1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Христијани-Адвентисти

Дискусија во 'Религија' започната од sweet.star, 4 ноември 2012.

  1. Stef4obt

    Stef4obt Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Makide, да ти кажам право свеќата не ми е многу релевантна. Сепак кога ќе застаниме пред Него нема да не праша колку свеќи сме запалиле, ами какви луѓе сме биле, колку сме ги љубеле ближните, колку сме им простиле на непријателите, колку сме ги дарувале бедните, колку сме се воздржувале од грев...
     
    На senza.parole, DeMelo, z.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    A да се надоврзам исто така како може да кажувате дека крштевањето е погрешно и измислено,па со тоа се прифаќа верата,се станува христијанин и член на црквата,исто како може празнувањето на Bелигден и божиќ да биде погрешно и измислено,зар не треба да се празнува исусовото воскресение и раѓање.
    Cо вакви работи незнам кого можете да убедите.
     
  3. Stef4obt

    Stef4obt Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Deemy, јас славам Велигден иту го славам на истиот датум како шо е на православните христијани т.е. три дена после еврејската Пасха како и што кажува Светото Писмо. Крштевањето јас не го сметам за погрешно и јас сум за тоа (но не на начин на кој што се перформира во православната црква), но јас мислам дека не треба човек да биде крстен кога е бебе ами да се крсти на возраст кога ќе стане свесен и сам ќе одлучи за тоа. (христијаните перформираат рано крштевање бидејќи кај евреите обрезанието се правело дури биле бебиња и така останало, но бидејќи крштевањето е малку посериозно отколку обрезанието треба да се гледа од друг аспект) За Христовото раѓање не можам ништо да кажам бидејќи Библијата нема дадено датум, а има многу дати 7 јануари, католичкиот 25 декември, еквиноксниот 25 март, 20 мај, 20 ноември... Така да јас точно не знам на кој датум се има Тој родено, а и нема голем импакт на мојата вера. Така да јас го славам Бога што ни го пратил Него секој ден, секој ден го празнувам бидејќи тој дошол да го проповеда Божјиот реч.
     
  4. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Jас не гледам ништо погрешно во славењето на Bелигден и мислам дека според нашиот јулијански календар правилно се прославува,секогаш на пролет,а и пасхата која ја прославувале тогаш евреите била во пролет и ја славеле како спомен од ослободувањето од египетското ропство и принесувале жртва,епа Bелигден е новата пасха,а жртвата е Xристос кој не ослободи од ропството на гревот и ѓаволот и од смртта.A исто така точно е дека секој ден треба да го славиме бог,ама нема ништо погрешно во славењето и на неговото раѓање и освен во стариот и новиот завет има и други усни преданија кои што ги оставиле апостолите,а исто и светиите неможело се да се искаже само во една книга,тие го продолжиле ширењето на верата многу работи пренесувале и усни исто после нив има и други кои го правеле тоа итн значи има и некои работи што не се запишани во новиот завет туку одпосле пренесени.

    A за крштевањето на бебиња и деца и тоа не е погрешно,убаво е детето уште од мало да ја прими верата и неговите родители ако се верници да го воспитуваат и него во тој дух уште додека расте а после кога ќе стане возрасен и зрел човек,ако не му се допаѓа таа вера може да одлучи да премине во друга или да стане атеист.

    A не е убаво тоа вие што го правите што проповедате како православието е погрешно и што намамувате лекомислени тинејџери кои уште незнаат што со себе и уште си ја немаат запознаено убаво својата религија остајте родителите да си ги учат и воспитуваат

    A и верата е чувство или ја имаш или ја немаш,таа е увереност на она кое се надеваш,а не се гледа,значи ако си верник едноставно ќе веруваш ќе гледаш да го разбудиш божјото во себе и да живееш според тоа,да ги почитуваш вистински битните работи,а не да се занимаваш со барање на докази и одење во детали кој датум е најточен итн тоа е споредна работа она вистинското е важно
     
    На Makide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Навистина не ми е јасно што сте запнале со крштевањето на бебињата, и не гледам што е погрешно тука. Велиш треба крштевањето да се врши кога ќе биде на возраст и ќе биде свесен, а што додека да стане возрасен не треба да оди во црква, не треба да слави велигден, божиќ, и не треба да применува никаква религиска активност бидејќи се уште не е возрасен да одлучи кон кое верување ќе пристапи така ?
    Дали ти посакуваш така да било со тебе, дали сакаш да ти поминало детството без велигден и божиќ, твоите родители да ги слават а ти не ?
    И ви се молам не барајте објаснување на она што не ви е јасно онаму каде што нема да го најдете, доста со барање на докази и ставот дека вие сте во право и толку, а другите ние имаме искривено мислење за правата вистина кога ни вие не сте сигурни што е вистината.
    Како што кажа Deemy не е убаво што проповедате дека православието е погрешно меѓу млади тинејџери, кои за вистина ја прифаќаат онаа што ќе им ја кажат другите и потоа го игнорираат противењето на родителите за нивното религиско однесување.
     
