1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Христијани-Адвентисти

Дискусија во 'Религија' започната од sweet.star, 4 ноември 2012.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Што мислиш тогаш за твоите чукун-чукун прадедовци што ја смениле верата од пагански словени во христијани?
    Ако се оди уште поназад со логиката по која одиш, испаѓа дека и Исусовите апостоли биле нестабилни личности штом станале следбеници на Исус од Назарет штом тој успеал да им ја смени верата.
    Евреите во кома ли биле пред пророкот Мојсеј да им ги пренесе десетте заповеди? Човек учи додека е жив!
     
    На z.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    а ти во тоа време живееш?
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Во денешно, секако. Само одев по логиката која ти ја изнесе. Демек, ако некој сменел вера бил нестабилна личност и сл. Или тој критериум можеби не важел за минатите времиња? Или еве да го префрлиме тоа во денешно време: на брачен пар кој вчера си ја сменил верата им се раѓаат деца. Тие растат и се одгледани според новата вера на нивните родители. Што треба тие да прават откако ќе пораснат? Дали ќе бидат нестабилни личности ако од на пр. адвентизам прејдат во православие или Харе Кришна?

    Верата треба да биде право на избор а не нешто што се наследува. Ако некој смета дека за него учењето на адвентистите (или кое и да е друго) подобро ги објаснува работите за животот, духовноста и тн. од некоја друга религија во која тој или неговите претци до вчера биле следбеници, тогаш негово право е да одбере дали ќе ја смени или не сопствената вера и тоа само по себе не го прави нестабилна личност.
     
    На DeMelo и EvAngelos им се допаѓа ова.
  4. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Можеш да си мислиш како сакаш, само да знаеш дека- кај муслиманската вероисповест детето се раѓа како муслиман, значи нема како кај нас што правиме крштевка за да ја земе верата, туку тоа се подразбира со самото раѓање и нема ни право на избор,едноставно мора да се негува тоа што ти го дал господ, а доколку некогаш во животот смени вера, тој за нив е НЕВЕРНИК, бидејќи не постои за нив друга вера освен муслиманска (според мене така и треба да биде кај сите вери) . Додека кај нас, од што сме толку многу „современи“ сами си ја продаваме душата и одиме во таканаречените неверници, мислејќи дека којзнае што сме направиле (ова се однесува на таквите како daylight).
    Ова е само како коментар, кој сака и како сака нека разбере и нека протолкува.
     
  5. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Eпа токму како одговор на последните твои поставени прашања, јас лично сум се разбудила и несакам повеќе да спијам. Јас тоа не го разгледувам како перење на мозок, патем, и доволно сум воздрасна за да го дозволам истото, туку го разгледувам како зрело расудување и правилна одлука. Не мислам дека ако сум пораснала со едно воспитување траба да останам така, само затоа што моите родители така ме воспитувале во текот на моето радо детство кога и не сум ни била во состојба да го разгледам истото. Не значи дека родителите наши, бидејки ни се родители треба безусловно да ги пpатиме во текот на целиот живот " бидејќи се во право и така сме израснале. " Не е така. Секако дека постои можност да не се во право, бидејќи никогаш порано не се спознале со Библијата иако тврделе дека се Христијани (тоа било на начин на кој и тие самите го наследите од родителите,а истите исто така никогаш не ја проучувале Библијата.)
    Ако навистина треба да го почитуваме она што тие не научиле, кажи ми кого јас да слушам? Мајка ми се сложува со се, а татко ми не. Или пак треба јас самата да одлучам? Затоа што ЕДИНСТВЕНО јас ја проучувам БИблијата, а тие никогаш предходно...
     
  6. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Она што ти треба да го направиш е да си ја спознаеш својата религија што веќе ја имаш, да ја негуваш, да веруваш и да бидеш горда и среќна што таму припаѓаш, само така господ ќе ти ги даде сите благости и само со верба ке одиш напред, нема потреба да луташ, зошто да се пренасочиш кога со самото раѓање си насочена. Библијата е една, само сите различно ја толкуваат, независно што не ја читале библијата твоите родители, читај ја ти и ти научи ги на она што тие го пропуштиле, така се челичи нашата вера, не со бегство во нешто што на прв поглед е подобро, а всушност не е.
     
