1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Христијани-Адвентисти

Дискусија во 'Религија' започната од sweet.star, 4 ноември 2012.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Адвентизам дословно во превод значи доаѓање (од лат.adventus), во смисла дека тие го чекаат вторто Христово доаѓање и врз истото полагаат голема важност. Исто така има разлика помеѓу Адвентисти и Адвентисти на Седмиот ден - тоа се две различни верски заедници (иако во некои работи слични). Адвентистите на седмиот ден:

    - Библијата воглавно ја сфаќаат дословно, освен ако од цитатот не е очигледно дека се работи за споредба
    - Елен Вајт (1827-1915) ја сметаат за пророк
    - акцент ставаат врз почитувањето на Саботата (поради ова во народот се познати и како Саботјани).
    - Не јадат свинско. Многумина се дури и вегетаријанци, иако вегетаријанството не е правило.
    - Не консумираат алкохол, кофеин и дроги.
    - одбегнуваат луксузирање во облекувањето и накитот
    - веруваат дека Бог земјата ја создал дословно за 7 дена
    - не веруваат во пекол, сметаат дека душите ќе спијат до судниот ден за потоа лошите души едноставно ќе престанат да постојат. За разлика од ова протестантите (реформација и протестанти се едно те исто - но истите се делат на многу подгрупи) веруваат во вечен пекол некои одат дури дотаму велејќи дека Бог нанапред одредил, уште при зачнувањето, за секоја душа каде ќе завршела. Освен тоа свинското не е сабрането, а наместо саботата собирите се во недела.
     
    Последна измена: 22 јуни 2015
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Hm fala mn.Ima nekoi sitnici od ova sto veruvam ama nesum Adventist
     
  3. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Jadam svinsko,kolku sto mozam si dozvoluvam luksuz,a pak alkoxol kako sto sum vo ovoj grad ako ne pies sramota e,ama jas pijam samo koga ispagam taka da nesum
     
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Искренo верувaм вo смaјлитo кoе се прoткaјувa вo втoриoт спoјлер.
    Амин 8).
     
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Јас сум адвентистка. :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Исус овде кажува парабола, кажува пример и многу јасно дека палеле свеќа зашто во тоа време нели немало струја и домовите ги осветлувале наједноставно со свеќа, факели. И одве смислата не се однесува на свеќата како пример што треба да се следи туку преку примерот Христос за сосема друго зборува.
     
  7. redgreenblue1

    redgreenblue1 Нов член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Текст бр. 1

    ПОИМ И НАСТАНОК НА ВЕРСКАТА ЗАЕДНИЦА АДВЕНТИСТИ


    Општи белешки

    Името ,,адвентисти” или ,,адвентизам” доаѓа од латинскиот збор ,adventus”, што значи доаѓање. Тука се мисли на второто Христово доаѓање. Според тоа, адвентисти се луѓе кои го очекуваат второто Христово доаѓање, а адвентизам е вера што проповеда дека Христос ќе дојде по втор пат на Земјата за да му суди на светот. Ова име не означува некоја специфичност на адвентистичката верска заедница, бидејќи целата Црква уште од почетокот до денес верува и проповеда дека Христос повторно ќе дојде на Земјата за да им суди на живите и мртвите и дека на Неговото царство не ќе има свој крај. Така гласи и седмиот член на Никео-Цариградскиот символ на верата: ,,Верувам... во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји... Кој што пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и на Неговото Царство не ќе има крај”. Според тоа, секој христијанин е адвентист, па името ,,адвентисти” што го одбрала оваа верска заедница за себе, е премногу широко, бидејќи во себе опфаќа многу повеќе луѓе што не и` припаѓаат на таа верска заедница отколку такви што и` припаѓаат. Меѓутоа, тие себеси се сметаат за посебна група којашто го очекува скорото доаѓање на Христа, како настан што не е далеку од нашето време. Но, ни таа разлика не го оправдува нивното име. Прво, Црквата никогаш не го одредувала датумот кога Христос ќе дојде, бидејќи и самиот Христос тој датум никаде не го претскажал. Он отворено им вели на апостолите дека ,,за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а саммо Мојот Отец” (Мат. 24, 36). А по Неговото воскресение, кога апостолите повторно го запрашале за тоа, Он отворено им одговорил: ,,Не е ваше да ги знаее времињата и годините што Отецот ги задржал во Своја власт” (Дела 1, 7). Затоа Црквата едноставно изразува тврда вера дека Христос ,,пак ќе дојде”, но не ја одредува годината и датумот на Неговото доаѓање.


