1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хроно исхрана - дневно мени и слики

Дискусија во 'Диети' започната од rokiroksana, 24 септември 2013.

  1. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    93
    Хронобиологијата се бави со феноменот за тоа како човечкиот организам функционира во различните периоди од денот, кога поединечна храна може да се искористи и во кое време одредени намирници не се пожелни.
    Во утринските часови се лачи хормонот кортизол кој не’ буди, додека неговата концентрација опаѓа во вечерните часови кога почнуваат несвесните физиолошки процеси на регенерација. Клетките навечер се „изморени“ и тогаш почнува да се лачи хормонот за сон, па во тој период на телото најмногу му одговара храна со „брзи“ шеќери. Намирниците кои ги јадеме за време на ноќта се претвораат во маснотии.

    Три оброци дневно

    Неправилната исхрана, прескокнувањето на главниот оброк и меѓуоброците со „индустриска“ храна често преполна со шеќер, кој е главен катализатор за лачењето инсулин, се главните виновници за вишокот килограми и нарушено здравје. Помеѓу трите главни оброци треба да избегнувате секаков вид на грицки и газирани сокови.

    Дури 70 отсто од дневните потреби треба да ги внесете за време на доручекот. Не е неопходно потполно да се одвикнете од омилената храна, но високо калоричен оброк може да биде само доручекот. Јадете доручек до 11 часот за да го стимулирате биолошкиот ритам на телото.

    Слободно наполнете ја вашата чинија со пециво, јајца, шунка, мармалад или поточно, можете да ги внесете сите видови на јаглени хидрати бидејќи на организмот за почетокот на еден напорен ден, му е потребна голема количина на енергија. Во утринските часови телото најлесно топи масни наслаги и ако го прескокнете овој оброк, телото ќе го протолкува тоа како аларм, па поради тоа ќе ги чува мастите наместо да ги топи.
    Ручајте околу 14 часот. Внесете најмногу белковини бидејќи тие се варат побавно и подолго ќе бидете сити. Значи, за ручекот хронобиолозите препорачуваат месо, млеко и млечни производи и нормално – многу зеленчук.
    Вечерајте пред 20 часот, пред се’ белковини (најдобро риба) и зеленчук, никако немојте да комбинирате јаглени хидрати со белковини. Комбинацијата на овие два вида намирници (на пример компир и месо) ќе го оптоварат желудникот, па тој ќе мора да „работи“ до утрото наместо да одмора.
    Исто така може и ужина од 17-19 да се јаде овошје ,благо.


    Дали можеби некој има искуство со овој начин на исхрана и кое е вашето мислење

    Дополнето од модератор:

    https://hronorecepti.mk Саjт за идеи и се што Ве интересира за хроно.
    Пожелно е ако испробате некоj рецепт и да споделите импресии.
     
