа така да го сфати, како што и мајка ти пробува да ти објасни. убаво кажа, мала си, ќе пораснеш ќе ги погледнеш работите од друг агол
Дали тоа што го знаеш е доволно, за да ја браниш твојата теза? А како знаеш дека твоето мислење е правилно, кои се твоите аргументи ?
Види јас бев израснат како Ортодоксен Христијанин (Православен). Во еден дел од мојот живот почувствував дека православието многу не е баш “право“славно и се откажав од религија мислејќи дека то е чиста глупост и станав атеист. Но се мислев и сфатив дека не е христијанството погрешно ами лицата кои го шират грешно го шират. И јас бев млад кога почнав да истражувам и да ја барам вистината во Библијата. Се учев да читам хебрејски и грчки, бидејќи не верував во ниеден превод на библијата. Денес сеуште не знам на која точно деноминација припаѓам но најблиску сум до Адвентистите. Не сакам да имаш Адвентистички погледи само затоа што некој те вовлекол кон тоа, но ако самата истражиш и се увериш дека то е најдобро за тебе, кога ќе станиш зрела особа немој да се срамиш да кажиш што си. Јас не се срамам да кажам дека не сум православен или дека погледите ми се најблиску до Адвентистите. Плус не заборавај колку Христијани биле спалени бидејќи не се срамеле да кажат дека се христијани. Знам дека е тешко, и јас поминав низ истите фази. Само едно ќе речам на ова. Сигурен ли си дека кога ќе одиш во црква го слушаш Светото Писмо или случајно да не ги слушаш житијата? П.С. Јас имам пеено во црковен хор и знам од шо книги пеевме. како лаик во религијата моја православна, научена од мала да почитувам и да ги следам обичаите на мојот народ, лично ме погоди моментот за измислени обичаи. Инаку тие обичаи девојче го одржале овој македонски народ низ вековите, да истрае и издржи секакви напади и обиди за претопување. јас вапцам јајца на Велигден како мојата мајка што вапцала, мојата баба, и прабаба, и сум среќна поради тоа, и би сакала и мојата ќерка тоа така да го сфати, како што и мајка ти пробува да ти објасни. убаво кажа, мала си, ќе пораснеш ќе ги погледнеш работите од друг агол[/quote] Глеј срцка (ЛОЛ) јас сум нешто како Адвентист или Јудео Христијанин. Тие обичаи вапцање јајца и палење свеќи не се религиски, ами национални. Да, се согласувам дека тие обичаи го одржувале македонскиот народ низ вековите, и дека тоа е наша одлика, и јас кога ќе одам со моите в црква палам свеќа, или се кршам со јајца, но знам дека тоа не е од Бога, и го прифаќам само како обичај. НЕМОЈТЕ ДА МУ ГИ ПРИПИШУВАТЕ ОВИЕ ОБИЧАИ НА БОГА. Еве пример: Кога Исус (нека мирот биде со него) ги миел рацете пред вечера ги измил два пати. И на тоа Евреите одма го осудиле дека оди против Бога оти требало три пати да ги измие. Но Исус (нмбн) им рекол: Дали Бог има речено да ги миеме рацете три пати? Или тоа е дело на нашите татковци? Ако и после третиот пат рацете сеуште ми се валкани нема ли да ги измијам уште еднаш? Рацете ги миеме онолку пати колку што треба. Види само една работа ќе ти кажам, ако сакаш да знајш шо е правилно а шо не, запрашај се дали мајка Марија (нмбн) или Апостолите (нмбн) палеле свеќи, вапцале јајца, се клањале пред икони на Мојсеј (нмбн), Авраам (нмбн) и други пророци од тоа време (ако воопшто имало икони).
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 36) Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.“ Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
Нова Ајша имаме на форумов...овој пат адвентистка. Snow.White, верувај во што сакаш дете и нека ти биде најисправно она што ти го мислиш и си го разбрала, само немој да напаѓаш други вери и обичаи, јасно? Толеранција ти фали малце, за да можеш да се наречеш христијанка...ова според мене, секако ти мисли си дека си најдобра христијанка...затоа се вика вера/верување... Aко твојата црква не прифаќа некои обичаи, мојата прифаќа...фокусирај се на добрите работи на твојата религија, а не на напаѓање на другите... Библијата е скоро цела во метафори и параболи. Доколку ние православните практикуваме одредени обичаи, тоа е затоа што некој дел од Библијата на некој начин му укажал на тоа на некој повозвишен и поголем познавач на истата од нас. Над мене имаш чист пример за такво нешто. Свеќите се бескрвна жртва која ја принесуваме на Бога во Неговиот храм и и те како е христијански обичај, затоа што од времето на Исус веќе не се принесуваат крвни жртви како добиток и сл. Затоа и ќе најдеш во црква освен свеќи и зејтин пример.