    Адвентистите не се единствените што го очекуваат Христовото доаѓање во најскоро време. Тоа го прават и Јеховините сведоции и разни други секти. Од историјата на Црквата знаеме дека и во раните векови имало, на пример во времето на реформацијата, разни поединци што ја одредувале годината на повторното Христово доаѓање, или барем тврделе дека тоа доаѓање е блиску ,,пред вратите”. Така анабаптистите од XVI век, на пример Ханс Хут(61), Мелхиор Хофман, Николаус Шторх(62) и други, проповедаа скорешно Христово доаѓање. Такви ,,пророци” имало и во времето на апостол Павле, па тој токму затоа и го напиша Посланието до Солунјаните. Според тоа, името ,,адвентисти” било да се разбере во онаа општоцрковна смисла или пак во посебна сектантска смисла, не означува нешто посебно, некоја карактеристика која би била само нивна. Затоа баптистите(63) и Јеховините сведоци(64) ги нарекувале милеровци, според нивниот прв ,,пророк” и основач Вилијам Милер, а нивната вера ,,милеризам”. _________________________

    61W. P. Ester, Istina je neunishtiva, str. 74. 62Franjo Klem, Historiju baptista, str. 20-21 63Ib., o.c. str.85, 64 Bozje tisuchugodishnje kraljestvo se priblizilo, str. 116


