1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Христијанство, почит - непочит, неверство?

Дискусија во 'Религија' започната од ADOKI, 26 мај 2015.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е што има клон-теми за двеве вери. Работава, ич да не, ич да не, земи си атеист/ка, сигурно си е сигурно, може утре и за будизам ќе се расчуе нешто. :lol: Би постирала прекрасни извадоци за бракот, за должностите и за љубовта меѓу мажот и жената и од Библијата и од Куранот, ама насловите на двете теми прават да ми е иронично толку да се впуштам во цитирање и објаснување.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Не знам дали си неупатена или пак твојата пророчица нешто друго ти шепоти ( без навреда) но има СТАР и НОВ ЗАВЕТ. Мислам е дека јасно за што се зборува овде кај нас. Тоа што е пред Христа е пред него, но дојде тој и не научи на љубов и прошка.

    Што страни се овие агапи и нз кој?

     
    На <3 pleza4e <3, Rama и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    okcenzi без навреда ама јас немам мои пророчици ниту такви спомнав. Ти ли побара цитат пишувајќи го следново:

    Светото писмо го вклучува и Стариот и Новиот Завет.

    И како ти ги разбираш тогаш тие зборови од Стариот Завет? Дали тоа според тебе значи дека Исус го пониуштува кажаното преку Мојсеј? Во тој случај, згрешил ли Бог што такво нешто објавил преку Мојсеј? Или тоа воопшто не се божји зборови ниту пак се тоа зборови на Мојсие, туку сепак нечие мрачно шепотење од страна а во „Божје име„ со цел да се отклонуваат луѓето од Бога низ генерациите?

    Поентата ми е дека ние христијаните им замеруваме на муслиманите за насилните делови во книгата која тие ја сметаат за света, а самите си немаме изметено во сопствениот двор држејќи за света збирка на книги (зборот „Библија„ значи тоа во превод) која изобилува со крвопролевање и насилство.
     
    Последна измена: 31 мај 2015
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Треба ли да те потсетам каква жена падна пред нозете на Исус и тој и прости? Дали тој не кажа да го фрли првиот камен оној кој себе се смета за безгрешен? Ете ти одговор. На крајот Мојсеј беше за израелците, Исус за сите. МНОГУ БИТНА РАЗЛИКА.
     
    На tessie, Tanjamm, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Токму на таа разлика укажувам. Не можат и двајцата да се во право. Освен ако Мојсеј и Бог во Стариот завет се намерно прикажани во погрешна светлина (што верувам дека е случај) од страна на авторите на тнр. Мојсееви книги, а Исус пак преку постапката го рехабилитирал Мојсеј покажувајќи дека вистинските Божји пратеници не се залагале за насилство, ниту пак дека Бог барал ниту бара насилство.
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Безразлика , сепак дојдовме до битниот дел на темава, а тоа е дека Исус проповедаше се, освен насловот на темата.
    Останати прашања и дискусии во врска со горниот текст може да си ги продолжиме во соодветната тема. Оваа тема е празна и безпотребна.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јован 8:1-11
    Исус и простува неверство т.е прељуба на жена.Според законот на Мојсеј тие би требале да ја каменуваат но Исус им вели:Кој од вас е без грев нека го фрли првиот камен на неа! Toгаш тој ја ослободува и ја пушта да си оди без казна.
     
    На tessie и daylight им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    И си ја зема за жена Магдалена, заборави да кажеш! Јес да е офтопик работава ама целиот наслов на темава со вашиве мислења не се совпаѓаат.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не ја мешајте Библијата со „Кодот на да Винчи“. Какво женење со Магдалена, какви бакрачи...

    Јас мислам дека сето тоа што нам нѝ изгледа како повикување на непочит кон жената, всушност е длабоко изразената разлика меѓу мажот и жената, особено покорноста на жената, којашто претпоставувам би требало да биде компензација за нејзината целосна зависност од мажот. Замислете ги сите тие работи коишто се напишани во време и степен на цивилизација кога жената ниту со писменост, ниту со работа, приходи, право на наследство, право на што било, била тотално на милост и немилост на мажот. Како што децата се на милост и немилост на нивните родители се` додека не почнат самостојно да го постигнуваат она коешто дотогаш родителите го постигнале за нив. А зарем добрите деца не се послушни/покорни деца?
     
    Последна измена: 31 мај 2015
    На Minnie 1, Sky-butterfly и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Кај го пишува тоа? Сега во новиов век им текна да ви прават глупи документарни филмови за да ви го перат мозокот?
    Марија Магдалена некои ја сметаат за апостол над апостолите, а не за негова жена. Таа го продолжи неговото учење, а не неговиот род.
    Не вадете гнасни работи за најчистото нешто што чекореше по светов и што ни го подари царството небесно и што ни ги прости гревовите и што се жтрвуваше за нас.
     
    На Rama, faye, <3 pleza4e <3 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Отвори нова тема ако сакаш да постираме за животот на Исус кој ниту ни го подари он царството небесно туку татко му и гревовите не ни се простени,смрта ни е плата за гревовите наши со кои ке одиме после пред Божјиот суд.(така барем велат)
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Ти слободно отвори тема за Марија Магдалена, зошто оваа тема е за сосем друго.
    Ти си ја започна, јас само ти дообјаснив.

