1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Христијанство, почит - непочит, неверство?

Дискусија во 'Религија' започната од ADOKI, 26 мај 2015.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Поентата ми е дека верата треба да нѝ помогне во потрагата по мирот, а не да оправдува бунт и недела. Токму затоа и не сакам да верувам дека која и да е од двеве има за цел да не шири мир и љубов.
    Инаку за Библијата, окцензи, ми ласка што сум оставила таков впечаток :$ , но не верувам дека ја имам прочитано цела, иако ѝ се навраќам често, мене ми годи таквата практика, наоѓам некоја смисла и спокојство. Не знам, затоа што ја немам читано на тој начин, од корица до корица.

    Никој не треба да се правда дека не ја прочитал цела и немојте поради тоа да сметате дека не може да дискутирате, затоа што поентата и не е да се прочита ко „Ана Каренина“ и за два дена да пишувате писмена на темата, туку барем јас си ја имам сфатено како книга на животот за оној којшто верува на којашто можеш колку пати сакаш да ѝ се навраќаш, во потрага по одговори коишто ти требаат. Дури во некои изданија, си има и поднаслови, кој дел е за семејството, кој дел е за чудата и тн, во рамките на самите глави од книгите ...
     
    На H.VAGA, faye, <3 pleza4e <3 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Теси токму така и се чита Библијата. Не е таа расказ или роман кој се чита од почеток до крај и се трга на страна, иако би било пожелно да си ја прочиташ еднаш цела чисто за да имаш една целосна слика како и кога се се одвивало. Библијата е ајде да кажам прирачник за цел живот и секогаш кога имаш потреба прво тука треба да се чепне.

    Малку оф топик отидов, ама па нема што друго да се каже на темава.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Сакам да речам дека ние на муслиманите им велиме отприлика: „видете што пишува во Куранот„ а истите тие работи повеќе или помалце ги има и во Библијата. Точно е дека поголемиот дел од тие неубави работи ги има во Стариот завет, меѓутоа и ден денеска повеќето христијански заедници (вклучувајќи ја тука МПЦ, римокатоличката црква и тн.) Стариот Завет го третираат како вистинска Божја објава за луѓето од тоа време. Да не збориме дека и во Новиот Завет има спорни моменти околу рамноправноста во писмата на Павле.

    Замислете ја болката и чувството на неправда на душата од жените од стариот завет што биле тепани или дури каменувани до смрт поради кршење на тогашниот „закон Божји„ - намерно го ставам во наводници, бидејќи тоа е сатански закон, никако Божји. И нејзината душа по некое време се сретнува со душата на грешницата од времето на Исус, која тој ја заштитил со зборовите „Кој е без грев прв нека фрли камен!„ (а бидејќи никој не е без грев, никој нема ни право да казнува и каменува). Што ќе има таа да и` каже на другата жена, особено што таа ќе има да му каже на Исус, и на Бога? Можеби: „Оваа ја ослободивте, а каде бевте неколку века порано мене да ме спасите?„. И нејзе ли црковните теолози ќе и одговорат со „Па знаеш тоа беше закон во стариот завет, Исус изгласал амандмани во Новиот завет...„

    За овие работи битно е да се размисли пред да се критикуваат муслиманите (и другите религии), бидејќи таквите насилни стихови - наводно божји заповеди во светите книги - влечат корен од времето на Стариот завет и тогашните искривени човечки представи за некое натприродно битие кое е склоно кон казнување. Исус од Назарет прави пресврт објаснувајќи им дека Бог, е нашиот Небесен Татко кој сите нè љуби и е милозлив.
    Додека христијанската теологија не се дистанцира и расчисти трајно со овие работи од Стариот завет, нема да има морално право да им замерува што и како прават другите, и што е најтрагично нема да може ниту да изнајде начин и биде инспирација на припадниците на другите религии масовно трајно да се променат кон позитивно.
     