    Кратка историја на адвентизмот

    Основачот на адвентистичката верска заедница Вилијам Милер е роден во 1871 година во градот Питсвилд, во државата Масачусетс, САД. По занимање бил фармер, без некоја поголема школска подготовка, но многу читал. (61а) Во млади години попаднал во друштво на неверници, деисти, па ја отфрлил Библијата, иако официјално и` припаѓал на една баптистичка верска заедница. Во друштвото на неверниците останал 12 години. Меѓутоа, кога имал 34 години, во него се разбудило религиозното чувство и интересот за Библијата. Читајќи ја Библијата многу ревносно, се вратил во верата на своите татковци и постигнал непоколебливо уверување дека сите библиски пророштва се оствариле. Длабоко го интересирало прашањето кога ќе стане второто Христово доаѓање.(65) Толкувајќи ги книгите на пророк Даниел и Откровението (Апокалипсисот), уште во 1818 година дошол до лично убедување дека Христовото доаѓање е многу блиско – Христос повторно ќе дојде на Земјата најдоцна по дваесетина години.(66) Милер се борел сам со себе цели дваесет години, додека на крајот не се решил јавно да настапи со своите пресметки за датумот на второто доаѓање на Христа. Своето откритие го објавил во проповедите дури во 1831 година, а потоа и во книгата ,,Докази за Библијата и историјата за повторното Христово доаѓање околу 1843 година”. Книгата се појавила во 1833 година(67) и во неа се тврди дека Христос ќе дојде помеѓу 21 март 1843 година и 21 март 1844 година.(68) За неговите докази многумина мислеа дека се исправни и несоборливи, па им веруваа. Тие, нарекувајќи се уште тогаш ,,адвентисти”, почнале да се подготвуваат за средба со Христа. Неколку недели пред одреденото време повеќето од нив ги прекинале сите земјоделски работи. Грижливо ги преиспитувале сите мисли и сите желби, како да се наоѓаат на смртна постела и како по неколку часови сите на земјата да мораат да ги склопат очите. Вака адвентистичката ,,пророчица” Елена Голд Вајт(69) ја опишува состојбата на првите адвентисти. Други автори додаваат дека адвентистите биле дури облечени во бели облеки и групно по полињата го очекувале Христовото доаѓање со песни и извици ,,Дојди, Господе Исусе!”. Додуша, Елена Вајт негира дека адвентистите си шиеле бели кошули,70 но тоа како детаљ воопшто не е ни важно. Како што гледаме сите, Христос не дошол. ,,Оние што со искрена вера и со срдечна љубов го очекуваа Христа Спасителот, доживеаа горчливо разочарување” – искрено признава Елена Вајт.(71) А што да се рече за Милер! Како ли се чувствувал тој? Во едно отворено писмо покајнички ја признал својата заблуда.(72) Многумина го напуштиле разочарани.(73) Сепак, тврдо убеден во правилноста на своите математички пресметки, Милер во Библијата повторно побарал објаснување во што е грешката, каде погрешил кога Христос не се појавил во оној ден во кој, така да се каже, му закажал. Милеровиот пријател Сноу (S. S. Snow) добил ,,небесна светлина” и ,,ја пронашол” грешката на Милер. Во приказната за десетте девојки која се однесува на второто Христово доаѓање (Мат. 25, 1-13) е речено дека младоженецот задоцнил со доаѓањето и дека дошол на полноќ. Според толкувањето на Сноу, тоа не значи ништо друго, туку дека Христовото доаѓање треба да се очекува половина година подоцна од пресметката на Милер. Значи, Христос ќе дојде на 21 октомври 1844 година, а не како што беше пресметано на 21 март. Ете нова надеж! Многумина пак поверуваа. Милер во почетокот се држел многу резервирано кон таа нова пресметка. Дури на 6-ти октомври и тој им се придружил на верниците и поверувал дека на тој ден ќе дојде Христос. А бостонските трговци како трговци! Од се` прават пазар, па и од новата адвентистичка надеж. Без оглед дали поверуваа или не, или пак сакајќи да направат добар пазар, а можеби да се пошегуваат со адвентистите, во огласите на своите дуќани истакнаа реклами: ,,Бели алишта за вознесение по најефтина цена и по последна мода”.(75) Адвентистите повторно се собраа да го пречекаат Христа. Повторно набожни воздишки и воскликнувања: Дојди, Господи Исусе! Повторно покајанија и испитувања на срцата и совеста. Паролата на денот била: ,,Ете Младоженецот доаѓа!” Koга Милер ги опишува овие мигови, вели: ,,Нема силно изразување на радост... Не се слушаат восклици... Пејачите молчат, тие очекуваат да се соединат со ангелските војски, со небесните хорови...”(76) Елена Вајт известува дека најревносните го послушале повикот ,,Ете доаѓа Младоженецот”. ,,Земјоделците го оставија житото во полињата, занаетчиите – алатот и со солзи во очите и со голема радост тргнаа да ја објават опомената”.(77) Но, се` било залудно! Христос пак не дошол. Адвентистите останаа празни како некогаш во времето на пророк Илија, кога свештениците Ваалови половина ден вика: Ваале, услиши не`! (Цар. 18, 26). Од никаде ниту глас, ниту знак! Разочарувањето било тотално. Јошуа Хамс (Joshua Himes), пријател на Милер од Бостон, којшто во 1840 година издал прв адвентистички весник под наслов ,,Знаци на времето”, пишуваше: ,,Јас го напуштив собирот и плачев како дете. Времето измина, а очекуваниот Господ не дојде. Ние моравме да речеме како некогаш Марија Магдалена: ,,Го дигнале Господа од гробот и не знам каде го положиле” (Јован 20, 2).78 Слично се изразува и Елена Вајт.(79) А баптистичката верска заедница на која и` припаѓал Милер како нејзин проповедник, заситена од срам и скандал, во јануари 1845 година ги исклучила од својата средина и Милер и неговите приврзаници.