    Последна измена од модератор: 9 мај 2018
    На ray-man, LollySky, tea20 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Се ближи првиот роденден на синот и решив да го применам овој начин на исхрана, за да го отстранам вишокот килограми што ги ќарив во бременоста.Само да надополнам дека се препорачува строго избегнување на кравјото млеко и јогуртот, бидејќи човечкиот организам не може во потполност да ги свари овие намирници.Наместо нив, се препорачува конзумирање на кисело млеко или сирење.
    Исто така се препорачува и избегнување на овошјето, а наместо него за ужинка се препорачува, околу 30 грама маслинки или ореви или темно чоколадо. Најубаво оброците секој ден да бидат во исто време, а помеѓу нив-нема грицкање.Најубава временска разлика помеѓу оброците е 4 часа, појадокот е задолжителен и никако не смее да се прескокнува, додека вечерата треба да се јаде најмалку 2 часа пред спиење, а доколку се чувствувате сити, не е лошо истата и да се прескокне.
    Се на се, појадувате како крал, а вечерајте како сиромав.
    Почнувам од утре, па ќе видиме каков ќе биде крајниот исход.
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    653
    Ти посакувам успех и да дојдеш до саканата тежина :hai:
    Ај ако не ти е тешко пиши малку пообемно за Хроно,што се јаде а што не,кога што може да се јаде во кој период од денот и сл.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Основното правило кое треба да се запомни е: јаглехидратите и протеините, освен кога во прашање е доручек, не се јадат во ист оброк. Еве ги и останатите информации за овој тип на исхрана:
    За доручек: Јадете животински масти и интегрални житарици (интегрален леб, интегрален ориз и сл.) Нашето тело кога ќе се разбудиме,лачи доволно ензими кои ги разградуваат мастите и протеините, па доручекот може да биде богат оброк со леб, маргарин, јајца, колбаси, шунка и сирење. Обилен и богат доручек овозможува помалку глад во тек на целиот ден. Се е допуштено освен шеќер и овошје, бидејќи премногу брзо се разградуваат.
    За ручек: Јадете протеини (животински или други) и некој зеленчук (на пареа или во форма на салата)
    Попладневна ужина: Јадете мала количина на растителни масти: маслинки, ореви, путер од кикирики, мед или 30 гр. црно чоколадо.
    Вечера: Ова треба да биде најлесниот оброк во текот на денот кој вклучува риба, посно месо (бело месо од пиле) и зелечук. Доколку сте сити од претходните оброци, вечерата може и да се прескокне.
    Избегнувајте хаглехидрати навечер-споро се варат и имаат тенденција да се претворат во сало.
    На едно место прочитав дека и доматите не треба да се јадат навечер.
    Се пие големо количество вода во тек на денот, од 2 до 4 литри.
    Растојанието помеѓу оброците најповолно е да е на 4 часа, а последниот оброк треба да биде најмалку 2 часа пред спиење.
    Доручекот е задолжителен, а помеѓу оброците не смее ништо да се грицка.
    Леб, тестенини и скробен зеленчук (компир) се јаде најдоцна до 15 часот.
    Останатото го напоменав во погорниот текст.
    Најдобро би било, оброците секој ден да бидат во исто време. Пример, доручек во 9ч., ручек во 14ч. и вечера во 18ч.Темпирајте си ги вие според ваш терк.
    Информации за ваквиот начин на исхрана има и на Википедија.
    Истражувајќи по нетов, прочитав различни искуства, сите позитивни и прочитав дека истражувањата покажале дека ваквиот начин на исхрана е здрав,без несакани последици по здравјето и изгубените килограми не се враќаат, па дури и дека го намалува во целост целулитот.
    Вреди да се проба, немам што да изгубам, освен килограмите :D
     
    На CarrieBradshow, fallenangel, betidule и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Геа,и јас неодамна го истражував овој режим на исхрана и морам да признаам дека ми фати око :D
    Д-р Ана Гифинг има Центар за Хроно Исхрана во Србија и тој се наоѓа во склоп на Нутритивниот Центар на др.Николиќ кој има навистина современа апаратура за скенирање на количината на масното ткиво во организмот,скенирање на минералниот состав на коскениот систем,развиеност и тежина на мускулна маса,вкупна интерцелуларна и екстрацелуларна течност,баланс и симетричност на телесната конструкција и еден куп други параметри кои одлично одредуваат погодниот режим на исхрана за една индивидуа.
    Исто така хроно исхраната е базирана на тестовите за интолеранција на храна,кои увидуваат која намирница е полесно дигестирана,а која потешко.

    За храната што се конзумира потполно се согласувам,дури сметам дека месото не ни е воопшто потребно бидејќи има протеини од растително потекло кои можат да се комбинираат едни со други и да бидат негова замена.
    Исто така се согласувам дека нема потреба од конзумација на чисто млеко,ако веќе се конзумира млечни производи,подобро јогурт и сирење.
    Јаглехидратите и протеините одамна не ги комбинирам заедно,и се забележува разлика,поубаво се вари храната,нема подуеност,башка слабеењето.
    Овошјето треба да биде застапено,и според мене најдобро е да се јаде на празен стомак,еден час пред оброкот,погодно пред ручек како ужина,како и пред вечерата.