  6. Stef4obt

    Stef4obt Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Deemy и Makide, јас ништо не велам дека е погрешно, бидејќи немам право на тоа. Јас кажувам што е погрешно според Светото Писмо, ништо не е измислено. Можам потполно да ве разберам. И мене кога ќе ми се речеше протестанска Библија, викав што е тоа сра*е, тие се секти, тие шират ерес, но по долго истражување увидов дека всушност тој превод е најточен. Воопшто немојте мене да ме слушате, немојте ниту еден збор да го земите во предвид. Проучете ја Библијата. Јас грешам, но Бог не греши. Јас сум сигурен за вистината што се зборува во Библијата, а за се она што е “усно“ пренесено ниту јас сум сигурен ниту никој, така да не можам да го земам здраво за готово.
    Гледам дека не се изразив целосно, за крштевањето на бебињата. Во христијанството кога едно бебе ќе се крсти тоа станува христијанин, и да се префрли во друга религија и да стане атеист, тоа е веќе обележано како христијанин. Тој ритуал не е толку едноставен. Тој е исто како кога му врежувале крст на челата на македонските христијански бебиња за време на турското ропство за да не можат да ги исламизираат. Така да се разбира дека едно дете ќе си слави и велигден и божиќ со мама и тато, но не смее да биде изолирано од другите верувања (не мислам на секти, ами и јудеизам, будизам, ислам...). Се разбира дека најголемо влијание ќе има верата на неговите родители, но детето кога ќе порасне најдобро ќе знае за себе. Значи не зборував претходно детето да не ја прими верата или да не слави празници, ами само да не биде крстено, зошто откако ќе се крсти тоа веќе стапува во таа религија.
    И не се согласувам со тоа дека верата е чувство кое или го имаш или го немаш. Нема човек кој нема вера. Дури и атеистите кои не веруваат во Бога кога ќе им се случи нешто лошо велат Зошто мене? Кому го прашуваат тоа прашање? Очекуваат ли одговор? Од кого?
     
    На tikvi4ka992 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Jас имам впечаток дека ти само се бавиш со проучување на библијата и на крај во ништо не веруваш,секаде бараш нешто погрешно,верата не е само барање кој превод е најдобар и најточен и не е точно дека не викаш дека православието е погрешно и самиот пишуваше како погрешно се слават празниците,па крштевањето деца било погрешно,тоа со свеќите и јајцата кои го немаш правилно проучено какви симболики имаат и дека според црквата се обичај.
    A пак ќе кажам дека крштевањето деца е добро и нема врска дека кога ќе пораснат ако сакаат да сменат вера или да станат атеисти дека неможе затоа што се крстени.

    A во врска со атеистите,тоа ли е вера само кога ќе имаш некој голем проблем да го повикуваш бог,епа тоа не е чувство на вера и не е точно дека сите го имаат,не е само онака да веруваш дека бог постои,туку силно и вистински да ја почувствуваш таа верба,да живееш со неа,а тоа го нема баш секој.
    Hаместо нас да ни викаш да ја проучиме библијата подобро,ти треба да размислиш во што веруваш и колку веруваш и да се позанимаваш со битните работи,датумите или некои обичаи и симболики се споредна работа,тоа најбитното е секаде исто

    Jас верувам,читам,проучувам,благодарение на бога и доволно осознавам и разбирам правилно и се трудам да живеам така,да го будам божјото во мене секогаш,а другите религии и секти воопшто не ме интересираат и ниту се трудам да докажувам дека се погрешни итн. секој си има право на избор,да верува во што сака,но кога вие изнесувате некои работи како погрешни,што и самите изгледа не сте ги сфатиле и не знаете што е обичај,што каква симболика има е тогаш неможам,а да не се спротиставам и можеме да реплицираме до бескрај вака,но подобро е секој да си држи до своето верување и да не се труди некого да убедува или пак да се дрзнува да кажува дезинформации
     