    Натамошен тек на историјата

    А што сега?! Многумина покајнички се вратија во своите поранешни верски заедници, а некои и понатаму останаа со Милер. Под влијание на второто разочарување самиот Милер, на 3-ти декември 1844 година, напиша: ,,Присилени сме да ОСНОВАМЕ своја одвоена црква: Бог да ни прости”.(80) Првата грижа била да се објасни зошто Христос не дошол, кога според пророчкото толкување на Милер задолжително требаше да дојде барем на 22.10.1844 година. Повторно и повторно испитување на Библијата, на крајот е најдено ,,објаснување” зошто Христос не дошол. Грешката се состоела во две работи. Прво, пророштвото на Даниил, врз кое се повикувал Милер во своето толкување (Дан. 8, 14), не вели дек Христос ќе дојдена земјата по 2.300 дена, туку дека тогаш ,,ќе се очисти светињата”. Второ, Милер погрешно сфатил дека под изразот ,,чистење на светињата” oзначува чистење на небесната светиња, а не на земната. Значи, бидејќи пресметката на Милер е точна, на тој ден, т.е. 22-ри октомври 1844 година сепак се случило нешто особено важно. Тој ден Христос влегол во небесната светиња(81) и го започнал истражниот суд ,,судот од Божјиот дом”(1. Петр. 4, 17). Сега кој може да провери што се случува на небото, нека ја оспорува оваа теза! Инаку адвентистите тврдат(76а) дека Бог на чудесен начин му јавил за ,,очистувањето на небената светиња” на Хајрам Едсон (Hiram Edson) вториот ден по промашеното чекање (неколку дена по разочарувањето, Хајрам Едсон се шетал ни својата пченкарна нива и одеднаш му светнала мислата и толкувањето на наведените стихови во Даниел и Откровение). Во третиот дел од оваа книга повторно ќе се вратиме на прашањето колку вреди пророштвото на Милер, а сега ќе продолжиме со историјата на адвентистите.

    Милер, исклучен од својата баптистичка заедница, беднаш почна да ја организира новата верска организација. Истата година свика собрание во местото Олбани, на кое е конституирана новата заедница на адвентистите, одвоена од баптистите. Наскоро Милер почина (1849 година), оставајќи ја зад себеси тукушто основаната заедница. Се појавија многу и крупни теолошки проблеми, поради кои заедницата се расцепка на разни групи. Едните, како Милер, ја празнуваа неделата, а наскоро се појавија и ,,адвентистите на седмиот ден” или саботјаните, кои поминаа на празнување на саботата, бидејќи сметаа дека тоа е единствениот начин на славење на Бога и исполнување на Божјите заповеди.


    Нови личности и нови учења

    Уште додека Милер беше жив, еден од неговите проповедници по име Штор проповедал дека, според учењето на Библијата, не постои бесмртна душа и дека грешниците нема да бидат казнети со вечни маки, туку со вечно уништување. Неговите приврзаници се нарекоа ,,адвентни христијани”. Нивните противници кои веруваа во бесмртност на душата и во вечноста на маките на грешниците, се нарекоа ,,евангелски адвентисти”. Покрај нив постоеја и ,,адвентистички браќа” и ,,обединети адвентисти”. Но, најповеќе приврзаници имаа ,,адвентистите на седмиот ден” или ,,саботјаните”.(82)


    Адвентистите уште од самиот почеток ја празнуваа неделата, значи беа ,,неделјани”, a не ,,саботјани”, но сепак саботјанството кај нив се појавило доста рано, уште додека беше жив Милер. Некоја си Еврејка Рахела Престон поминала во адвентизам и почнала да проповеда дека треба да се празнува саботата. Џозеф Бејтс (Joseph Bates) исто така го застапувал ставот дека треба да се празнува саботата. Тој во 1846 година напишал книга за празнување на саботата. Книгата помеѓу адвентистите постигнала голем успех.(83) Идејата за празнување на саботата веројатно ќе останеше без поголемо значење и влијание, ако не беше поддржана и афирмирана од Елена Вајт (1827-1915). Таа била многу енергична и надарена жена. Во својот долг живот напишала 43 книги и брошурки и околу 4.000 разни написи објавени во адвентистичките списанија.(84) Таа за себеси тврдела дека доживувала некакви визии, за време на кои стоела неподвижно, без здив, со отворени очи. Адвентистите веруваат дека таа тогаш добивала разни откровенија од небесниот свет, па ја сметаат за пророчица. Со своите визии таа го поддржала толкувањето на Милер дека Христос на 21-ви октомври влегол во небесната светиња и таму го отпочнал истражното судење, па затоа тој ден не дошол на Земјата, како што прорекол Милер и како што несомнено очекуваа сите адвентисти. Освен тоа, една од нејзините ,,визии” ја потврдува потребата од празнување на саботата. Имено, таа вели дека имала визија за небесната скинија и таму го видела ковчегот на заветот. Христос и` го отворил капакот на ковчегот во кој беа оние две камени плочи со Божјите заповеди што ги прими Мојсеј од Бога на Синај. Понатамошните кажувања имаат две верзии. Според едната верзија четвртата заповед била темна, па на Елена и` било дадено објаснување дека е тоа сторено затоа што луѓето не ја почитуваат таа заповед, туку наместо саботата го вовеле празнувањето на неделата.