    Овие т.н. правила не се воопшто тешки,треба само да се запазува времето на конзумација на одреден вид храна за таа да може да се дигестира максимално.
     
    На betidule и Gea им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Ке почнам и јас да го применувам. Морам да прекинам со лошава навика за прескокнување доручек и прејадување за ручек.
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Вчера ми беше првиот ден.
    9.00 ч.-За појадок ставив на тостер две тенки кришки интегрален леб од „Жито Лукс“ и парче сирење.
    15.00 ч.-За ручек пилешко месо и салата од зелка.
    19.00 ч.-За вечера туна и зелка салата.
    Испив негде околу 2 литри вода, едвај. Има денови кога ненамерно пијам и по повеќе литри вода,ама сега кога знaм дека морам да испијам толку, тешко ми иде. Некако се радувам на помислата дека можеби за неколку месеци ќе ги облечам старите фармерки. And the show must go on!
     
    На CarrieBradshow, betidule, macence4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Овој начин на исхрана сварно има ефекти јас го применувам еве веке 7 месеци и влегувам во алистата од порано и да ви кажам дека не се придржувам бас строго како што е напишано јас првин пијам кафе и тоа со шекер, па после доручкувам и тоа обилно јадам црн леб не го тостирам ,за ручек јадам обавезно манџа, со пуно салата без леб ,а за вечера зимно време се убив од марула со сирење,а сега летово таратур,шопска,некогаш и макарони си варам така само со сол и да ви кажам стварно има ефекти само да не се герицка ништо мегу оброци,а да и за узината ако сакате да симнете кг.не јадете узина барем 3 недели ,јас не јадев,а сега кога како ако сум се наручала добро неми се ни јаде узина,а ако не си јадам и сладолед,цоколадо колачи,и тоа накај седум саат и после не ми се ни вецера
    Еве еден рецепт за узина и после него нема да ви се јаде т.е вецера
    две јабуки ке ги изрендате,
    ке сомелете по две кафени лазици ленено семе,семки од сончоглед,од тиква
    ке ставите една лажица мед ,јас некогаш цедам лимон или помаранџа мозе и цимет да ставите абе прсти да изедете мммм ми се пријаде :)
    срекно
     
    На CarrieBradshow и betidule им се допаѓа ова.
  9. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Сум читала доста за оваа диета и планирам да ја почнам. Звучи поздраво од сите други диети кои на овој или оној начин вклучуваат изгладнување и откажување на одредени видови храна.
    Предност е тоа што може да се конзумира секаква храна во текот на денот, не се чуствува глад и секако предност е тоа што килограмите лесно се намалуваат (особено доколку истовремено имате и физичка активност во текот на диетата) но маана е тоа што, како и кај останатите диети, килограмите брзо се враќаат по прекинот на диетата.
    Наидов на различни искуства во врска со ова, кај некои килограмите се враќаат и дупло а кај некои се одржува таа идеална тежина и понатаму по прекинот на диетата. Мислам дека се зависи од тоа како ќе го продолжите понатамошниот режим на исхрана, а и според мене некако е и логично после месец дена придржување кон диетава, самиот организам да се навикне на тој режим а и со редовна физичка активност (макар и два пати неделно) не верувам дека толку брзо се враќа старата тежина... освен ако не јадам по две милки за вечера. :lol:
    Како и да е, вреди да се проба, како што кажа Геа нема што да се изгуби освен килограмите. :)
     
  10. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Зачленета сум и во двете групи на фб,лугето како луди слабеат од оваа исхрана јаа не јадам риба и не сум љубител на месо и не ми одговара за вечера зеленчукот се препорачува бел и зелен а лебот сами си го печатбез квасец
     
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Само да споделам искуство. Денеска ми е 8 ден како го применувам овој начин на исхрана. Резултатите фантастични, не можам да им поверувам на очите, -6 см во грб и струк и -4 см во кукови. :ninja:
    Добив уште поголема мотивација.
     