  8. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Значи според тебе детето на православни христијани додека да стане возрасно не треба да биде крстено, а треба заедно со родителите да слави велигден, божиќ, да оди во црква да зема пречест, да пали свеќи и т. н, но да не биде крстено, како ќе практикува православен христијански живот а нема да биде крстено, која е логиката тука. Велиш ако биде крстено стапува во таа религија, но добро не стапува ли во таа религија ако ја практикува религијта заедно со родителите и слави празнува на начин според религијата на неговите родители, живее православен христијански живот, нема логика во тоа што го кажуваш.
    Незнам што истражуваш и што на крајот заклучуваш од твоето истражување, но ако за тебе твојата религија е вистинска живеј според нае, а нас едноставно оставете не да живее со православието онака како што живееле, се крштевале, палеле свеќи нашите предци стотици години.

    Јас си ја сакам мојата религија и за ништо на светов не би ја менувала, зошто за мене е најубава и највистинска, сум имала можност да се сретнам и со адвентисти, протестанти, јеховини сведоци но ниту една не ми ја исполнува душата како мојата православна вера.
     
    На душленце и Deemy им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сноу е само малечко девојче кое подпаднало под влијание на тие носителите на ова, како да го наречам, движење.

    Во период е кога мозочето и е како сунѓерче, па доволно е да се раскаже една доволно добра приказна за да поверува во неа без збор. А таквите на тоа целат, да те пренасочат додека можат.
    Па зошто не дојдат кај мене или кај некој по зрел човек и да му кажуваат бајки како сето тоа во што веруваш е лага? Што мислите, тие тетките што шетаа со книги зошто додека бевме мали ни ги даваа да ги читаме? За да створиме некоја слика дека сме во заблуда (нели малечки сме, не знаеме да размислуваме).

    Ете, и самата додека зборува, не аргументира туку само вели Христијаните ги измислиле Божиќ, Крштевањето дрн дрн и притоа завршува само со реченицата Знам дека сум во право, што е доволен доказ дека сето ова е турано со инка во главата без никаков траг на самостојна силна вера или па заинтересираност зошто е тоа така, зошто тие тврдат дека е така.

    Налик на хипноза, не знаеш зошто но ете, така треба.

    А да беше доволно упатена, да знаеше зошто е всушност тоа така, ќе кажеше аргумент, ќе објаснеше.
    Ова му доаѓа како, ете слушнав, звучи вистинито, во право се. А уствари што кажаа? Или зошто е тоа така? Нема врска.

    Мене ниту една друга вера, религија, движење не ме интересира. Нововерците што ми доаѓаа пред врата едноставно ги гледав како трговци кои носат расипана храна која не смее да се јаде. И по своја воља не ни сакав да ги слушам иако бев малечка. Луѓево како луѓе општо ги почитувам, но и верата доволно си ја почитувам за да не ја потценам.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Баш поради ова подведување на деца имам одбивност кон ваквите религиозни здруженија. Само родителот е должен за воспитување на детето и во тоа спаѓа религиозното воспитување . Доколку би ја претставувале својата религија на возрасни луѓе воопшто нема да ми пречат . Ама што сакат да постигнат со тоа што ќе дискутираат религија со дете :^) , што знае едно дете за религија и за правилно толкување на Библијата , дете треба да се замара дали си ја напишало домашната , кај да оди да си игра а не со вакви работи . Повеќе од очигледни се намерите и не можам да сватам како си го дозвлуваат тоа .
     
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231

    Имаш уште многу пред себе за да ја проучиш Библијата, за да можеш да ги кажуваш сите овие работи, но не само да кажуваш празни работи, туку да се истите подкрепени со аргументи, вака се ти е гола вода.
    Да се разбереме, протестантите се секта и точка. Не зошто јас или некој трет сака, туку затоа што така е! Исто ко да ми кажеш дека муслиманството е најстара вера, и дека ќе ти поверувам.
    Нема што детето да порасне па да одлучи што ќе биде, што е ова средно, да го прашам кај сака да се запише? Јас сум православна христијанка, маж ми исто, детето будиста треба да ми биде или протестант? Кој е тој муабет?
    Доста години го ширевте протестантизмот преку пакетчињата од Америка што ги носеше покојниот Борис Трајковски, со формулар внатре и протестантска книга, па сега и по форуми ќе лажете деца. Основно бев кога добив такво пакетче, учителката ни ги подели, она ни ги отвори, ни ги зема формуларите и книгите, па ни ги даде пакетчињата. Многу правилно! :!:
    Дозволете родителите да си ги раснат децата во духот во кои тие се израснати, да си ги крстат своите деца, да им покажат како да водат правилен живот, колку повеќе можат да се придржуваат кон Божјите заповеди.

