Здраво на сите! Нова сум на форумов па ако ја имам ставено темава на погрешно место или веќе има иста поправете ме. Со сопругот веќе три ипол години се обидуваме за да добиеме дете и првата година беше оставена така опуштена без било какви прегледи и притисоци, откако помина цела година започнавме со сите можни прегледи за жена и спермограм за мажот каде што не најдоа никаков проблем освен во спермограмот кај сопругот делот што е за леукоцити и еритроцити беше со по две ++ и мојот гинеколог кога ги гледаше резултатите ни рече супер е се, за плусчињава направете една уринокултура ако е чиста што беше во нашиов случај као немате гајле, ништо страшно не е тоа. Од ова негово мислење јас не ни помислив дека зад тие плусчиња стои голем проблем бидејќи спермокултурата и уринокултурата беа скроз чисти. Така си поминаа уште две години за на крај почнам сама да истражувам и буквално УЧАМ и да стигнам до дијагнозата на маж ми. Откако сфатив дека тоа не е воопшто безазлено и дека може да стои проблем за плодност во тие ++ отидовме на уролог каде што беше целосно прегледан и му беше дијагностицирано Хроничен епидидимитис и тешка дисбиоза. Следен чекор беше терапија ( НИТРОФУРАНТИОН 40 антибиотици) + Уро ваксом + 6-7 суплементи за подобрување на спермата. После испиените антибиотици одиме на контрола да направиме Андрофлор тест кога што да видам ТОЈ ПОЛОШ ОД ПРВИОТ ТЕСТ ТОТАЛНО УТНАТА ТЕРАПИЈА СО АНТИБИОТИЦИ. Дадена му била терапија за воспаление и инфекции во мочниот меур кој што се активни а не за неговиот случај плус без направен АНТИБИОГРАМ кој што е нужен за давање на оваа терапија. Не можам да го опишам чувството на шок и болка кога ги видов новите резултати на толку трчање, труд и надеж впрочем најпрво за сопругот кој што испил 40 антибиотици кои што не биле воопшто за него.. А не напоменав за урологов прогласен за еден од најуспешните во Македонија, постар човек со сериозен стаж. Одиме со новите резултати каде што старите бактерии се покачиле и плус имаме 3-4 НОВИ! ( Не станува збор за СПИ туку анаеробни бактерии) и човеков во чудење како не делувала неговата ПОГРЕШНА терапија а јас во меѓувреме тие 40 ден се едуцирав на макс значи комотно можев испит да положам на темава и да не навлагам во детали со медицински изрази почнувам да го решетам докторов со прашања на кои не знаеше што да ми одговори бидејќи ако ми одговореше ќе потврдеше дека утнал цела терапија и ми вика “ А ти од кај волку си навлезена во ова ако толку се разбираш зашо сама не си го лечиш” МОЛАМ?! И му предложи на маж ми повторно без антибиограм да го ставел цела недела на инфузија со два различни антибиотици Значи без никаква проверка дали тој човек смее да биде на толку јаки антибиотици и инфузии. Си искочивме со сопругот и повеќе не се појавивме таму. Ме интересира дали имал некој до сега проблем со хроничен епидидимитис и тешка дисбиоза и како го решил? Извинете за долгава порака но многу сум изреволтирана и ова беше во кратки црти да ви доловам што се случува во нашево здравство.