    Последна измена: 1 јуни 2015
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Без навреда мила, ама ова е мешање баби и жаби. Велиш заедници и МПЦ, а мислиш на институции. Па заедница се и Јеховините сведоци и сеа ако тие нешто тропанат јас треба да се притерувам? Не е битно што некоја заедница мисли или пак кажува. Дали тебе некој те каменува? Ете ако се почитува стариот завет. Дали? Ете одговорот е што Исус го поништи тоа и дојде да ги плати нашите долгови.
    Јас не ги критикувам муслиманите, туку исламот. Тие се човечки суштества исто како мене и ако некоја не била муслиманка, можела да биде будист или хинду и немало да ми боде очи со текстови против мојата религија. Еднаш кажав и пак ке кажам: јас немам проблем со никој, се додека некој не започне прв, па тогаш му ги отварам очите ( покажувам местото). Чему оваа тема кога навистина нема што да се коментира?
    За последниот болд Мојсеј за Евреите- Исус за сите. Зошто ова не го разбираш????????? Не барам одговор.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Мојсеј не дошол само за евреите, туку исто како и Исус, за сите! Мојсеј ги примил Десетте заповеди (на пр. Не убивај!) кои важеле и важат за целото човештво. Проблемот е што на Мојсеј а со тоа и на Бога (бидејќи Мојсеј бил Божји пророк) им се ставаат во уста насилни зборови (тнр. „закони„) кои тие не ги објавиле, акои резултирале со насилство врз жената низ генерации и од истите зборови биле „инспирирани„ и поединци од други религии за да продолжат со таквата практика.
     
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Мојсеј е бил водачот на Израелците, избраниот Божји народ. Бог го избрал Израел за да се прослави преку него, Своето име и дела. Од самиот почеток (вечноста) додуша, Бог имал на ум и сите други, не само Израел.
    Стариот Завет е всушност јудаизам, Евреите се уште го живеат, а Новиот Завет се смета за Христијанство.

    Исус Христос дојде да го погази Законот, бидејќи ако Божјата волја беше да живееме според тој Закон, тогаш Исус немаше потреба да дојде. Тој дојде да го исполни Закон наместо нас-луѓе, бидејќи не постои ниеден човек кој би ја исполнил секоја заповед од Законот (Божјите заповеди), а бидејќи не може да го исполни, ќе живее под осуда. Исус тоа го направи за нас, живееше совршено, Богочовекот, го исполни Законот и го поништи. Затоа христијаните сега живеат според вера во Исус Христос, Спасителот, а не според Законот.
    Стариот Завет ни помага со своите пророштва и книги да разбереме и ја најдеме Божјата замисла од самиот почеток, најава за доаѓањето на Месијата и спасението на секој кој верува, не само Израел.
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас навистина не знам како да ти објаснам дека токму и само за нив дојде. Еве доволно просто напишано на википедиа


    Мојсеј (хебрејски: מֹשֶׁה, арапски: موسى) е легендарен еврејски ослободител, водач, создавач на закони, пророк и историчар. Син на Аврами неговата жена Јошабед.

    Живеал од прилика околу 13 и 18 век пред новата ера. Четириесет години живеел во Египет на дворецот на Фараонот; четириесет години живел како пастир во созерцание на Бога и на светот; а последните четириесет години го водел народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4 Мојсеева 20, 12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на Свети Василиј Велики, Мојсеј бил предобраз на Христос. Се јавил на гората Тавор при Преображението на Господ.

    Мојсеј е една од најважните личности во еврејската историја.Според еврејските свети книги, Мојсеј ги изнесел евреите од Египет. Негова најголема заслуга е создавањето на Десетте Божји заповеди, кој ги напишал на “табла“ дадена од Господ. Како пророк е признат од јудаизмот, христијанството и исламот.

    11 Еден ден, кога Мојсеј веќе беше пораснат, излезе кај своите браќа и виде колку е тешка нивната работа.+ Тогаш здогледа еден Египќанец, кој тепаше еден од неговите браќа Евреи.+12 И обѕрнувајќи се на сите страни, виде дека нема никој, па го уби Египќанецот и го скри во песокот.+

    13 Утредента кога излезе, затече двајца Евреи како се тепаат, па му рече на оној што немаше право: „Зошто го тепаш својот другар?“+ 14 А овој му возврати: „Кој те поставил тебе за кнез и за судија над нас?+ Мислиш ли да ме убиеш и мене како што го уби оној Египќанецот?“+ Тогаш Мојсеј се исплаши и рече: „Сигурно се дознало за тоа!“+