    85 61а М. Golubic, Istorija Crkve, Beograd 1973, str.303 65 Ј. Г. Вајт, Велика борба измеѓу Христа и Сотоне, превод Мирко Голубиќ и Драгиша Стојчеиќ, Београд 1962, стр.262 66 Ib., стр.271. 67Paul Scheurlen, Die Sekten der Gegenwart, Sttutgart 1930, S. 41. 68 Ib. 69 Ј. Г. Вајт, о.с. стр.307 70Ib. (Историско дополнување, стр.553). 71Ib., стр. 307 72Paul Scheurlen, о.с. стр.41; Мирко Голубиќ, Историје Цркве, стр.306 73 М. Голубиќ, о.с. стр.307. 74Paul Scheurlen, ib., стр. 41-42; М. Голубиќ, о.с. стр.306. 75Ib стр. 42.


    Според втората верзија, четвртата заповед била обиколена со светлина, а објаснувањето гласело дека тоа е поради тоа што таа е ,,единствената заповед која го дефинира живиот Бог, создателот на небото и на земјата и на се` што е во нив. Кога бил положен темелот на земјата, тогаш бил положен и темелот на саботата”.(86) Елена Вајт нагласува дека нејзините списи не се никаква замена, ниту дополнување на Библијата.(87) Сепак, нејзините ,,визии”, особено оние што се однесуваат за саботата, го имаат токму тој практичен ефект, особено кај светот што е наклонет кон окултните сензации. Инаку, Елена Вајт била неуморен проповедник на адвентизмот – саботјанството, така што не само што ја заобиколила цела Америка, туку во 1855 година дошла и во Европа, каде што ги посетила новооснованите општини во повеќето европски земји.
     
  8. redgreenblue1

    redgreenblue1 Нов член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Текст бр. 2


    Уште едно промашување

    Реформоското движење на адвентистите на седмиот ден е посебна гранка на адвентистите саботјани. Во текот на првата светска војна адвентистите се судрија меѓусебно по прашањето за учеството во војната. Ј. Винцен (Ј. Wintzen), адвентистички функционер, во 1915 година напишал статија ,,Христос и војната”. Тој тврдел дека ,,Библијата сосема сериозно учи дека со учество во војна не се нарушува шестата, ниту четвртата заповед”. Ова помеѓу адвентистите во Германија предизвикало големи и жолчни расправии. Опозицијата искажувала многу тешки зборови на сметка на официјалниот правец изразен во споменатата статија. Приврзаниците на тоа сфаќање се нарекувани ,,измамници” и ,,набожни ништожници”, a ,,Стражарот на вистината” – адвентистичкиот весник на ,,реформското движење” – одел толку далеку што таа група адвентисти ја споредувал со сликата на блудната жена што јава на ѕвер, според визијата опишана во Откровението на св.Јован Богослов во 17-тата глава. Инаку, адвентистите таа слика си ја поврзуваат со Римокатоличката црква.

