Кој мислите дека треба да биде претседател на партијата, дали Груевски треба да даде оставка? Кој според вас би бил идеален кандидат да го преземе водството?
Амди Бајрам Сериозно грујо треба да замине не само од партијата туку доживотно да не се појавува во политиката ! Мизерија невидена е! А што се однесува за нов лидер , достоен за лидер е Никола Поповски (и по никола, никола) А мицковски ке го изберат бидејки тој е марионетата на грујо и целосно ке се распадне таа партија. Мицковски од 2010 дошол во вмро од либералите и му бил асистент на татко му на факултет човеков нема никаква харизма , директно аутсајдер ке биде на избори
За партијата да можи да се накрени Грујо требаше со време да си даде оставка. Ама никогаш не е доцна за некои работи.
Најидеални за таа позиција во моментов се според мене Антонио Милошоски и Никола Попоски. Но, со оглед на тоа дека Антонио е марионета на Никола Груевски ( за разлика од Попоски кои има според мене сопствен став и сопствено мислење) мојот избор паѓа на Попоски. Има знаење, речник и згора на тоа има однос на прав европски политичар. И Милошоски има речник не велам не, ама не ми се допаѓа тоа што нема сопствен став и сопствено мислење.
Сметам дека без разлика на сите монтировки врз Грујо и бомби кои не се докажани дека нештото се случило.Грујо беше најуспешниот Премиер и лидер на партија кој тоа го докажа во многу наврати.Но исто така сметам дека секој почеток има и свој крај па така и многу поголеми лидери во многу поголеми цивилизации, биле, дошле и заминале, па така и кај нас.Иако Груевски има прилично голема подршка кај членовите на Вмро , но сметам тој е свесен дека со негово останување на чело на партија не носи добра на партијата па оттука знам дека ќе се повлече од лидерската позиција.Но не би требало да се дистанцира целосно од партијата и политиката , бидејќи има многу познавања во областа на економијата, па мислам дека доста би помогнал на тоа поле. А за тоа кој ќе биде нов лидер нека изберат членовите на ЦК и ИК како највисоки тела на партијата.Иако сметам дека лидерот треба да биде со харизма а од некои лица кои се во игра харизмата ја има Поповски или евентуално Ѓорчев кој според меене немаат барем засега некаква лоша позадина, а можат да ја воздигнат повторно партијата на здрави нозе се разбира сите да бидат сплотени..
Сметам дека идеално би било Ѓорчев да биде новиот претседател на партијата, ама тој нема да се кандидира, барем така знам. Од овие другиве што веќе е познато дека ќе бидат кандидирани, Филип и Антонио ми се малку несоодветни за таква позиција. А кога ќе го избираат новиот претседател?
Што се случи? Дали е прифатена оставката на Грујевски? По што на телма гледав дека е прифатена а тука на форум дека е одбиена што е точно? Кој знае нека постира ...
Од минатото се гледа дека Вмро може брзо да се реформира и повторно да дојде на власт. Во 2002 година по катастрофалниот пораз Љубчо си поднесе оставка и за кратко време партијата целосно се реформираше и ги привлече симпатиите на луѓето. Да не се чудиме и овој пат ако се случи истото, затоа што Вмро не е како Сдмс да губат 10 избори по ред и ништо да не превземаат внатре во партијата... само што сега малку е по комплицирана ситуацијата ама тоа е друга тема Мој фаворит е Христијан Мицкоски, професор на Машински, страшен математичар и логичар со сенс за политичките случувања. Дополнително тој не е буквално за ништо компримитиран https://www.instagram.com/p/BcWjfm1nDNb/?taken-by=mickoski_hm_hristijan
До вчера појма немавте кој е Мицковски а сега тој фаворит, хмм Затоа што му е милениче на Грујчо? Ми нема харизма човекот, невпечатлив е. Милошоски, Ѓорчев... немаат капацитет. Филип Петровски-сончоглед. Иди ми-дојди ми вмровец. Реално, Груевски успеа да го уништи потенцијалот на партијата. Оние крлежите околу него не дозволија да пркнат луѓето од пониските ешалони кои имаат потенцијал, веројатно свесни за својата неспособност. Шанса да се оправи партијата има само ако се стави за лидер некој неинкриминиран кој не е под влијание на Груевски. Можеби некој од старото јадро, автентичен вмровец. Засега, ниту еден од имињава кои се вртат ми нема потенцијал. Овојпат, толку. Пак ќе искоментирам кога ќе има официјални кандидати. @mr.mojo rising , друг пат кога цитираш некого, наведи кого, не туку претставувај туѓи изјави како свои. By the way, било кој да дојде, може да го растури Заев,а ? Само Грујо не можеше
Никого не цитирам напишав што ми дојде како идеа. Кажи ми чија е таа “оргинална“ изјава што на неа се сетивме двајца.
Христијан Мицковски. Грујо заврши со својата политичка кариера, порано или подоцна ќе се увериш и самиот.
Прв пат го гледам Христиан Мицковски на оваа тема. Ако мислиш дека многу се замарам и зависам од партиите ги пратам на социјалните мрежи, се лажеш. Знам само она што се гледа од сателит, Заеб ја уништува и албанизира државата. До наредните избори и Грујо ќе може пак да го растури, само продолжете со добрата работа.
Јас не сакав оставка да си даде Груевски, за мене само он беше вистински лидер на ВМРО. Сега мој фаворит за нов претседател нa ВМРO е Филип Петровски Учествувaше вo вoениoт кoнфликт, секoгaш е нa брaникoт нa држaвaтa, интелектуaлец и докажен патриот.
Милошоски има евро-бирократска фаца, може да пројде како премиер. А претендент за власт кој би можел да ја оправи оваа држава и оваа раја - само вонземјанин (оти на странски губернатор не би му било гајле). Освен надеж дека вонземјани постојат, не ви останува друго.