    15 Кога чу за ова, фараонот сакаше да го погуби Мојсеј.+ Но Мојсеј побегна+ откај фараонот и се насели во мадијамската земја.+ Доаѓајќи таму, седна крај еден бунар. 16 А мадијамскиот свештеник+ имаше седум ќерки, кои по својот обичај дојдоа да нацрпат вода и да ги наполнат поилата за да го напојат стадото на својот татко.+ 17 Но овчарите дојдоа како и обично и ги избркаа. Тогаш Мојсеј стана, ги одбрани и им го напои стадото.+ 18 Кога дојдоа дома кај татка си Рагуил,+ тој ги запраша: „Како толку бргу си дојдовте дома денес?“ 19 А тие одговорија: „Еден Египќанец+нѐ избави од рацете на овчарите и уште и вода ни нацрпи и го напои стадото“. 20 Тогаш тој им рече на своите ќерки: „Па каде е? Зошто сте го оставиле тој човек? Викнете го да јаде леб!“+ 21 И Мојсеј остана да живее кај тој човек, кој му ја даде својата ќерка Сепфора.+ 22 И таа роди син, а тој му го даде името Гирсом,*+ бидејќи, како што рече: „Дојденец сум во туѓа земја“.+

    23 По многу време умре египетскиот цар,+ но синовите на Израел сѐ уште воздивнуваа во ропство и офкаа.+ И нивните повици за избавување од ропството се креваа кон вистинскиот Бог.+ 24 И Бог го чу+ нивното офкање+ и се сети на својот сојуз со Авраам, Исак и Јаков.+ 25 И погледна Бог на синовите на Израел и го виде сето тоа.


    Читај и ова
    Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе Ме презира тој народ? До кога не ќе Ми верува и покрај сите знаци што ги извршив среде нив? Ќе ги удрам со помор и ќе ги истребам, а од тебе ќе направам народ поголем и посилен од него.” (Броеви 14:11-12)
     
    На tessie и shushu им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ете да речеме дека дошол само заради нив. Веруваш ли дека преку Мојсеј биле од Бога навистина објавени такви закони кои барале каменување на грешниците? (како што е опишано во тнр. Мојсееви книги од Стариот Завет)

    Ако да, значи ли тоа дека го оправдуваш каменувањето до смрт на грешните (или така обвинените од страна на тогашните луѓе) жени и девојки еврејки пред времето на Исус од Назарет?
    Зошто би објавувал Бог закони кои не можат да се исполнат? Доколку би било вистина тоа што го велиш, тогаш испаѓа дека Бог бил глуп и непромислен што објавил преку Мојсеј таков закон. По таа логика би испаднало дека Бог не е мудар и не е совршен.

    Но во реалноста Бог е совршен и не објавил закон кој бара каменување, сакатење и убивање каков што му се припишува во Стариот завет. Исус Христос дојде да го потврди тоа. Бог ги објавил Десетте Божји заповеди преку Мојсеј, а Исус Христос ги продлабочи преку проповедта на Гората и покажа дека сите луѓе можат и требаат да живеат според Божјите закони содржани во Десетте заповеди а не според сатанските закони кои бараат каменување и сл.
     
    Последна измена: 6 јуни 2015
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Еве и јас ќе кажам, има жени кои изневеруваат кај христијаните, а има и мажи кои ги тепаат своите жени затоа што се алкхоличари или непотребно љубоморни. Тој што е помирен и потолерантен го јаде стапот, било да е мажот или жената. Ретко гледам хармонични бракови, се поретко. Какви сме такви сме, не сме идеални ама ние си ги признаваме грешките. Тоа е .
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    А ни едно ни друго не е одобрено во христијанството. Темава е за христијанството, а не како и што прават тие што се декларирааат како такви. Арно ама нема такво нешто па за тоа темава и неможе да се коментира.
     