    По Милеровото промашување во одредувањето на датумот за повторното Христово доаѓање, адвентистите на седмиот ден повеќе не го пресметуваат датумот на Христовото доаѓање, туку се задоволуваат само со тврдењето дека овие се последните денови и дека ,,оваа генерација нема да помине додека тоа не се случи” – како Христос тоа да го рекол за своето второ доаѓање, а не за разорувањето на Ерусалим. И дека Христовите зборови - ,,оваа генерација”, се однесуваат на генерациите од нашето време, а не на оние генерации на кои Христос непосредно им зборувал за пропаста на Ерусалим. Меѓутоа, ,,реформоското движење” не можело да се ослободи од антибиблиската желба за пресметување на датумот на второто Христово доаѓање. Нивниот американски водач Рајт (Reidt) од Лонг-Алјленд, го прогласил 6-ти февруари 1925 година за ден на второто Христово доаѓање. Тој дури и детаљно го опишал настанот. На Христа ќе му бидат потребни 7 дена додека дојде на Земјата. Патем малку ќе се задржи на поедини планети што ќе ги сретне, за да издаде напатствија и наредби во врска со исхраната на праведниците од Земјата, што Он ќе ги одведе на небото.(88) Како што им е познато на сите, Рајт поминал со своето ,,пророштво” исто како и Милер. Па поговорката и вели: ,,крушата под круша паѓа”.


    Десеток

    Колку и да е некоја организација од духовен карактер, таа не може да опстои без материјални средства. Тоа прашање адвентистите го решиле мошне успешно. Тука се повикуваат на Стариот завет. Воведоа десеток! Библијата вели: ,,секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припаѓаат на Господа, тоа е светиња Господова” (3. Мој. 27, 30). ,,А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од се` што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото” (4.Мој. 18, 21). У уште една построга пророчка опомена: ,,Со проклетство сте проколнати, зашто Ме обирате – вие и сиот народ. Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом...” вели Господ (Малахија 3, 9-10). Значи иако веќе нема левити, иако адвентистите немаат ниту свое свештенство, иако старозаветниот закон е укинат – освен Декалогот – оваа заповед кај адвентистите сепак останува во сила, поради чисто практични причини. И навистина, без оглед на библиската оправданост или неоправданост, тоа им се исплатело. Во годината 1858 воведен е десетокот и касите се наполнија. Освен тоа, тие секоја недела собираат прилози за посебни цели: болници, мисии итн. Противниците на адвентизмот пуштиле сомнежливи гласови дека Евреите ги финансираат адвентистите, како свое вонредно помошно средство за рушење на христијанството. Да ги оставиме настрана таквите недокажани сомневања. Факт е дека адвентистичката верска заедница финансиски е многу јака и нема никаква потреба да бара материјална помош отстрана. Откако материјално наполно се осамостои и зајакна, адвентизмот продолжува организациски да се зацврсти и да се прошири со пропаганда. Веќе во 1860 година е свикана првата адвентистичка конференција од генерален карактер, на која по пат на јавно гласање е прифатен Уставот којшто со малку измени и дополнувања и денеска е во сила кај адвентистите. Адвентистичката пропаганда во Америка станувала се` пожива. Во 1874 година е основана адвентистичката мисија за Средна Европа, и покрај тоа што веќе во 1868 година еден поранешен римокатолички свештеник, Чеховски, го пренел адвентизмот во Швајцарија. Кон крајот на минатиот век адвентизмот брзо се проширил во цела Европа. Адвентистичката пропагандна литература е многу богата и е многу раскошно и модерно уредена. Повеќето во колор. Насловите на книгите се многу привлечни. Не може да се најде книга со старомоден наслов ,,Катихизис”, ,,Библиска историја” или ,,Догматика”. Не! Нивните книги тоа и го содржат, но, под други попривлечни наслови. На пример: ,,Големата борба помеѓу Христа и сатаната”, ,,Дали има живот во вселената”, ,,Решение на светската криза”, ,,Надежта на овој свет”, ,,Современиот човек и Библијата”, ,,Копнежот на вековите”, ,,На прагот на новото време” итн.