    На FARFELLA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mamaja

    mamaja Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    15
    Она што сите треба да го направиме е да не ги насочуваме луѓето „по наше„, да го почитуваме нивното ПРАВО НА ИЗБОР малку повеќе ;) како и нивните веќе направени избори , и да не заборавиме дека кога Бог на сите (дури и на ангелите па и на нас, луѓето) ни дал, и секојдневно ни дава право на избор каде и дали воопшто ќе припаѓаме некаде, кои сме па ние да се наметнуваме со секакви, а често и безвезни лични ставови.
     
    На DeMelo и daylight им се допаѓа ова.
  8. z.k

    z.k Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    На сета мака за што сум овде (ме заинтересора темава па влегов и овде), ама навистина ме насмеа. Христос раскажува парабола (приказна) и во неа споменува свеќа, најнормално зашто во тоа време немало струја, нели. Плус свеќата има и друго значење, а не дека ова е оставен аманет од Исус да се палат свеќи. Далеку од тоа.

    Значи ништо немам против било која вера.Ама православните христијани имаат измислено многу обичаи,што не се од бога.И тоа многу работи.На пример свеќите,иконите,крштевањето на бебиња,празнувањето на велигден,божиќ,бадник..и мн др работи.А,овие работи и мн др се измислени од народот,а не се од Господ..Многу веруваат во работи кои што не се така,а Ѓаволот се повеке напаѓа.Сепак ова е мое мислење.

    Глеј срцка (ЛОЛ) јас сум нешто како Адвентист или Јудео Христијанин. Тие обичаи вапцање јајца и палење свеќи не се религиски, ами национални. Да, се согласувам дека тие обичаи го одржувале македонскиот народ низ вековите, и дека тоа е наша одлика, и јас кога ќе одам со моите в црква палам свеќа, или се кршам со јајца, но знам дека тоа не е од Бога, и го прифаќам само како обичај.
    [/quote]
    Jaс верувам во бог и сум православна христијанка и можеби порано кога сум одела во црква несум достојувала на цела литургија,ама во последно време повеќе сум заинтересирана за верата и почесто одам на литургија и не е точно дека не се чита од новиот и стариот завет туку напротив читаат од евангелијата и од стариот завет зависи за кој празник се работи,а тоа за палењето свеќи и боењето на црвени јајца тоа и самата црква кажува дека свеќите се симбол на христовата светлина,а боените црвени јајца се обичај и ја симболизираат крвта исусова и во православието се знае кои работи се вистински битни,но и овие работи не се погрешни,само претставуваат една убава симболика.

    A вие што сте се откажале од православието,тоа е ваше право на избор,но ве молам немојте да кажувате само дека православието е погрешно итн. зошто очигледно не сте го разбрале правилно,па затоа сте преминале во нешто друго или од некоја друга причина,ама тоа не ви дава право да кажувате такви работи,ако ви се гледа по правилно друго учење верувајте си во тоа и не ја критикувајте православната религија,а кога веќе се дрзнувате да кажувате дека некои работи се погрешни користете вистински аргументи и факти ако ги имате,а не да се служите со дезинформации[/quote]
    A да се надоврзам исто така како може да кажувате дека крштевањето е погрешно и измислено,па со тоа се прифаќа верата,се станува христијанин и член на црквата,исто како може празнувањето на Bелигден и божиќ да биде погрешно и измислено,зар не треба да се празнува исусовото воскресение и раѓање.
    Cо вакви работи незнам кого можете да убедите.[/quote]

    Дали си се запрашала зошто Јован крстителот не крштевал бебиња ниту пак Исус го направил тоа, ниту пак апостолите, ниту пак некој кажал да се прави такво нешто? Човекот сам одлучува да биде крстен кога свесно и разумно донесува одлука да биде христијанин. Дури и чинот на крштевање ми е многу смешен, бебето врска нема што се случува, а кумот го тераат да го плукне ѓаволот, па да го згази...чисти глупости. Си се запрашала ли кога точно е роден Исус според историските и библиските факти, а што се празнувало на 25 декември (и деновите околу 25ти)? И ти било ли чудно како може Христос еднаш да восресне на почетокот на април, после на средина, а некогаш па дури во мај? И многу интересно е одредувањето на датумот за Велигден што е идентичен со пресметувањето на празнувањето на Тамус (паганси празник).
     