    На tessie и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    К
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Многу си во грешка!
    Како прво хармонични бракови и те како постојат, и постоеле отсекогаш. Не се воопшто ретки ниту пак стануваат се поретки.
    А како второ ретко кој човек си ги признава искрено грешките, нити си ги признаат нит па жалат по своите грешки.
    И не е воопшто решение да се каже "какви сме такви сме не сме идеални" е баш ова е загрижувачко што сите се помируваат со фактот дека се такви какви што се и воопшто не им е грижа ниту за грешките нити за нивно покајание.
    Многу е лесно да се помириш со ситуацијата но тешко е да се обидеш да не бидеш таков човек, секако дека не постои безгрешност, но бар малку усул треба да се има, што во денешницава е реткост.
     
    На eloves, Rama, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Општо мислев ние христијаните немаме проблем да признаеме дека меѓу нас има луѓе кои вршат прељуба, неморални се итн. За разлика од нас муслиманите од верски побуди ширум светот прават проблеми и пак пропагираат дека се за толеранција. Направи споредба што ќе се случи ако некој јавно запали Библија и Куран.
     
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^
    Значи ако некој што е христијанин врши прељуба е океј само бидејќи си признал?
     
    На Rose96, crimson, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm
    Точно дека прават проблеми секојдневно гледам кој хаос и ужас се случува во тешко мислиманските земји.
    Не сакам ни да коментирам бидејки е тешка и болна тема.
    Господ нека им е на помош, но не е во ред ниту пак најмалку верски да се однесуваат така.
    Пропагираат за бога а прават ужасни работи кои верата ни најмалку не ги подржува.
    Туку темава е за христијанство, и кој е верник ги почитува работите дадени од бога, но за жал се повеќе и повеќе одеме кон дното ние, човештвото кое воопшто не се плаши повеќе и нема страв од ништо, а моралните вредности ни висат под конец, чисто се чудам и плашам до кое дереџе ќе дојдеме.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    @vitamina токму поради тоа што прават работи што религијата ги забранува, тие не се верници.
    Не можеш да наречеш некого припадник на некоја религија, ако не се придржува до истата.
     
    На eloves, Rose96, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    @Sanjichka007
    Тоа ми беше и поентата на двата поста!
    Само што горенаведената членка сакаше да каже дека христијаните не креваат голема забуна за вакви работи и се опуштени да признаат било што пред народот и верата.
    А додека кај муслиманите не е така тие не признаваат бидејки ги очекуваат големи предрасуди и фатални судбини.
    Што не се сложувам со тоа никако, бидејки јас сум верник и не ги оправдувам христијаните никако за горенаведените поими како неверство непочит итн...
    Сепак општиот заклучок генерално ми е дека човекот станува се понечовечен било од која вера традиција религија и да е!
     
    На Tanjamm и Rama им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.251
    Тоа е . Не ни е проблем да кажеме дека не сме светци. Од друга страна муслиманите тврдат дека ние сме неморални, а во мојот град има многу муслимани кои одат во хотелчиња, мотелчиња со млади девојки , иако дома имаат жена со 2-3 деца, па може и повеќе, Жената мора да седи дома, не смее да писне, да носи мантил за да не предизвикува да ја гледаат нели, објаснувањето нивно, а тој спие со туѓи жени или девојки најчесто за пари. Полицијата редовно фаќа танчерки и проститутки во локали на муслимани во Западна Македонија. Искривени вредности се тоа. Нема ниту една работа заради која би кажала дека исламот е добар, а имам илјада пофални зборови за католиците, за нивните преубави цркви, за спокојот, мирот внатре, за тоа како им помагаат на посиромашните, за колку се културни нивните попови, колку љубезно ги дочекуваат луѓето, како црквите изгледаат внатре, колку ес е на ниво. А што да кажам за џамиите кои со своите гласни молитви тероризираат се околу себе?
     
  19. ar.ik

    ar.ik Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Кога ти би прочитала малку за исламот не би трчала "како прле пред магаре", и како тоа мислиш џамиите тероризират со молитва? Размисли пред нешто да напишеш, ако те тероризираат џамиите со молитва тогаш и црквите те теророзираат исто така со камбаните. Своите фрустрации спрема исла
     
  20. ar.ik

    ar.ik Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    мот лечи ги на друго место немора тука да лупаш глупости.
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.