    Сноу не летај, прочитај убаво, запознај некој дечко што студира теологија еве да не ти речам иди разговарај со поп, да ти објасни што е протестантизам. Почни да се посветуваш на себе, читај Библија, барај го мирот во себе, моли се за смирение на твојот дух, така ќе внесеш мир и ти во својот дом.

    Те протестанти, те јеховини сведоци, аман веќе, Македонци - православни христијани!
    Многу многу амерички серии не гледајте и не мамете деца! Дојди на мајка ми да и објасниш за протестантизам, како еднаш што ги направи пуздер двете што дојдоа со книгичињата- они Јеховини сведоци биле, така и тебе ќе те снајде.
    Можеш да убедуваш некој што уште незнае во што верува, некој кој уште не е свесен, друг потешко малце.
     
    На душленце му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Девојчево нешто ги испомешало работиве. Крштевањето е една од 7те Свети Тајни на Црквата- православна, римо-католичка.... Со самото наше крштевање ние сме Православни/ Римокатолички христијани, таа е носител на таа вера и ако вели дека е адвентист, едно е во што веруваш, друго е што си ;) . Крштевањето не го измислиле луѓево, и е многу без врска да го наречеш обичај (според мене) исто и палењето свеќи и вапсувањето јајца за Велигден.
    Јас сум Православна-Христијанка, и си ја сакам верата, посебно многу верувам во Бог од кога почина татко ми. Верата се проучува во семејството, барем мене мајка ми ме подучуваше од 4-5год. што е Бог, како сме настанале, зошто се случуваат тие работи што се случиле.
    Иако студирам наука, (што многу се коси со религија :) ) си верувам во Бог, зашто колку и да бараш научни објаснување секогаш стигнуваш до едно прашање : „Е сега кој/што го создал ова-она?“
    Немам ништо против кој во што верува, само кога ќе се изјаснете во што врувате, дајте аргументи, факти, причини за да им докажете на другиве дека тоа е правилно (според вас), така на некој начин можда ќе ги разубедете во тоа. Ќе делувате поуверено и посигурно :) ;) Бидете ми поздравени !!
     
  13. petranka5

    petranka5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    :emo: Извинете што ќе поставам вакво прашање, меѓутоа имам слушнато за адвентистите дека имаат своја бања, дека што не одат луѓе од друга вера и тие таму се бањаат голи и имаат односи меѓу себе, и се случувало да имаат таков однос во базен и ќерка со татко....жално но дали е вистинито ;) :fubar: Се надевам некој искрено ќе ми одговори и ќе ми објасни дали е ова за верување или е само измислица за да се навреди верата на тие луѓе :tmi: :tmi:
     
  14. mamaja

    mamaja Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    15
    Извини вака, ама ова е една од даааааалеку најнеточните информации за Адвентистите.
    И просто не ми се верува дека е можно било кој, во денешно време, да поверува во секакви глупости што ќе чуе, без претходно барем на кратко да прочита нешто на таа тема на нет. :tmi:
    Пред се, Адвентистите се Х Р И С Т И Ј А Н И. И тоа слободно можам да кажам - едни од наједуцираните во врска со Библијата - која претставува есенцијална основа на нивното верување и начин на живот. Значи, овие луѓе живеат (или барем се обидуваат) најблиску и најпрецизно според насоките дадени во самата Библија, .....итн. За разлика од нас, православните, секое свое начело го поткрепуваат со стих на соодветната тема и тоа директно и исклучиво од БИБЛИЈАТА...и сосема спротивно од нас, што пола од ритуалите ги праиме пошо е традиција нели, а да прашаш пола од тие луѓе што фарбаат јајца на Велигден не знаат ниту да ги набројат 10-те Божји заповеди |(
    Имам многу информации, пошто додека студирав ме интересираа различните религии, нивните суштински обележја и разлики, начиите на кои му се оддава почит на Бога, па и различниот life-style на нивните припадници...
    Пошо причава е сосема спротивна од твоето прашање, не е лошо да читнеш нешто на нет за темава, онака, колку да можеш самата да си формираш барем некое општо мислење,а за деталите според мене најдобро е СЕКОГАШ од прва рака! :)
    Мене искрено, некако највише ме плашат ова Католициве со тоа педофилијата..... :swear:
     