  9. z.k

    z.k Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Jagoda не се само 2-3, и самата спомна, има 10 Божји Заповеди. Апостолите без просветлени кога ги повика Исус и уште повеќе после возкресението кога го примија Светиот Дух. Твоите предци сигурно ја смениле верата, и можеби баш на 50 години, оти предходно биле незнадошци (пагани). Зар не е така? И точно е дека никој не треба да ти каже и да ти пере мозок, туку сам/а се определиш и дознаеш, истражиш, провериш како стојат нештата, ама сепак зависи кое е мерилото по кое ќе се раководиш. Ако Библијата ти е мерило и веруваш дека е Свето Писмо дадено од Бог прочитај си ги сама 10 Божји Заповеди и размисли си.
     
  10. Duksi5

    Duksi5 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Би сакала да добијам одговор од адвентистите, - дали е вистина дека не верувате во постоење на пекол?
    Сите други верувања ми се некако прифатливи, но не ми е јасно - ако е вистина, зошто не верувате во постоењето на пекол?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    1. Колку загубени души денес се наоѓаат во "пеколот"?

    " Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, и неправедните да ги чува до денот на судот за да бидат казнети. 2.Петрово 2:9 "

    Одговор: Во "пеколот" денес не се наоѓа ниту една душа. Библијата вели дека Бог ги има зачувано злите се до денот на судот за тогаш да бидат казнети.

    2.Кога грешниците ќе бидат фрлени во пеколот?

    " Така ќе биде при крајот на времето. Синот Човечки (Исус) ќе ги испрати Своите ангели. Тие ќе го соберат од Неговот царство сето она што наведува на грев и оние кои вршат беззаконие и ќе ги фрлат во огнената печка... Матеј 13:40-42 Словото, што го изговорив, тоа ќе му суди во последниот ден. Јаков 12:48 "

    Oдговор: Грешниците ќе бидат фрлени во пеколниот оган во големиот ден на судот НА КРАЈОТ НА СВЕТОТ - не кога ќе умрат. Бог нема да казни ниту една личност се додека нејзиниот случај не биде испитан и одлучен во судот на крајот на светот. Ниту пак Бог ќе гори еден убиец кој што умрел пред 5000 години, 5000 години подолго отколку некој што умира денес и заслужува казна за истиот грев.

    3. Kaде се наоѓаат грешниците (кои умреле) сега?

    " Доаѓа часот во кој сите што се во гробовите ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив оние што правеле добро, ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осудување. Јован 5:28,29 Злите се запазени за денот на погибелта. Тој ќе биде донесен при гробот и КЕ ОСТАНЕ ВО ГРОБНИЦАТА. Jаков 21:30,32"

    Одговор: Библијата е јасна. И праведните и злите кои умреле се наоѓаат во своите гробови СПИЕЈЌИ се до денот на воскресението.

    4. Каков е крајниот резултат на гревот?

    " Затоа ПЛАТАТА за гревот Е СМРТ, но бесплатниот дар од Бога е вечен живот во Исус Христос, нашиот Господ. Римјаните 6:23 A извршениот грев раѓа смрт. Јаков 1:15 Бог.. Го даде Својот Единороден Син, та секој кој ќе поверува во Него да не загине, туку да има живот вечен. Јован 3:16"

    Одговор: Платата (или казната) за гревот е смрт, а не вечен живот во ПЕКОЛОТ. Злите ќе "угинат" или примат "смрт." Праведните ќе примат "вечен живот".

    Мислам дека ова ти е доволно. Има уште, ако сакаш да прочиташ поопширно уште нешто за огнот и се како ќе се случи, ќе ти пишам.
    Поздрав! :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Кога е Велигден сите зборуваме за Неговото славно воскреснување и забораваме на Неговата најважна цел - ќе се врати повторно по нас!

    Кога Исус Христос воскреснал на небото тогаш ангелите им рекле на учениците: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.”

    [​IMG]



    Еве уште неколку текста запишани во Библијата кои го потврдуваат Неговото доаѓање:

    Евреите: 10:37 Зашто: уште малку, мошне малку, и Оној Кој доаѓа ќе дојде, и нема да се забави.

    Марко: 13:26 И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облаците, со голема сила и слава.

    Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за умрените, за да не жалите како другите, кои немаат надеж.

    14 Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и умрените во Исуса, Бог ќе ги приведе со Него.

    15 Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле;

    16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.

    1 Солунјани: 4:17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.













    [​IMG]



    Исус Христос воскресна и седна од десната страна на престолот на Отецот,Тој отиде да ни приготви место и нас ,кои веруваме во Него,Тој е Нашиот Посредник за нашите гревови,верувајте во Него и ќе се спасите!

    Тој доаѓа! Дали сте спремни за Неговото доаѓање?