    Организација и активност на адвентистите Адвентистичката верска заедница не само што е многу богата, туку е и многу организирана и дисциплинирана. Таму точно се знае кој што смее и што може да работи. Кога во некое место ќе се придобие некое лице, веднаш се формира општина. Со неа управуваат еден или двајца проповедници, кои имаат свои помошници. Освен тоа во општината постои посебен одбор - ,,комитет”, што ги води работите на општината. Повеќето општини од некоја покраина ги сочинуваат окружните сојузи, а овие пак сочинуваат ,,мисионерско поле”. Мисионерските полиња ја сочинуваат ,,унијата”, која може да опфаќа повеќе земји. Униите секоја година испраќаат свои делегати на унионистичка конференција. Таа го носи називот Генерална конференција и е највисока власт за адвентистите од целиот свет.89 Адвентистичките мисии се многу живи. Во светот има многу училишта, од основни до универзитети. Издржуваат многу болници и други харитативни установи. Во поедини земји имаат свои радио-станици, фабрики и друго. Кога сето тоа ќе се собере, адвентизмот претставува многу моќна организација во светот. Тие мислат дека врз основа на тоа го заслужуваат називот ,,црква” а не секта, оти не се сметаат за некоја фракција на која и да е црква. Се повикуваат дури и на тоа што во многу држави успеале да го издејствуваат називот ,,Христијанска адвентистичка црква”.90 Но, иако имаат таква моќна организација, адвентистите во светот сепак не се претставуваат како една единствена целина, туку се расцепкани на разни секти. Во поранешна СФРЈ беа регистрирани неколку адвентистички ,,цркви”, и тоа: Христијанкса адвентистичка црква, Унија на реформното движење на адвентистите на седмиот ден, Црква Божја на седмиот ден и Црква Божја, која не ја признава Елена Вајт за пророчица. Од овој краток преглед на историјата на адвентизмот забележуваме чудна појава. Имено, во историјата на христијанството нема ниту една друга верска организација што стартувала со толку голем срам како оваа, а тоа е кога Христос пред целиот свет очигледно ја демантирал во нејзиниот основен и најглавен став – и тоа два пати! Па и покрај сето тоа, таа во светот постигнала поголеми успеси од која и да е друга верска организација! Како да се објасни овој парадокс? Вистинското објаснување може да го даде само Оној на кој Му се познати патиштата на Божјата промисла. За нашиот обичен човечки разум важи тоа што е несомнено според Библијата и според нашиот разум. Библијата и разумот, а и секојдневното искуство не` уверуваат дека во овој свет не постигнува успеси само Бог, туку и сатаната. Адвентистите учат дека папството е антихристот, но тоа сепак има повеќе успех од нив. Според зборовите на Библијата, пред крајот на светот и векот антихристот ќе постигне многу поголеми успеси отколку Црквата. Спасителот во една прилика го постави и следново прашање: ,,Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?” (Лука 18, 8). Второ, Библијата и разумот на човекот му велат дека Бога не можеме ниту да Го мамиме, ниту да Го лажеме. Според тоа, ,,ако пророкот говори од името на Господа, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот по своја гордост – и не бој се од него” (5. Мој 18, 22). Трето, историјата очигледно не` уверува дека Милер е основачот на адвентизмот. Тој зборувал ,,во името на Господа”, ,,врз основа на слобото Божјо”,(91) а неговото пророштво не е исполнето. И тоа два пати неисполнето!


    76 Ј. Г. Вајт, о.с. стр 328 77 Ib. стр. 329. 78 Paul Scheurlen, Die Sekien der Gegenwarl, S. 42. 79 Ј. Г. Вајт, о.с. стр. 330; M. Golubic, o.c. стр. 307 (ss 11) 80 Paul Scheurlen, o.c. стр. 43 81 Ј. Г. Вајт, о.с. стр.347. 76а М. Голубиќ, Историја Цркве, стр. 310 82 Paul Scheurlen, о.с. стр. 43. 83 Ib. стр. 44 84 Ј. Г. Вајт, Сведочанства за Цркву, превод Мирко Голубиќ, Београд 1959. стр.3 85 Јеромонах Дионисије, Адвентизам у светлости Православља,стр.9; Епископ Инокентије, Зашто хришчани празнују недељу а не суботу, стр. 8. 86 Ј. Г. Вајт, Сведочанства за Цркву, стр.3 и 4; М. Голубич, Историја Цркве, стр. 312-314. 87 Ј. Г. Вајт, о.с. стр.4 88 Paul Scheurlen, о.с. стр. 66-68. 89 Јеромонах Дионисије, наведеното дело, стр.11. 90 ,,Православни мисионар”, бр.6, 1980, стр.219. bodypresen