  15. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Имам роднини адвентисти христијани и исто се полни со љубов и имаат и се супер.И makide дали си помислила дека можеби се така љубезни и грижливи затоа што во Библијата пишува дека Бог е љубов а тие токму во него веруваат и така се однесуваат.Е сега ова со саботава и свинсково малце не се согласувам но знам дека тоа го прават ради искрено срце спрема Бог а и нетреба да ги осудуваме.Јас сум христијанка протестант но не адвентист,а сепак знам дека се прекрасни луге со искрено срце за Господ барем тие што јас ги познавам. @ Petranka искрено ми се згади од прашањево твое и како можеш воопшто да го поставиш и да веруваш на се што ке чуеш.Добар совет ти дале погоре денеска имаш интернет и можеш лесно да дојдеш до информации испитај ги нештата гуглај.И мислам дали имаш видено адветистичка црква и што пишува на неа?АДВЕНТИСТИЧКА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА. Дали христијанско те асоцира на оргии???
     
  16. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Мене воопшто не ми пречи љубезноста и грижливостаи сметам дека тоа е добро, но да не се разбереме погрешно поентата ми беше друга, и повторно ќе кажам ми пречи што своето мислење и учење го шират помеѓу малолетни деца кои не расудуваат уште правилно и не можат да сфатат во што се впуштаат, ако се толку добри, љубезни, грижливи зошто не го шират своето учење помеѓу повозрасните.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Па можеби девојчево е просведочено од керката или синот на некого со кој си се дружи а и ако она сама прашала нели би било чудно да и речат а не не ти кажуваме за нашето верување кога ке пораснеш дојди ке разговараме.Ако сама сака да оди во црква неможе они да ја бркаат.И да јас колку што ги знам лугето адвентисти ,не се нападни да му зборуваат на некој што несака да слуша,или пак да "заведуваат"деца што не се свесни и неможат да расудуваат.Значи само затоа што некој има искрено срце за Бог и има поинакви свакања од вас незначи дека е лоша личност и е "секташ".И ако прочитате во новиот завет и апостолите на Исус беа обвинувани дека шират ново учење нова вера и секта.
     
  18. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Секој може да верува во што сака и на кој начин сака. Но, малолетните деца треба да се остават на воспитување на нивните родители барем додека се малолетни.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54


    :yawn: Доколку немаш предрасуди и пристрасно очекуваш да го слушнеш она што го имаш напишано, нема да разбереш дека ти зборувам ГОЛЕМА ВИСТИНА, во однос на секоја друга, т.е. сетоа ова што го наведе како сомневање е многу понижувачко, миезерно и непристојно измислување од некој што се сомневам дека некогаш имал здраво расудување за било која работа, па дури и кога станува збор за во неговиот сопствен живот... ЈАС СУМ ФРАПИРАНА И ПОТРЕСЕНА ОД ОВИЕ ИЗНЕСУВАЊA.
    АПСОЛУТНО НЕ Е ВИСТИНА. Како што имам кажано и во петходните наврати, јас сум љубител и пријател на Адвентистите и постојано сум присутна на секое нивно Богожузение... Ако не ми веруваш мене, дојди и не се претставувај која си и зошто си дојдена, па самата ќе се увериш дека јас не лажам. А освен тоа ги држам сите 10 Заповеди, вклучувајќи ја и 9тата Заповед, односто " Не ќе лажеш".
    ПОЗДРАВ
     
  20. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против овие новокомпонирани вери адвентистичка, методистичка, баптистичка и каква ли уште не .... ама ако и само ако си се родил од родители такви и нормално така си воспитан...
    Но, Не ги поддржувам во никој случај тие што менуваат верување или согледување или назнам како да го наречам тоа пренасочување на 30-40 или на 50 годишна возраст... Демек во бунило биле 50 години и сега конечно се појавил некој да ги просветли бла, бла бла.... За мене тие се слаби и нестабилни личности.. штом некој успева да им ја промени верата значи тие немаат свое јас, ако сакаш мир и хармонија може да ја имаш и ако веруваш во Господ и во Алах и во Јехова сеедно... ама тоа да го правиш достојно како што треба, а не некој да ти пере мозок. За да не лажеш на пример, како што вика фарфелла, дека ги следела заповедите, не треба да ти каже некој адвентист, тоа е прва и основна работа што не учат нашите родители и секако дека тоа се практикува. тоа е исто како и заповед да не убиваш, ти не убиваш затоа што така треба, така е правилно, нормално и човечки, за да имаш ти душевен мир а не грижа на совест, а не затоа што така пишува во верското календарче :) а тие што на 40-50 години се пренасочиле во адвентисти- дури тогаш разбрале дека не треба да се убива и да се лаже? спиеле 50 години или во кома биле????
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.