    КОЈ?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Објаснувањето не ти е исправно и бидејќи не сакав на долго да ти кажувам затоа ти предложив нова тема а за ликот на Марија Магдалена нешто посено не ми е занимлив.
     
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Мене не ми се занимливи муабети од личности кои не ја фатиле Библијата во раце, ама го изгледале кодот на да винчи и уште некој друг документарец, па единствено објаснување им е дека некои рекле така или вака.
     
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Книгата ја прочитав,точно,и филмот го гледав додека библијата на имам почнувано неколку пати и никогаш не сум ја дочитала асално и слободно ке ти кажам дека има многу контрадикторности.За Марија Магдалена има многу рзлични искази и пишанија,шпекулации а кои се вистинити неможеме да знаеме оти секое учење кажува различно на пр.римокатоличката црква кажува дека она е жена грежница и како најблиска до Исус можено е да му била жена....ако почнам сега со источна православна црква она е најславната света жена ,првиот сведок на воскреснувањето на Исус и......значи не е до книгата на Ден Браун,пред него има уште 5 книги од други писатели каде се спомнува како жена на Исус.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Работата е во тоа што за религиите треба да се учи најмногу од нивните свети книги. Затоа што, со самиот факт што многу често религијата била злоупотребувана за остварување на одредени цели, можеме да замислиме посебна книга за тоа што се може да содржи. Целосната вистина е кај Господ, но најважно е според мене, ние да извлечеме наши ставови од изворот којшто е најрелевантен, а другите писанија и филмови за религијата треба да се следат со резерва, затоа што тие се тие коишто предизвикуваат контрадикторност.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    @baba Rada пак забега од темата, а на другите ни кажуваш да си отвориме соодветни теми.
    Добро еве јас да те упатам тебе


    http://forum.femina.mk/threads/Дали-верувате-во-Господ.230/
    http://forum.femina.mk/threads/Православни-и-Католици.23802/
    http://forum.femina.mk/threads/После-смртта.894/
    http://forum.femina.mk/threads/Буквално-се-што-сакате-да-знаете-во-врска-со-религија.6828/
    http://forum.femina.mk/threads/Исус-Бог.15075/
    http://forum.femina.mk/threads/Библија.768/
    http://forum.femina.mk/threads/Нов-живот-во-Христа.5165/
    http://forum.femina.mk/threads/Цитати-од-Библијата.4868/
    http://forum.femina.mk/threads/Враќањето-на-Исус.18852/
    http://forum.femina.mk/threads/Зошто-страдаме-и-се-мачиме.5194/
    http://forum.femina.mk/threads/Десетте-заповеди.4851/

    а овие 3 теми мислам дека посебно ке те интересираат
    http://forum.femina.mk/threads/Да-се-биде-верник-или-не.13716/
    http://forum.femina.mk/threads/Божја-казна.2510/
    http://forum.femina.mk/threads/11-причини-да-бидеш-атеист.2492/


    Е сега ова нека ти биде како мал совет од мене

    Јас на пр во теми за готвење не се праам паметна, пошто јасно е дека не ме бива, ама за тоа ако имам прашање си прашувам и чекам некој поупатен да ми одговори. Тоа е. Никогаш во раце не сум фатила Готвар, ниту пак сум се заинтересирала за готвење, па за тоа не одам тамо да се расправам како мене некој нешто ми рекол да се стави во таа манџа или торта, се додека не фатам сама да зговтам
    Исто е мила со тебе. Фати ја библијата, размисли, препрочитај, барај одговор и најди, па дојди на темава да не просветлиш и нас. ;)

    Фала многу пријатно
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Признавам дека нема шанси да ја прочитам Библијата а и не верувам дека ти си ја прочитала од почеток до крај но ајде кажи ми каде грешам па да разврземе моабет.
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Секаде грешиш.
    Тоа што призна дека ја немаш прочитано е многу добро.
    Е сега јас и уште некоја на форумов како поупатени и поначитани ( и тоа по неколку пати и секогаш при потреба) Библија, ке ти дадеме одговори на секое твое прашање.
    Одбери тема и постави соодветно прашање, па ке ти одговориме. Оваа тема нека остане за тоа што е наменета, уствари благе везе нема темава.
    Но да те замолам нешто. Пред да почнеш со прашањата, бар потрудисе да прочиташ неколку страни назад ( било која тема за религија), зошто можеби веке е одговорено тоа што сакаш да го прашаш.

    И да верувај дека Библијата не се чита само еднаш или два пати, туку се чита секогаш кога ти е потребна.

    Еве не верувај за мене, ама верувај дека Теси го прави тоа. ;)




    @ADOKI Најде некаде некој цитат или доказ дека Исус проповедал непочит или насилство врз жена? Или ете неверство?
    Ајде уште чекам. Не е фер да отвориш тема и да пишеш само две реченици и после да те снема.
     
    Последна измена: 31 мај 2015
    На <3 pleza4e <3 и joy1 им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Пишав јас мила уште од поодамна и тоа пишав цели реферати, но поинтересно им е ова, па после се бунат кога ги матираш и така.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.