Значи ништо и никого не напаѓам.Јас само си кажав мислење,а ти верувај си во што сакаш мене ни малку не ме интересира.И нема потреба од навреди.
Макиде, уште не можам да разберам шо значи ова “(зач. 36)“, ама најдов шо сакаш да ми кажеш. Ти праќам линк од Библијата ама не македонскиот превод каде шо кој сака си преведува како сака, ами грчката и хебрејската каде што секој збор поединечно е преведен како шо треба и многу внимателно има забелешки за точно ској збор. http://interlinearbible.org/luke/8.htm Е тука ќе видиш дека за зборот свеќник употребен е зборот “λυχνίας“ кој на македонски “може“ да се преведи како свеќник, но неговото вистинско значење т.е. она што сакал Исус (нмбн) да им каже е “фенер“ т.е. свеќник кој стои на ѕидот од собата и ја осветлува. Друго нешто, немој се да гледаш буквално во Библијата, и самата знајш дека Исус (нмбн) често зборувал во преносно значење. Не знам колку си ја проучувала библијата, ама ако го проучуваш овој чаптер, ќе забележиш дека претходно точно пред да ја употреби фразата за тоа дека никој не ја покрива светлината ами ја отскрива за на сите да им стане јасно, тој им ја објаснува параболата за сеачот. Она што сака да им каже со покривањето и отскривањето на свеќата е дека никој нема да ги остави нив без објаснување (во темнина), ами цела вистина ќе им биде кажана (ќе се отскрие свеќата и ќе бидат во светлина). Кога ќе проучуваш Библија гледај го контекстот и пред и после одредена фраза. Не те осудувам и не велам дека грешиш. Можеби ти си во право, а јас грешам. Не сум никој и ништо да ти судам. Но јас, ако не знам што да правам, само се запрашувам дали Исус (нмбн) или Апостолите (нмбн) палеле свеќи, ако не ни јас не палам, ако да и јас ќе палам. Знам дека има многу варијанти на Библијата и христијанството шо е многу тешко да се следи се и како шо треба, така да некогаш ни самите не знајме шо е точно а шо грешно. “Свеќите се бескрвна жртва која ја принесуваме на Бога“, внимавај го употребуваш зборот “жртва“ и “Бог“. Ова е сериозно. Можеби јас ќе те сфатам што сакаш да ми кажеш, но некој друг со помало познавање можи да го интерпретира ова погрешно и да си мисли дека ако пали свеќи на Бога принесува жртви и Бог ќе го сака. Ова што го пишуваш овде е јавно, така да можеш некого да го однесиш на погрешен пат. Изјаснувај се поексплицитно и експланаторно.
Горниот цитат го превзедов од сајтот на Македонската православна црква ако нашата црква нешто погрешно постира на интернет и јас нешто погрешно постирам. Што се однесува до значењето на цитатот како што има наведено поради постоењето на повеќе варијанти во христијанството секоја варијанта различно ја интерпретира библијата, е сега која варијанта најправилно ја интерпретира тоа е друго прашање, за мене е најправилно како ја интерпретира нашата Македонска православна црква и не гледам друга вистина. За тебе кое е вистинскот значење на цитираното незнам, сепак се потруди да го одгатнеш неговот значењето на свој начин и нема да коментирам дали тоа е така или не ти си имаш твое мислење а јас мое. Еве нешто за значењето на свеќите во православието Зад палењето на свеќата се крие длабока симболика. Светиот Симеон Солунски (+1429) ни кажува дека свеќата која ја палиме ги има овие значења: - Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок. - Исто така и мекоста на душата, врз која можеме да напишеме било што. - Уште и Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови. - Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни. - И светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината. - На крај, љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.
Jaс верувам во бог и сум православна христијанка и можеби порано кога сум одела во црква несум достојувала на цела литургија,ама во последно време повеќе сум заинтересирана за верата и почесто одам на литургија и не е точно дека не се чита од новиот и стариот завет туку напротив читаат од евангелијата и од стариот завет зависи за кој празник се работи,а тоа за палењето свеќи и боењето на црвени јајца тоа и самата црква кажува дека свеќите се симбол на христовата светлина,а боените црвени јајца се обичај и ја симболизираат крвта исусова и во православието се знае кои работи се вистински битни,но и овие работи не се погрешни,само претставуваат една убава симболика. A вие што сте се откажале од православието,тоа е ваше право на избор,но ве молам немојте да кажувате само дека православието е погрешно итн. зошто очигледно не сте го разбрале правилно,па затоа сте преминале во нешто друго или од некоја друга причина,ама тоа не ви дава право да кажувате такви работи,ако ви се гледа по правилно друго учење верувајте си во тоа и не ја критикувајте православната религија,а кога веќе се дрзнувате да кажувате дека некои работи се погрешни користете вистински аргументи и факти ако ги имате,а не да се служите со дезинформации