    Отворете ги вашите срца пред Бога,покајте се за вашите гревови,побарајте го Бог и спремајте се за Неговото второ славно доаѓање!
     
    На Rama, sweet10 и LUCERKA им се допаѓа ова.
  13. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    LUGETO STO VERUVAAT VO BOG SE POSREKNI!!!
    Многу истражувања покажале дека луѓето што веруваат во Бог се многу посреќни од оние што не веруваат!

    Еве неколку причини за нивната среќа:

    [​IMG]

    1.Луѓето што веруваат во Бог помалку се грижат за сите нешта кои им се случуваат бидејќи знаат дека не се сами и дека Бог се грижи за нив!

    2.Молитвата е еден од главните клучеви за среќа....Луѓето кои се молат остваруваат духовна врска со Бог која им дава сила,мир,надеж....молитвата ги насочува да бараат помош од Бог,ги ослободува од стресот и им дава небесен мир...

    3.Луѓето кои веруваат во Бог се посреќни бидејќи љубовта Божја делува на нив.

    4.Помагањето на другите луѓе и правењето на добри дела ги исполнува и прави посреќни.

    5.Несебичноста е еден од условите поради кои се многу посреќни.

    6.Тие знаат дека Бог ги води и чува во текот на нивниот живот.

    7.Ослободени се од чувството на вина и теретот на гревот кои ја заробуваат душата.

    8.Бог е извор на нивната среќа.

     
    На Olli28 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  14. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Зошто Бог дозволува и добро и зло?
    upload_2015-6-16_15-51-48.jpeg
    Секој во својот живот барем еднаш се прашал зошто ова постои, зошто на светот постои и добро и зло. А честопати се прашуваме себеси зошто Бог дозволува и добро и зло во нашите животи. Во книгата на книгите, има една книга која со посебно внимание ја читав и ми даде некои необични сфаќања, а тоа е книгата за Јов. Сите оние кои ја читале секако ќе се сетат за неговите страдања но и за неговата цврста вера.


    Јов се соочил со многу облици на страдања. Ги изгубил своите деца, имотот и се што имал во еден миг. За да болката биде уште посилна, сатаната го изнаклеветил кај Бога, па покрај болката за изгубените деца ја зголемил со болест по целото негово тело.(Јов 2, 7). Е сега се прашуваме зошто, кога Светото писмо вели дека тој бил непорочен и праведен човек, кој се боел од Бога и се остранувал од злото. (1,1)

    И веднаш доаѓа неговата жена која на необичен начин му вели некоја неразумна работа...а тоа е да го проколне Бога ...велејќи му ,, зар си уште постојан во непорочноста? Проколни Го Бога и умри!.(Јов 2,9).

    Ако сега го земеме срцето на неговата жена и нејзините мисли ќе можеме да сфатиме зошто таа го тера на таков чин. Велејќи му да се откаже од Бога, таа не покажува чувство на охрабрување, поддршка туку едноставно мисла да проколне и да умре. Зошто? Таа во сета оваа несреќа го гледа Бог како причина за нивните неволји. Секако дека ќе речеме дека таа згрешила и можеби и ќе ја осудиме. Но како велат...да се ставиме во туѓата кожа па ќе видиме како му е на другиот. Дали на Јововата жена ú било така сеедно? Па и таа ги изгубила своите најмили ( 7 синови и 3 ќерки), заедно со домот и богатството, а сега згора на сета болка и тага, го гледала својот сопруг како страда во страшни болки. Ако животот во вера пред Бога значи да се биде вака, таа сметала дека е тогаш подобро тој и да умре отколку така да неправедно да страда. Но Јов на сите тие коментари и навистина тешки зборови во мигови на страшна болна агонија се повторно непогрешни...Тој едноставно само вели: Доста брбориш... Штом примаме добро од Бога зошто тогаш да не го примаме и злото? Јов одговорил со силна вера во Бога и покрај сета мака која ја доживеал и ја носел на својот грб.

    Пророкот Исаија рекол: Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата. Јас Господ го правам се тоа. Како да го сфатиме сево ова. Бог го дозволува и доброто и злото во нашиот живот...но сепак Бог не дозволува да ни се случи нешто без причина. Понекогаш на таков начин сака да нú покаже дека има нешто во нас што треба да се менува. Но дали тоа било во Јововиот случај? Неговите страдања не биле воопшто резултат на Божјиот суд, туку тука била друга борба...