    На CarrieBradshow, arodoet20, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Јас од понеделников се фрлив на овој начин на исхрана ,немам некои посебни килограми за симнување некои 2-3 колку за пред одмор во септември ( жените никогаш не се доволно слаби и доволно богати :D :D :D ) и пред се да стекнам некоја поздрава навика во исхраната- затоа што јас сум од оние што стандард го избегнуваат појадокот.
     
  13. maleckomoe

    maleckomoe Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Gea... bravo za tebe !!!

    te molam pisi mi sto sve jades i kako ti e vremenski rasporedeno (konkretno)
    ne mi e jasno vo koj termin mozam da jadam kiselo mleko ili sirenje (jogurt kolku sto razbrav nesmee.
    pozdravce
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Изминативе 8 дена, се трудев појадокот да ми биде околу 8 ч., со плус/минус половина час. Обично за појадок јадев 2 кришки интегрален леб, намачкани со маргарин и парче сирење. Ручекот ми беше околу 15 ч., најчесто протеински од типот пилешки стек, риба или печурки, во комбинација со салата од зелка/ краставица/свежо цвекло/моркови/марула, зависи кога што имам на лагер. Ужинката ја прескокнував, бидејќи таа се јаде од 16-17 ч., а јас се чувствував сита, а за вечера или ја прескокнував или јадев бел или зелен зеленчук ( не се препорачува друга боја). Пиев по најмалку 2 литри вода.
    Има групи на фб за хроно исхрана, каде секојдневно разменуваат рецепти и искуства. Таму има доста поопширно околу дневните мениа и идеи за подготовка на оброци. Значи како што наведов во претходните постови,да не се повторувам, јогурт и кравјо млеко НЕ, наместо нив - кисело млеко и сирење.
     
    На Eli23 и Marmalade им се допаѓа ова.
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ne me karajte za latinicava od mob sum nemam net doma :) Tuku nakratko i jas pocnav so ishranava od vcera so mali greski ama ke gi popravam so tek na vreme :) Imam edno prashanje sega, denes majka mi napravila pleskavici a ima i lekja od vcera ostanato pa me interesira sto bi bilo podobro da jadam za ruchek a sto za vecera, da ne jadam edno isto?
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    И конечно денеска се измерив. 11 ден, а јас -4 кг. Е кога би само можело да продолжи вака. :angel:
     
    На Marmalade, macence4, zeka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    А зошто не смее јогурт ,а смее кисело млеко?
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Затоа што кравјото млеко и јогуртот не може нашиот организам во целост да ги преработи. (така прочитав кога истражував за овој тип на исхрана)
     
  19. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Браво Геа :clap:
    А вежбаш ли?
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    ^
    Имам мало бебе што проодува, така што вежбам цел ден, носејќи го во раце и трчајќи по него. :lol:
    Таа физичка активност е постојана и да ти кажам право, пробав да одам на аеробик и зумба комбинирано, ама од премореност не можам да издржам. Во претходните постови мислам дека споменав дека имам хипотиреоза, што малку ја отежнува работата. Не би било се толку тешко, кога би имала постојан сон цела ноќ, но со оглед на тоа дека бебето често се буди во текот на ноќта, ненаспиена сум константно, а преморот одзема доста енергија. Е сега, не очекував дека ваков резултат ќе имам од овој начин на исхрана, па ќе морам да правам некои вежби за затегнување.
    Само да напоменам дека строго се придржувам до овој режим, без отстапки, меѓутоа ужината и вечерата редовно ги прескокнувам. Некогаш се чувствувам презаситено од ручекот и потоа немам потреба за храна, а некогаш јадам само свежа краставица за вечера, најмалку два часа пред спиење.
     
    На Marossa, zeka и Blanca им се допаѓа ова.