    Кога Исус дошол на земјата Тој дошол со една цел да го даде својот живот за да преку Него секој од нас кој верува во Него ќе добие живот вечен, кој на жалост бил прекинат со првиот грев...ама и тогаш поради истата причина и од истиот извор гревот биланастанат или причинет.

    Така и Јов страдал без причина иако ништо не сторил лошо туку напротив го почитувал Бога со сето срце. Трпението на Јова завршило со среќен крај. Тој и во најсилните болки и разни забелешки на своите тројца пријатели, едноставно останал достоен и верен на Бога.

    Затоа секогаш кога ќе ни дојдат на ум овие мисли: е па зошто баш мораше ова да ми случи токму мене...да се сетиме на Јов и неговата силна вера и потпора. Ако успееме да се надминеме себеси и да цврсто се држиме за Бога, Тој ќе нé благослови дупло како што било и со Јов. Бог го благословил Јов двоструко и тоа многу повеќе од пред тоа. Ете блажени ги наречуваме оние, кои претрпеа. Чувте за страдањето на Јов, видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е многумилостив и сочувствителен,,.(Јаков, 5,10-11).
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  15. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Др.Флу - голем атеист кој признал дека Бог постои!
    [​IMG]

    Постои само еден научник кој во историјата е наречен „икона на атеизмот”.

    Станува збор за др. Ентони Флу, професор по филозофија на најпознатите светски универзитети. Автор е на бројни книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофија”. Професорот Флу бил идол на сите светски атеисти а неговите дебати со религиозните научници биле омилена програма на атеистите ширум светот.

    А потоа се случува нешто неочекувано, шокирачко...

    На една дебата со еден религиозен научник му биле поставени две прашања:

    - Господине Флу, јас во раката држам Библија. Каде настанала оваа книга?

    - Настанала во печатница – одговара др. Флу.

    Религиозниот научник му приговара: Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека настанала во умот на писателот а не во печатница. Дали се согласувате?

    - др. Флу се согласува, Да во право сте, таа книга настанала во умот на писателот.

    А потоа следело прашање на кое др. Флу не знаел да одговори.

    Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?

    Долгото молчење на др. Флу било шокирачко за неговите атеистички симпатизери, па разговорот е насочен кон друга тема, а прашањето останало неодговорено.

    Во текот на наредните девет месеци др. Флу размислувал за ова прашање чиј одговор не го знаел. Неговото мото, со кое ги учел студентите гласело, - Треба да ги следите фактите без оглед каде тие те водат. И така овие факти го донеле најпознатиот светски атеист до заклучок кој го изнел на конференцијата за печат. Ова ќе предизвика вистински земјотрес во големиот дел на научната заедница. Пред бројните камери др. Флу изјавува: Дами и господа, почитувани пријатели, ја свикав оваа конференција да ве обавестам дека постанав религиозен. Под притисок на јасните и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека БОГ ПОСТОИ. Шокот бил целосен.

    Кога веста одекнала низ светските медиуми, во исто време започнува лавина на коментари од атеистите: дека др. Флу не мислел така, дека медиумите погрешно ја пренеле неговата изјава итн. Тогаш др, Флу повторно излегува пред камерите и ја потврдува својата претходна изјава.

    Но, познавајќи ја агресивната кампања на атеистите која ја водат низ светот, тие продолжуваат преку медиумите да напаѓаат„ дека религиозните фанатици погрешно интерпретираат” и дека атеизмот е единствениот пат во животот.

    Др. Флу тогаш седнува и ја напишува автобиографската книга „Признавам: Бог постои” - како најортодоксниот светски атеист го променил својот став. Во својата книга др. Флу покажува како најпознатиот светски еволуционист, др. Ричард Докинс, погрешно ги објаснува феномените во природата и го злоупотребил своето влијание како професор на Оксфордскиот универзитет. Книгата обработува и други прашања во врска со науката и религијата, науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здрава логика и едноставно научно расудување.

    Развојот на науката фрла ново светло на безбројните чуда во природата кои потврдуваат дека БОГ ПОСТОИ.
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Колку убави мислења споделувате со нас... Сакам да Ве прашам што мислите за 4. Божја заповед?
     
  17. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог.
    na ova mislis
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Ахам. И што мислите кој е тој ден?
     
  19. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    читај втора книга мојсеева 20-та глава и 8 до 11 стих
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Може со еден збор да ми одговорите? Не сум многу грамотен.